Хомосексуалност (општо)

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци


  • Вкупно гласачи
    1.127
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Има разлика од ментално заболување до хормонално нарушување. Ти сакаш да се забрануваат и книги, што е несфатливо! Ако не ти се допаѓа одредена идеја, забрани ја! :)

Пак спамаш. Реков за Законот за дискриминација кај нас. Застанав зад истиот. Никаде не реков дека треба да се убиваат, малтретираат и тепаат. Убиство е убиство. А на Кина и Русија ништо не им фали. Патем и ја свиркаа Русија на политичката манифестација (Евровизија) кога Путин го донесе законот за нивните заедници. Тука е и Вучиќ кој нема да го потпише Законот за истополовите заедници.
Сите се затуцани, такви сме. :)

Читај во темата "Блам состанок". Не сум толку лош. :backa:

А ставот на СЗО ми е јасен. Класична бирократска организација. Требаше САД за стално да излезе од истата, па и другите држави да го следат истиот чекор. Може да зборуваме како се спавуваа со Ковид пандемијата и сите нивни ставови кои ги вртеа за 180 степени.

И да, секогаш општеството е криво за стапката на нивните самоубиства. Секогаш и секаде. ;)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Мислам дека во 21 век да се зборува уште дали хомосексуалноста е болест, е малку застарено, не затоа што сме сите „модерни“, туку затоа што денес знаеме дека болест по дефиниција е состојба која негативно го нарушува функционирањето на организмот, а со тоа и човекот во секојдневните обврски, било да е физичка или психолошка болест. Хомосексуалноста не прави такво нешто, хомосексуалците си делуваат во секојдневниот живот сосема нормално.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.863
Поени од реакции
6.483
Кога се фати за Русија. Познатиот руски водител Димитриј Кисјелов е водач на медиумска пропаганда против хомосексуалноста. Имаше контроверзна изјава дека "Срцата на хомосексуалците треба да се изгорат и закопаат". Тоа наиде на аплауз од широкиот аудиториум и една година подоцна 20 годишен маж беше убиен во Волгоград заради неговата хомосексуалност. Тоа океј ли е? Организациите за човекови права дури имаат и докази за случаи на т.н. "корективно силување", кога ќерката лезбејка е заклучена во просторија со маж кој ќе ја силува! Дали е тоа океј?
Поради нетрадиционалната сексуална ориентација голем број луѓе во Русија, па и Кина завршуваат во затвор каде се врши нивна тортура, понижување, психофизичко малтретирање. Тоа е кршење на човекови права.

Тоа е главниот аргумент на комунизмот...дека хомосексуалноаста е производ на западниот капитализам! :)
Браво за постот, многу убаво елаборирано.

Ајде малку повеќе за русите. Во САД имав колешка литванка и ми плукна некои вистини за русите кои се комплетно прикриени зад сиот тој нивни излитен конзервативизам. Имено таа тврдеше дека сите руски мажи се хомосексуалци. Организирале тури за хомо туризам во Литванија и во Естонија, далеку од очите на руската јавност. Заради оваа практика ставот на литванците и естонците за русите е изграден во оваа насока - дека станува збор за огромна процентуална застапеност на хомосексуалците во нивната популација. Тоа само го потврдува ставот на Фројд дека потиснување на сексуалната енергија од рана возраст можат да доведе до хомсексуалност кај зрелиот маж.

Малку незгодно, ама мислам дека треба да споделам, чисто за да потврдам дека ова што го кажа литванкава не беше млатење на слама. Мојот цимер беше русин. Заедно со еден турчин делевме соба. Подоцна турчинот (студираше астрономија) ми кажа дека го натчекал русинов како ме слика кога спијам, дека во телфонот имал мои слики. Многу ми беше незгодно. Еднаш кога го отварав паричникот русинов виде дека имам слика од мајка ми во него - одма ме праша која е. Му одговорив и му кажав дека ми значи се на светот, а тој ми врати дека воопшто не ја фермал неговата, и дека генерално не сакал жени. Незнаев што да му одговорам. Извини брат? Ти дадов ли погрешен сигнал? Од сите луѓе на околу во мене се зацапа? Во реалноста, само замолчив.
Една вечер се прели чашата - во 4 сатот го натчекав кај мене в соба кај што ми чепка во телефонот кој беше на полнач. Секако веќе спијав со едното око отворено. Рипнав ко мечка од креветот и му кажав дека не е ок, пробав да не сум насилен.
Ете што можи да му направи потискањето на сопствените чувства на човек.
Искрено јас кон него и после се немам негативен сентимент, иако проба да навлези премногу во мојот простор, а тоа на никој не му годи без разлика колку либерални ставови имам. Значи да му имав јас дадено сигнал па да речиш ќе беше оправдано. Во добар дел од времето имав емпатија за него. Ама лично кога би бил хомо, не би ме интересирале такви мажи. Од ова тогашно искуство почнав да размислувам во таа насока, јас негледам ништо убаво и привлечно во човек што ги потиска своите природни нагони за да му угоди на општеството. Тој тип на карактер е одбивен.
Му посакувам среќа и во животот да најди љубов.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
ми кажа дека го натчекал русинов како ме слика кога спијам
Многу ми беше незгодно.
Биди среќен што не си се будел со чудни и нејасни болки позади, како што беше еден случај во Гоце Делчев (мислам) студентскиот дом, каде што испадна дека студент го успивал со нешто цимерот и си го ковал редовно.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.863
Поени од реакции
6.483
Ако веруваш цело тоа време ја имав на ум таа приказна! Со едното око отворено спијав, бев и кај газдарицата од сместувањето да барам преместување.

Реално за да ми направи такво нешто јас би требало да сум ептен успан, така одеше и таа приказна нели дека го успивал со таблети? Јас јадев, пиев - се надвор од станот. И генерално 90% од времето бев далеку од него, јас најмногу бев во контакт со тамошни американци пошто со нив работев. Со нив уште сум во контакт и заедно бевме во Солун, прекрасни луѓе.

Нели таа сторија со домот беше дебанкт како измислица подоцна? Искрено се надевам дека никој не врвел низ такво нешто.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Освен повеќе памет за да не им текнуваат лудо-глупи идеи друго не им треба
Стоп на дискриминација, омразата и еднаквост во законот. Некои права им се ускратени поради законите. Најверојатно и главен аргумент против посвојување на деца е тоа дека ќе бидат стигматизирани од општеството. Значи со тоа се легализира системска дискриминација и се признанава дека има омораза. Аргумент легализација на омраза е морално не во ред. Исто како да тури знак забрането за Роми пред дуќанот и ќе речеш јас не мразам Роми и не им ускратувам права туку најголем дел ги мразат и поради тоа да не се нервираат луѓето и да не им стане нешто на Ромите не поуштам во дуќанот. Во основа признаваме и промовираме системска омраза.
 

Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
130
Поени од реакции
211
Стоп на дискриминација, омразата и еднаквост во законот. Некои права им се ускратени поради законите. Најверојатно и главен аргумент против посвојување на деца е тоа дека ќе бидат стигматизирани од општеството. Значи со тоа се легализира системска дискриминација и се признанава дека има омораза. Аргумент легализација на омраза е морално не во ред. Исто како да тури знак забрането за Роми пред дуќанот и ќе речеш јас не мразам Роми тук најголем дел ги мразат и поради тоа да не се нервираат луѓето и да не им стане нешто на Ромите не поуштам во дуќанот. Во основа признаваме и промовираме системска омраза.
Мене не ме интересира општеството што мисли и како мисли. Моите ставови не се базираат на што мисли општеството.

Посвојувањето деца намерно не го спомнав до сега и не сакам да зборувам за тоа. За тоа немам уште изградено став (иако мене лично подобро ќе ми беше да ме посвоеја две лезбејки него што живеев со изродиве со кои пораснав).
Најпрво треба да се земе во предвид и детето што мисли. Дали сака да биде посвоено од хомо пар и дали уопште сака да биде посвоено од било каков пар или не. Не е само да се посвои.

Стоп на дискриминација, омразата и еднаквост во законот. Некои права им се ускратени поради законите.
Јас не ги дискриминирам, не ги мразам и нема потреба упорно да ми го спомињаш тоа постојано и постојано во секој пост.

Кои права им се ускратени поради законите? Според кој закон во државава хомосексуалноста се смета за злосторство?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
Има разлика од ментално заболување до хормонално нарушување. Ти сакаш да се забрануваат и книги, што е несфатливо! Ако не ти се допаѓа одредена идеја, забрани ја! :)

Пак спамаш. Реков за Законот за дискриминација кај нас. Застанав зад истиот. Никаде не реков дека треба да се убиваат, малтретираат и тепаат. Убиство е убиство. А на Кина и Русија ништо не им фали. Патем и ја свиркаа Русија на политичката манифестација (Евровизија) кога Путин го донесе законот за нивните заедници. Тука е и Вучиќ кој нема да го потпише Законот за истополовите заедници.
Сите се затуцани, такви сме. :)

Читај во темата "Блам состанок". Не сум толку лош. :backa:

А ставот на СЗО ми е јасен. Класична бирократска организација. Требаше САД за стално да излезе од истата, па и другите држави да го следат истиот чекор. Може да зборуваме како се спавуваа со Ковид пандемијата и сите нивни ставови кои ги вртеа за 180 степени.

И да, секогаш општеството е криво за стапката на нивните самоубиства. Секогаш и секаде. ;)
Среќо сам себе си правиш шах мат. Па не беше ти тој што ме праша што пишувало во психијатријата на Чадловски?! :D

Во книгата пишува дека е растројство во нагонот на човекот! Тоа е во доменот на психијатријата. И ставена е хомосексуалноста на исто ниво со некрофилијата, зоофилијата, педофилијата, which is nonsense.

Нејсе хормонален дисбаланс може да има и хетеросексуалец. Пример кај жените зголеменото ниво на андрогени хормони
може да се изманифестира како хирзутизам (зголемена влакнетост), ама не значи тоа дека жената е лезбејка. Или кај мажите зголемено ниво на естрогени како гинекомастија, ама не значи дека мажот е геј.

Зошто спамам? Ете ти кажувам што е последица од дискриминацијата и до каде може да иде хомофобијата на човекот. И токму тоа е една од главните причини зошто јас лично мислам дека хомофобијата има далеку поголеми предиспозиции да биде патологија.

Е добро, Русија ја исвиркаа, ама пак заврши во првите 10 композиции на таа политичка манифестација. Настрана политиката, песната си беше супер и имаше убава тематика. Васил го исвиркаа ли таму? Не. Само кај нас имаше луѓе кои ги тригерна неговата хомосексуалност (не зборам за политичката позадина и бугарското знаме!). Треба многу за време да се искорени хомофобичноста на овие простори. Има напредок, ама има уште многу пат за одење!

Па....на некој начин сите треба да се вклопиме во калапот кој го налага моралот и традицијата, нели? Ако некој е различен, одма е осуден, неприфатен, дискриминиран, ваков или таков. Фрапантна е количината на омраза и дискриминација кон оние кои се различни од нас самите.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.750
Поени од реакции
37.745
...хомосексуалноста, секогаш била болест и ќе биде, чисто психолошко растројство, сакале признале или не , хартија трпи све како што е родител 1 и родител 2, без ,,мајка,, и ,,татко,, се знае разликата меѓу нив, не може дете да биде нормално пораснато да има двајца татковци без мајка или две мајки без татко, со број 1 и 2,
... и токму поради овие девијации, се праќа порака со нов вирус и болест ,, Сида,, да се расчисти на природен начин тоа што не е природно, затоа што другите кои немаат такви психолошки растројстава полека и сигурно потпаѓаат во прифаќање на такви девијации што ги објаснуваат површно дека не се мешале во ,,нивниот кревет,, како да креветот крив, а не крахот во психолошкото однесување како врста во светот и опстанокот на човекот, направено да постои женско и машко со таа цел, а не еднополов свет со датотека со сперма за продолжување на вештачки начин родот!

... ако го подржувате онака со муабет хомосексуалноста, дека ви е ,,ин,, и не ви пречи и дека тие нормално си живеат и немаат физички и психички проблем за да би било болест (па дури ниту со сарказам) би било добро да го докажете на дело и да кон своите деца внесете таква ,,нормална љубов,, од маленко купувајќи за син розе и црвени алишта во кои ќе има да облече и по некоја сукња, кукли и да му пуштите долга коса за да би ја фатиле со неколку шноли со цветови, а на вашите ќерќи да им се купи играчки автомобили, да се облечат во сини алишта со трегери на панталоните со стриктно кратка фризура, зошто да не, сето тоа е нормално, па нека биде во сите домови,
... најчесто траумата настаната во детството, без да се санира прераснува во психолошко растројство кое често е токму хомосексулноста и пореметување на личноста, а не дека сакале да се сексаат со истополов, па ние не им се мешаме во спалната, што е многу смешно размислување, напротив тие особи бараат навремена помош за правилен психолошки развој како човек - жена мајка, маж татко, жена ќерка, маж син, жена баба, маж дедо...све друго е неприродно со психолошко пореметување што бара понатамошна опсервација и лечење!
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.516
Поени од реакции
11.482
Браво за постот, многу убаво елаборирано.

Ајде малку повеќе за русите. Во САД имав колешка литванка и ми плукна некои вистини за русите кои се комплетно прикриени зад сиот тој нивни излитен конзервативизам. Имено таа тврдеше дека сите руски мажи се хомосексуалци. Организирале тури за хомо туризам во Литванија и во Естонија, далеку од очите на руската јавност. Заради оваа практика ставот на литванците и естонците за русите е изграден во оваа насока - дека станува збор за огромна процентуална застапеност на хомосексуалците во нивната популација. Тоа само го потврдува ставот на Фројд дека потиснување на сексуалната енергија од рана возраст можат да доведе до хомсексуалност кај зрелиот маж.

Малку незгодно, ама мислам дека треба да споделам, чисто за да потврдам дека ова што го кажа литванкава не беше млатење на слама. Мојот цимер беше русин. Заедно со еден турчин делевме соба. Подоцна турчинот (студираше астрономија) ми кажа дека го натчекал русинов како ме слика кога спијам, дека во телфонот имал мои слики. Многу ми беше незгодно. Еднаш кога го отварав паричникот русинов виде дека имам слика од мајка ми во него - одма ме праша која е. Му одговорив и му кажав дека ми значи се на светот, а тој ми врати дека воопшто не ја фермал неговата, и дека генерално не сакал жени. Незнаев што да му одговорам. Извини брат? Ти дадов ли погрешен сигнал? Од сите луѓе на околу во мене се зацапа? Во реалноста, само замолчив.
Една вечер се прели чашата - во 4 сатот го натчекав кај мене в соба кај што ми чепка во телефонот кој беше на полнач. Секако веќе спијав со едното око отворено. Рипнав ко мечка од креветот и му кажав дека не е ок, пробав да не сум насилен.
Ете што можи да му направи потискањето на сопствените чувства на човек.
Искрено јас кон него и после се немам негативен сентимент, иако проба да навлези премногу во мојот простор, а тоа на никој не му годи без разлика колку либерални ставови имам. Значи да му имав јас дадено сигнал па да речиш ќе беше оправдано. Во добар дел од времето имав емпатија за него. Ама лично кога би бил хомо, не би ме интересирале такви мажи. Од ова тогашно искуство почнав да размислувам во таа насока, јас негледам ништо убаво и привлечно во човек што ги потиска своите природни нагони за да му угоди на општеството. Тој тип на карактер е одбивен.
Му посакувам среќа и во животот да најди љубов.
Генерализација од страна на Литванката, не мислиш? Тоа што тебе ти се погодил цимер хомосексуалец не значи дека сите мажи во Русија се хомосексуалци. Ама да, ти ја сфаќам поентата и негативните ефекти од односот на комунистичките држави кон хомосексуалноста....иде до степен да родителите си ги мразат своите сопствени деца само заради тоа што така налага општеството. Ја не би можела тоа.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Мене не ме интересира општеството што мисли и како мисли. Моите ставови не се базираат на што мисли општеството.

Посвојувањето деца намерно не го спомнав до сега и не сакам да зборувам за тоа. За тоа немам уште изградено став (иако мене лично подобро ќе ми беше да ме посвоеја две лезбејки него што живеев со изродиве со кои пораснав).
Најпрво треба да се земе во предвид и детето што мисли. Дали сака да биде посвоено од хомо пар и дали уопште сака да биде посвоено од било каков пар или не. Не е само да се посвои.


Јас не ги дискриминирам, не ги мразам и нема потреба упорно да ми го спомињаш тоа постојано и постојано во секој пост.

Кои права им се ускратени поради законите? Според кој закон во државава хомосексуалноста се смета за злосторство?
Право на брак им е ускратено и се што следи со тоа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
...хомосексуалноста, секогаш била болест и ќе биде, чисто психолошко растројство, сакале признале или не , хартија трпи све како што е родител 1 и родител 2, без ,,мајка,, и ,,татко,, се знае разликата меѓу нив, не може дете да биде нормално пораснато да има двајца татковци без мајка или две мајки без татко, со број 1 и 2,
... и токму поради овие девијации, се праќа порака со нов вирус и болест ,, Сида,, да се расчисти на природен начин тоа што не е природно, затоа што другите кои немаат такви психолошки растројстава полека и сигурно потпаѓаат во прифаќање на такви девијации што ги објаснуваат површно дека не се мешале во ,,нивниот кревет,, како да креветот крив, а не крахот во психолошкото однесување како врста во светот и опстанокот на човекот, направено да постои женско и машко со таа цел, а не еднополов свет со датотека со сперма за продолжување на вештачки начин родот!

... ако го подржувате онака со муабет хомосексуалноста, дека ви е ,,ин,, и не ви пречи и дека тие нормално си живеат и немаат физички и психички проблем за да би било болест (па дури ниту со сарказам) би било добро да го докажете на дело и да кон своите деца внесете таква ,,нормална љубов,, од маленко купувајќи за син розе и црвени алишта во кои ќе има да облече и по некоја сукња, кукли и да му пуштите долга коса за да би ја фатиле со неколку шноли со цветови, а на вашите ќерќи да им се купи играчки автомобили, да се облечат во сини алишта со трегери на панталоните со стриктно кратка фризура, зошто да не, сето тоа е нормално, па нека биде во сите домови,
... најчесто траумата настаната во детството, без да се санира прераснува во психолошко растројство кое често е токму хомосексулноста и пореметување на личноста, а не дека сакале да се сексаат со истополов, па ние не им се мешаме во спалната, што е многу смешно размислување, напротив тие особи бараат навремена помош за правилен психолошки развој како човек - жена мајка, маж татко, жена ќерка, маж син, жена баба, маж дедо...све друго е неприродно со психолошко пореметување што бара понатамошна опсервација и лечење!
Ако си на компјутер shift + 2 за долни и shift + 3 за горни наводници. Во македонскиот јазик секогаш на почетокот се долни „ а на крајот горни “.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Среќо сам себе си правиш шах мат. Па не беше ти тој што ме праша што пишувало во психијатријата на Чадловски?! :D

Во книгата пишува дека е растројство во нагонот на човекот! Тоа е во доменот на психијатријата. И ставена е хомосексуалноста на исто ниво со некрофилијата, зоофилијата, педофилијата, which is nonsense.

