- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.567
- Поени од реакции
- 5.612
Мислам дека во овој случај, доколку не дај боже има нешто тоа не би било строго заради економските последици. Иако и економијата ќе биде многу погодена пред се заради Коронава.Вајмарска Германија, особено големите градови и најпосебно Берлин биле центар на европската декаденција во 1920-те. Знаеме што се случи на изборите во 1932.
Иако има пораст на крајна десница по Европа, не верувам да се повтори такво сценарио, освен ако декадентната фаза започне сериозно да влијае на економијата, којзнае.
Мислам дека разликите којшто САД ги промовира и поддржува највеќе можат да ја пукнат тиквата. Пред се западна европа е полна со мигранти, и еве во последниве години гледаме се почести терористички напади, силувања и зголемување на криминал. Тука имаме едно буре барут. Самите разлики во културата на народите што ја делат територијата не се мали.
Од другата страна ги имаме европјаните којшто се стари и горди народи, со огромна култура и крвава, тешка и богата историја. Таа култура и тоа општество, тие вредности што ги имаме денес се долг период градени чекор по чекор, со крф „платени“. Не верувам дека европските народи би дозволиле некој да дојде и да ги смени општествените норми за 180 степени, некој од страна да дојде како малцинство и да пробува да наметне своја идеологија, да им ја смени културата и буквално да го тероризира мнозинството. Пред се и самите религии тука сигурно би се вмешале доколку дојде „ножот до коска“. А јасно ни е на сите и Христијанството и Исламот колку се моќни и ден денес. Не верувам дека пред се и самата Црква би дозволила некој да уринира по се тоа што го правела и градела во изминатите 2000 години.
Во европа барем има повеќе чашки и сите малце по малце се полнат. Прашање на време е која прва ќе претече и каков домино ефект ќе има тоа во светот.
Државите со мнозинство Исламско население сеуште се во почетна фаза на ваквото „перење на мозок“. Но кај нив пред се религијата има преголема улога во самиот начин на живот и колективно се трудат да не поминува ваков тип на пропаганда.
Мислам дека во Европа што и да се случува тоа ќе почне со доаѓање на неколку конзервативни влади на власт. Со поделба на народот и прво со граѓански немири којшто ќе можат да прераснат во нешто повеќе доколку „некој“ од страна додаде бензин на огнот. Со оглед на корона кризава и се понестабилната економска состојба и сите останати последици, пред се и намалената доверба на самиот народ низ државите, лично не би ме чудело ништо.
Но не очекувам во брзо време, мислам дека сеуште чашата не е преполна. Сепак за некој работи имаме толку долго, толку добро перење на мозок што ќе треба троа повеќе време да помине дур да каже некој „доста е“. Но штом почнаа повторно да се јавуваат националистички, фашистички, патриотски движења заради револтот кон цела таа СЏВ машинерија и сите пропаганди каде што мнозинството се загрозува заради малцинството, дефинитивно не е на арно тргната работата. Дали 2 или 20 години сепак е на повидок нешто.
Мислам и дека Trailer имавме со самите БЛМ протести во САД, се виде за какви луѓе станува збор, за каква машинерија. Тоа ако се пресели асално во Европа ќе биде доста интересно.
Нормално се надевам дека грешам