Хомосексуалност (општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата NightWish...
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги оправдувате хомосексуалните врски,бракови и посвојувањето на деца од страна на хомосексуалци

  • Вкупно гласачи
    1.128
Имаат полигамија. И е ЛПБТ+. Имаат повеќе од 18 скратеници. Едно време беше и педосексуалс дури дел од тоа семејство.
Браво за Саудиска Арабија, најнапредни испаднаа според тебе :pos:
 
Браво за Саудиска Арабија, најнапредни испаднаа според тебе :pos:
Не го реков тоа, можеш да земеш и дел од тоа семејство. Имаат лоша традиција која потекнува од Мухамед.

Само не ми одговори за положбата на жената во полигамните општества.
 
Не го реков тоа, можеш да земеш и дел од тоа семејство. Имаат лоша традиција која потекнува од Мухамед.

Само не ми одговори за положбата на жената во полигамните општества.
Што да ти одговорам, не сум оџа па да кажувам бајки.
 
Off topic, ne e, pola tezi mu se dokazani pogresni, i ako ne e kripi maz na 60 godini da misli oti bebe cica oti toa mu pravi seksualno zadovolstvo, ja ne znam sho e.
Прво кажи дали ти смета само заради тоа што бил Евреин па да знам дали да продолжиме. Без гајле не бил од Црвеноштитците (Рот-Шилдови) туку бил од претерано сиромашна еврејска фамилија.
Да бе да дебанкт му се теориите, затоа страната на Википидеја му е долга 10ет километри надолу, скролаш, скролаш, не се доскролува. А пак ако земиш да читаш се што напишал бетер нема да знаеш кај ти е крајот.

Теориите на Фројд се дрски, како и човечката сексуалност. Мажите се мамини синчиња, а девојчината татини принцези, ова се разбира не важи во сите случаи, но ако и сама не си забележала ваков патерн кај многу луѓе тогаш нема што да дискутираме. Целосно да го збришиш Фројд и цело негово творештво, како небитен е Wahnsinn. Фројд плука вистини, нас ни е незгодно и противречиме.
 
Прво кажи дали ти смета само заради тоа што бил Евреин
Да, ради тоа и смета, не напиша она во таа една реченица што и смета.
Туку и смета дека е Евреин.
Ебате тоа.

Гледаш, тресна ваква ненормална глупост и за малку немаше да ти го дочитам постот, а скоро сè друго во постот ти е океј.
 
Мене ми смета потенцирање на сексуалноста и од стрејт парови. Безвеза ми е споделување интима во јавност без разлика на сексуална определба.
Затоа има 100 теми за секс а не им било ОК некој да биде во брак. Малку ми е чуден моралот на многу.
 
Да, ради тоа и смета, не напиша она во таа една реченица што и смета.
Туку и смета дека е Евреин.
Ебате тоа.

Си не читал ли со дарлинг до сега за вака да влеташ? Таа ќе разбери зошто ја прашав за етникумот на Фројд, не ни е прв пат да ги коментираме евреите со неа. И често кај неа јас забележувам (ти немораш) патерн комплетно да ги збриши нив и нивните теории без разлика колку се труделе или напишале, само заради нивното потеклото, затоа ја прашав.
 
Затоа има 100 теми за секс а не им било ОК некој да биде во брак. Малку ми е чуден моралот на многу.
А што во 100 те теми за секс строго треба да си хетеро за да си пишуваш? :D
 
А што во 100 те теми за секс строго треба да си хетеро за да си пишуваш? :D
Поентата е дека некој јавно тупат за секс и прашуваат лични прашања а се против брак. Некако ми е дволично. По глупо ми е некој да ме прашува јас што правам со некоја отколку некој непознати да се во брак и да посвојат дете.
 
Ммм, па добро форумов е за дискусии. Ама и ја не претпочитам да пишувам детали за мојот сексуален живот, ниту па ме интересира сексуалниот живот на некој од членовите на форумот. И не само виртуелно, туку и реалнко.

Јас ете не можам да сфатам зошто би било лошо да се довери мало детенце на возрасни истополови партнери, кои се одговорни и способни да му пружат колку толку нормално детство. Поокеј ми е од седењето во дом за деца без родители.
 
...па добро,отсуството на социјална и човечка одговорност не ни дава за право да осакатуваме нежни детски души и психи...или грешам?
 
...па добро,отсуството на социјална и човечка одговорност не ни дава за право да осакатуваме нежни детски души и психи...или грешам?
Нема ништо да им стане ако се посвоени од хомо пар. Ако се ОК родители зошто да не исто треба да се третираат. Ако има исфрустрирани фаци на кој тоа им смета тоа е нивен проблем не на тие што посвојуваат. Па и детето да стане хомо е ОК иако воопшто не мора. Деца посвојуваат со разни вери или политички убедување или што ти ја знам што.
 
...убава е демократијата,ни остава простор да размисливаме со своја глава,а со тоа и да ги шириме нашите погледи за животот
...се прашувам само,како ќе ја доживее истата едно дете кое немало право на избор и кои се последиците по неговиот психолошки развој?
 
Родителите ни влијаат на професијата, верата, политиката, сексуланата ориентација, хобито, образованието и што ли уште не...на сите ни влијаело воспитанието и родителите. Што е добро а што е лошо?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom