Дали си спасен?!

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Воопшто не е проблемот да ти посочам линк, десет години ја верглаш истата премиса за неспособен Бог..., плитко мислејќи со тоа ќе Го дерогираш, во тоа ти е инфантилноста...., работата е да бидеш искрен пред се кон себе па и кон нас овде...
Ѕирни на пр. во подфорум меѓурелигиска дискусија па врати се освежен за нешто ново.:)
Се додека постојат луѓе како тебе што мислат дека ќе успеат да ги победат фактите со упорно игнорирање, јас ќе ги верглам, не уште десет години, туку дур сум жив. Не може да ја смениш вистината, колку и да ја игнорираш, и милион пати да излажеш, вистината пак ќе излезе на површина!
Ако не е проблем да посочиш линк, зошто не го посочиш? Ајде, дај да видиме каде е одговорено.
 
Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Релативизираш, Исус е конкретна историска личност Кој отворено се престави како Бог и делуваше и делува како Бог...
За тебе е бог за друг е само човек. Не мора да биде историска личност, доволно му е на некој што верува во тоа за да му даде мир. На некој може и розеви еднорози му даваат мир.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Се додека постојат луѓе како тебе што мислат дека ќе успеат да ги победат фактите со упорно игнорирање, јас ќе ги верглам, не уште десет години, туку дур сум жив. Не може да ја смениш вистината, колку и да ја игнорираш, и милион пати да излажеш, вистината пак ќе излезе на површина!
Ако не е проблем да посочиш линк, зошто не го посочиш? Ајде, дај да видиме каде е одговорено.
Имаш проблем на извртување на вистината на другиот со твоите т.н. факти, верзии на субјективно поимање на нешто што не ти е автентично и компетентно знаење, сум се обидел повеќе пати да ти објаснам какво е Христијанското учење автентично, бидејќи го живеам, а и стручно бидејќи сум теолошки образован и зборувам отворено и компетентно, но, ти упорно остануваш да ја промовираш твојата верзија за Христијанство како релевантна..., затоа си некултурен и безобразен. Можеш ли ова да го разбереш?!

Јас како Христијанин моето спасение го гледам во Христос како Личност, Кој ме повикува на заеднички, вечен живот преку мојата личност, слободно да одговорам на таа можност да станам бог по благодат(она за што Луци ги "избрза" Адам и Ева да го постигнат по магиски пат...), така се гледам како спасен, со есхатолшка перспектива уште сега и овде. :love:

Ти за разлика од мене, ми се преставуваш како еманат на твојот безличен Бог, Ен Соф?, без лик,образ и подобие, пројава на Адам Кадмон?, кое ме асоцира на неоплатонистичко, пантеистичко конципирање со голема доза суспекција за панизреализам од неопходноста на вашата сотириологија од Израел?!

И пак ќе речам и завршам, од моја страна културно, со респект те прифаќам како таков, т.е. каков сакаш биди си, верувај, не верувај, знај ..., твоја е Волјата:)
Автоматски споено мислење:

За тебе е бог за друг е само човек. Не мора да биде историска личност, доволно му е на некој што верува во тоа за да му даде мир. На некој може и розеви еднорози му даваат мир.
Човекот е расудувачко битие, бара, трага по конкретност, не просто релативност, не му е сеедно да му дадеш колку само да се смири играчка– тропка, само да се задобие со мир, и бебето ако си приметил се загледува расудувачки во тропката и ја разгледува...
Кога ќе разгледаш и сватиш дека те смирил розев еднорог, што мислиш како ќе гледаш на себе?!;)
 
Последно уредено:

Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Човекот е расудувачко битие, бара, трага по конкретност, не просто релативност, не му е сеедно да му дадеш колку само да се смири играчка– тропка, само да се задобие со мир, и бебето ако си приметил се загледува расудувачки во тропката и ја разгледува...
Кога ќе разгледаш и сватиш дека те смирил розев еднорог, што мислиш како ќе гледаш на себе?!;)
Не знам, тоа ќе треба некој што го смируваат розевите еднорози да прашаш.

Членот што го цитирав убаво рече дека откако почнал да верува во Исус тоа му дало мир. Тоа го понуди он како аргумент кога го прашаа за доказ за рајот и пеколот.

И јас можам да кажам дека откако почнав да верувам во летачки зајци ми даде невероватен мир и тоа ми е доказ дека "постои" реинкарнација. Жити аргументот.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Чакри и гностицизам
Не гностицизам туку гносис... знаење... ти станува јасно... животот после смртта... пекол и рај... реинкарнации, звезди... се тоа е небитно... ( барем у мојта христијанска секта ).

Она што е битно е да живееш со љубов во срцето тука и сега... односно со Христа во срцето.

Љ.
 
Во право си донекаде, сепак незнам на каква аргументација алудираш?
Исус правеше чуда, Отецот од небото неколку пати Го посведочи, пророштвата беа во Негов прилог..., но неговите, Евреите го убија?!
Што мислиш за тоа?
 
Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Во право си донекаде, сепак незнам на каква аргументација алудираш?
Исус правеше чуда, Отецот од небото неколку пати Го посведочи, пророштвата беа во Негов прилог..., но неговите, Евреите го убија?!
Што мислиш за тоа?
Сметам дека Исус постоел како историска личност. Но не и дека бил божји син или дека правел чуда.

За тоа кој го уби не ми се верува дека биле Евреите. Они ќе го каменуваа веројатно.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Во право си донекаде, сепак незнам на каква аргументација алудираш?
Исус правеше чуда, Отецот од небото неколку пати Го посведочи, пророштвата беа во Негов прилог..., но неговите, Евреите го убија?!
Што мислиш за тоа?
Ја, на пример, мислам дека не знам дали Исус правел чуда и Отецот го просведочил тоа.

Ти како знаеш?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Имаш проблем на извртување на вистината на другиот со твоите т.н. факти, верзии на субјективно поимање на нешто што не ти е автентично и компетентно знаење, сум се обидел повеќе пати да ти објаснам какво е Христијанското учење автентично, бидејќи го живеам, а и стручно бидејќи сум теолошки образован и зборувам отворено и компетентно, но, ти упорно остануваш да ја промовираш твојата верзија за Христијанство како релевантна..., затоа си некултурен и безобразен. Можеш ли ова да го разбереш?!

Јас како Христијанин моето спасение го гледам во Христос како Личност, Кој ме повикува на заеднички, вечен живот преку мојата личност, слободно да одговорам на таа можност да станам бог по благодат(она за што Луци ги "избрза" Адам и Ева да го постигнат по магиски пат...), така се гледам како спасен, со есхатолшка перспектива уште сега и овде. :love:

Ти за разлика од мене, ми се преставуваш како еманат на твојот безличен Бог, Ен Соф?, без лик,образ и подобие, пројава на Адам Кадмон?, кое ме асоцира на неоплатонистичко, пантеистичко конципирање со голема доза суспекција за панизреализам од неопходноста на вашата сотириологија од Израел?!

И пак ќе речам и завршам, од моја страна културно, со респект те прифаќам како таков, т.е. каков сакаш биди си, верувај, не верувај, знај ..., твоја е Волјата:)
Фактите и логиката не се субјективни, па за мене факт ќе биде дека 5+5=10, ама ти си решил дека 5+5=7 и сега сите треба да го прифатат тоа како вистина и логика, бидејќи твоите убедувања и верувања ти кажуваат така.
Логично последователни се некои нешта, на пример ако на улицата помеѓу 9 и десет часот, поминал само твојот автомобил, а во тој период е прегазен човек, кој го прегазил човекот? Овој вид прашања неможе да се филуваат со субјективно толкување, исто како и прашањето - Дали господ се става себе си во улога на судија и ги дели нештата на погрешни и исправни? Од кого ќе те спасува ако тој е истиот што ќе те казнува доколку погрешиш? Ако е сезнаен и семоќен, зошто дозволил да имаш особини поради кои ќе згрешиш?
Ако имаш доблест ќе ги одговориш прашањата или ќе кажеш дека немаш одговор, но очигледно немаш доблест, па се обидуваш да звучиш елоквентно во своето тресење ка празна слама со цел ескивирање од одговорите.
Не гностицизам туку гносис... знаење... ти станува јасно... животот после смртта... пекол и рај... реинкарнации, звезди... се тоа е небитно... ( барем у мојта христијанска секта ).

Она што е битно е да живееш со љубов во срцето тука и сега... односно со Христа во срцето.

Љ.
Еве повели прашај го Либериј дали е небитно, дали пеколот и рајот се само метафора? Дали господ се става себе си во улога на судија? Дали за него постојат погрешни и исправни нешта?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ја, на пример, мислам дека не знам дали Исус правел чуда и Отецот го просведочил тоа.

Ти како знаеш?
Господ е основач на Црквата, Која невидливо ја раководи преку Светиот Дух за сите луѓе во историјата, Црквата сведочи за сите настани во контекст на Божјиот план за спасение, вечен живот на човекот.

Јас од Црквата знам.

А ти зошто незнаеш?!

Знаеш за Црквата, преку Црковното предание, од твоите кои се надевам се крстени, венчани во Црквата, од твоите дедовци,баби, нашиот фолклор предание...,
но може пак да незнаеш, несакаш да знаеш..., едноставно Бог ја пази твојата слободна волја ти кога ќе посакаш. :)
Автоматски споено мислење:

Фактите и логиката не се субјективни, па за мене факт ќе биде дека 5+5=10, ама ти си решил дека 5+5=7 и сега сите треба да го прифатат тоа како вистина и логика, бидејќи твоите убедувања и верувања ти кажуваат така.
Логично последователни се некои нешта, на пример ако на улицата помеѓу 9 и десет часот, поминал само твојот автомобил, а во тој период е прегазен човек, кој го прегазил човекот? Овој вид прашања неможе да се филуваат со субјективно толкување, исто како и прашањето - Дали господ се става себе си во улога на судија и ги дели нештата на погрешни и исправни? Од кого ќе те спасува ако тој е истиот што ќе те казнува доколку погрешиш? Ако е сезнаен и семоќен, зошто дозволил да имаш особини поради кои ќе згрешиш?
Ако имаш доблест ќе ги одговориш прашањата или ќе кажеш дека немаш одговор, но очигледно немаш доблест, па се обидуваш да звучиш елоквентно во своето тресење ка празна слама со цел ескивирање од одговорите.

Еве повели прашај го Либериј дали е небитно, дали пеколот и рајот се само метафора? Дали господ се става себе си во улога на судија? Дали за него постојат погрешни и исправни нешта?
Примерчево ти е утнато у полемикава, мешаш различни магистериуми, баби жаби, ко од 24 китчен да си истресен...
Твојот светоглед е од овде:
Ти за разлика од мене, ми се преставуваш како еманат на твојот безличен Бог, Ен Соф?, без лик,образ и подобие, пројава на Адам Кадмон?, кое ме асоцира на неоплатонистичко, пантеистичко конципирање со голема доза суспекција за панизреализам од неопходноста на вашата сотириологија од Израел?!

И пак ќе речам и завршам, од моја страна културно, со респект те прифаќам како таков, т.е. каков сакаш биди си, верувај, не верувај, знај ..., твоја е Волјата:)
Затоа неможе фактите да ни бидат исти, за тебе фактите се Бог, а за мене мојот Бог креира факти и е над законот како Креатор.
Од моја перспектива ти си роб на законот, а јас за тебе роб на мојот Бог, што всушност за мене е Слобода.
А што да одговорам на Профаундли? Колку што можам да проценам генерално, ја живее својата метаноја, метаморфозис..., се труди, успева со Господ напред, бара и добива, тоа е тоа...
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Еве повели прашај го Либериј дали е небитно, дали пеколот и рајот се само метафора? Дали господ се става себе си во улога на судија? Дали за него постојат погрешни и исправни нешта?
Мојот светоглед и неговиот се доста компатибилни, мене фокусот ми е овде бидејќи овој левел од играта се игра овде... но гледам дека правилата на играта - овде - христијанството добро ги поставило, се слагам со нив.

А мислам дека и Либериј не живее со анкциознст да не оди у пеколот.. па пази дали ги поштува 10-те божји.... едноставно... природно е на линија со нив.... со Христа во срцето.

Така да... немам што да го прашувам.

Љ.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Добив внатрешен позив да се ипак уклучам бар некое време на темата, пошто е ипак од сусштинско значење на само постоење....Гледам Хепта и Ипси со години верглале едно исто со докази и информации за пишаните работи. Они се раководат само интелектуално. Сакаат субјективното да сведат на објективно. Затоа сакаат докази. Вистинината и спасението резултираат со наднимување на интелектот и отварање на срцето. А тоа е ризик. Затоа двајцата наши браќа телемити се плашат да го отворат срцето. Јас се раководам по тоа шо го осеќам дубоко у себе.
Исус рекол. Напуштете се и следете ме. Тоа значи интелект шат даун. Ако се има врба само се впушта во непознатото. А тоа го нудел. Непознатото.
Затоа рекол: - Благословени се оние кои не виделе а веруваат. -
Туку не се работе за слепа вера. Уцениците на Исус добиле по мал глимс, мала искра од непознатата димензија и затоа Тој ги повикал да напуштат се и да го следат.
Дакле спасението е процес. Тоа не е ментално прифаќање у стил - Јас верувам у Исус , у библијата,
читам ја и ке бидам спасен. Исус каже: Нече мочи ове нови тако лако.....
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Ми се допаѓа што сите имате свои толкувања на нештата во однос на светите книги и што се зборува во нив во однос на човекот...
Тоа зборува многу за работите какви се денес.

П.С. знам дека си ми лут, ама не мора секој пост да е за мене и да проектираш твои вистини за тоа каков е некој :)
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Господ е основач на Црквата, Која невидливо ја раководи преку Светиот Дух за сите луѓе во историјата, Црквата сведочи за сите настани во контекст на Божјиот план за спасение, вечен живот на човекот.

Јас од Црквата знам.

А ти зошто незнаеш?!

Знаеш за Црквата, преку Црковното предание, од твоите кои се надевам се крстени, венчани во Црквата, од твоите дедовци,баби, нашиот фолклор предание...,
но може пак да незнаеш, несакаш да знаеш..., едноставно Бог ја пази твојата слободна волја ти кога ќе посакаш. :)
Автоматски споено мислење:

Примерчево ти е утнато у полемикава, мешаш различни магистериуми, баби жаби, ко од 24 китчен да си истресен...
Твојот светоглед е од овде:

Затоа неможе фактите да ни бидат исти, за тебе фактите се Бог, а за мене мојот Бог креира факти и е над законот како Креатор.
Од моја перспектива ти си роб на законот, а јас за тебе роб на мојот Бог, што всушност за мене е Слобода.
А што да одговорам на Профаундли? Колку што можам да проценам генерално, ја живее својата метаноја, метаморфозис..., се труди, успева со Господ напред, бара и добива, тоа е тоа...
Јас исто така не знам дали Господ е основач на Црквата која сведочи нешто. Ти нафрлаш искази дека нештата се такви, Господ е основач на Црквата, Исус праел чуда итн... Ама не кажуваш како знаеш за сето тоа. Така осеќаш? Јас не осеќам така, ниту пак будистот осеќа така. Оти мислиш дека тоа што ти се чини во умот е реална репрезентација на фактите?

Јас не знам бидејќи не можам да знам ништо. Можам да верувам во некои нешта со определена веројатност. На пример, веруем дека ако го фрлам телефонот, тој ќе падне бидејќи досега паѓал, па шансите се огромни пак да падне. И толку.

Ти си некако пресамоуверен у твоите знаења.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom