- Член од
- 17 август 2009
- Мислења
- 3.685
- Поени од реакции
- 5.315
Нема добра и лоша страна у војна, сите се лоши.Нема да го испоштоваш нормално. Но сепак, има џентлменство и во војувањето, и ако си различен од нацистите, биди различен. Не мора да го поставуваш знамето на СССР на Рајхстагот, а на раката да имаш 8 часовници кои си ги украл...ЧАСОВНИЦИ ЕЈ....Ти во тие пукања и се да мислиш колку часовници да дрпниш... Ете тоа ти беда...
Вака сега, со тие куршуми,разводнување и шетање по тавани, на друго место. Мислам ептен си провиден.
Прво, мешаш баби и жаби..Протоколарни меѓудржавни средби на Хитлер со други државници имало, бидејќи Хитлер бил сепак канцелар на Нацистичка Германија, и како таков остварувал средби со сите лидери и челници на други држави.. Е сега, разводнувањето кое сакаш да го направиш со твоите слики е ПРИЧИНАТА поради која Хитлер се состанувал со државниците. Знаеш многу убаво Сталин со Рибентроп кај се сликани, и што правеле кога се сликани тогаш, припаднициве на црвената армија со нацистиве кај што се гушат и парадираат заедно зошто се сликани...
Еве ако не ти е јасно, да ти разјаснам...Сликата што ја постирав на Сталин со Јоаким Фон Рибентроп е за време на потпишувањето на пактот Рибентроп - Молотов, пакт на кој злобната Нацистичка Германија заедно со мирољубивиот и светски спасител Советски Сојуз, ставија параф на договорот на кој се обврзуваат двете земји да не се напаѓаат, и на средба на која е договорено да си ја поделат Полска, баш онака мирољубиво од страна на СССР. Советите не сакаа да ја делат Полска, ама за да ги спасат Полјаците од Нацистите ги анектираа онака пријателски, а на другите слики кај што ги пречекуваат нацистите со цвеќиња и парадирања заедно, тоа му праеја филмој дека му се големи пријатели.. Ете имаш интернет, отвори малце, контактирај со Полјаци, спомни му ја мирољубивата Советска република на кој било рандом Полјак денеска и што мислење има за тоа ќе ти објасни далеку поубаво од мене...Да видиш, колку зло имаат нанесено таму, уште им се свежи раните..
Сталин не е ништо подобар од Хитлер, напротив. Јас мислам дека има и повеќе крв на рацете од Хитлер...
Автоматски споено мислење:
Не бе, требало да влезат и да силуваат жени и деца. Да докажат дека не се ништо подобри од нацистите....
А за второто, во право си..14 години сум на кајгана, и вакви како тебе сезнајковци на батерии колку дошле и прошле, чудо нешто...
Ама има "подобри" и "полоши" гледано од лична точка, на пример за германците, белгијци, австријци, холанџани, скандинавци, бугари, румунци, итаљани, и еве што тврдиш ти па и за пољаците изгубиле подобрите (наци немачка), меѓутоа за нас балканците,словените особено тврдам дека победија "подобрите". Значи не најмилите, најкротките, најдобрите, туку подобрите од двете страни, гледајќи ги нивните политики кои ги креирале и фино лепо извршувале на терен (на истребување и етнички инженеринг).
Темава е глупа да се објаснува повеќе, наци групи имаш и денес по цел свет, не е ништо повеќе табу, ама ако мислиш дека тоа е решението, незнам шо да те посоветувам...
Исто така ставаш слики и објаснуваш за договори меѓу ссср и наци дојчланд за ненапаѓање, тоа е дел од дипломатијата и мн битно пред војната, и денес имаш милиони договори на секоја држава со секого, неможеш да знаеш дека за 3 години од сега Израел ќе лансира сто нуклеарки и утре да биде крив Димитров или Милошовски,Поповски што потпишал некој договор за воена соработка незнаејќи им го извитоперениот им план...
А поделби на држави и територии имало и ќе има секогаш, и денес имаш. Ама има разлика сето тоа од геноцид и психопатски експерименти на живи луѓе, т.е. нелуѓе, на сметка на ариевците од ултима туле.