Нејсе хормонален дисбаланс може да има и хетеросексуалец. Пример кај жените зголеменото ниво на андрогени хормони
може да се изманифестира како хирзутизам (зголемена влакнетост), ама не значи тоа дека жената е лезбејка. Или кај мажите зголемено ниво на естрогени како гинекомастија, ама не значи дека мажот е геј.

Зошто спамам? Ете ти кажувам што е последица од дискриминацијата и до каде може да иде хомофобијата на човекот. И токму тоа е една од главните причини зошто јас лично мислам дека хомофобијата има далеку поголеми предиспозиции да биде патологија.

Е добро, Русија ја исвиркаа, ама пак заврши во првите 10 композиции на таа политичка манифестација. Настрана политиката, песната си беше супер и имаше убава тематика. Васил го исвиркаа ли таму? Не. Само кај нас имаше луѓе кои ги тригерна неговата хомосексуалност (не зборам за политичката позадина и бугарското знаме!). Треба многу за време да се искорени хомофобичноста на овие простори. Има напредок, ама има уште многу пат за одење!

Па....на некој начин сите треба да се вклопиме во калапот кој го налага моралот и традицијата, нели? Ако некој е различен, одма е осуден, неприфатен, дискриминиран, ваков или таков. Фрапантна е количината на омраза и дискриминација кон оние кои се различни од нас самите.
Научи ги правилата на шахот пред да седнеш зад шаховската табла.

Знам што пишува во тој учебник.
Самата ти истото го напиша пред една година. Меморијата сеуште добро ме служи. Па и не е нонсенс. Има основна теза.

Никаде не тврдам дека е болест. Тука е твоето спамање. Ако започнеме од категоричкиот императив на Кант, ќе дојдеме до тезата за есенцијалното поведение на човекот. Ако сите се однесуваме така, што ќе се случи со цивилизацијата? Тука е и хормоналното нарушување, тука е и нервното. Стапката на самоубиства ја релативизираш.

Нема комунизам во Русија веќе 3 децении. Русија бележи значителен општествен прогрес, па и Кина. Од друга страна имаш декаденција во општеството во САД. Каде ги гледаш прогресот? Во права на лпбг и 100 родови или инвестирање во технолошкиот прогрес? Самиот народ го турка наративот. И да, "децата на Мао" убиваат педери, за жал, и истото треба да се осуди.

Заеби, Оскар Вајлд е еден од најголемите умови на 19от век. Можеби си ја читала "De Profundis" (издание на Бегемот). Тоа е едно многу долго писмо до неговиот љубовник поради кој завршува во затвор, а потоа и ја напушта Англија. Можеш да ја читнеш книгата, а можеш да читнеш како поштено ги подјебава сите во судскиот процес. И да, голем ум. Сеуште не можам да ја разберам "Критичарот како уметник".
Имал жена и деца, како се манифестирало тоа над нив (неговите излети од бракот), никој никогаш не се интересира. Но е геј икона. :sneaky:

Мора сѐ да се прифати. Секое нивно барање. Некоја нивна забелешка. Секоја критика те кошта работа. Оди во Канада и навреди транџа со тоа што ќе употребиш погрешен род кон неа.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.750
Поени од реакции
37.745
Ако си на компјутер shift + 2 за долни и shift + 3 за горни наводници. Во македонскиот јазик секогаш на почетокот се долни „ а на крајот горни “.
...ааа продолжуваш во исти стил со граматички совети, ме советуваш за други да не наседнам, а ти си истиот нели?:facepalm:
...моментално сум се уште во кревет :cool: со таблет во рака и немам баш такви шифт и такви наводници, али ете ќе се исклучам да не ти бодам очи, штом сте решиле да ме следите за секоја точка и запирка :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom