- Член од
- 30 август 2012
- Мислења
- 3.294
- Поени од реакции
- 5.495
Да да , се е точно и мислам дека на Бојан ќе напрат пари а Пелистер со прстот во уста.Работнички е менаџерската мафија во македонскиот фудбал. Менаџерите врзани со репрезентацијата, го водат и Работнички. Во Работнички имаат договори според кои во секој момент може да си одат. Парите си ги делат меѓусебно, клубот не добива ништо. Клубот е само играчка за правење трансфери на млади таленти и заработка од нив. Од перспектива на играчите, најголема отскочна даска за трансфер во странство. Е сега, последниве години издигнувањето на албанските клубови им ги помати сметките и не играат во Европа, а со тоа имаат помалку натпревари за промоција на играчите, ама и покрај тоа добро им оди.
Бојан е еден од најперспективните млади играчи , мада не е поќе ни толку млад , сега е 21 година.
Мислам дека наредна 1-2 години ќе го форсираат оти на него под рака многу убави пари можат да заработат., а и реално детето има квалитет за многу поќе од нашата отепана лига .
Но како и да не не смееше да го пуштат , ама очигледно нашите уште појма немат како да заработат од играчи , а се шо треба да напрат е да учат од вашите грешки.
Овие работнички се отепани со никаква инфраструктура , ни има кај да тренират , ама се уште се број еден за овај бизнис .
Е до толку се неписмени другите клубови со 100 пати подобра инфраструктура од нив.