Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.322
Од каде тие мали и средни лаборатории дојдоа до пари за R&D да развијат таква вакцина? Истото прашање како и погоре? Пари од народ , вакцина за народ.

Патентите би им ги одзел со право на тоа што вакцина е common good нешто што нетреба да се патентира, посебно не во време на пандемија каде што цел свет е во криза, дополнително вакцините се развивани од државни пари. Еве немора да прават mRNA во држави од третиот свет, нека прават од другите видови на вакцини како што се од AZ знаеш колку побрзо ќе се излезеше од таква криза и колку помали ќе беа веројатностите за некој X мутации?.

Не е научна фантастика муабетов за вакциниве имаш пример на ова во лековите кои после 10 години го губат патентот и секој може да ги произведува, замисли сега ти во време каде што срцеви болести има огромен дел од населението, народ да зависеше од тоа колку Аспирин произвел Bayer и колку им дупнало нив на курот да ја качат цената? Ама океј.. популизам било :)
Газдите на Бионтех ималe порано лабораторија и ја продале со тие пари направија нова. Модерна колку што знам како старт ап собрала пари од инвестори уште пред некоја година. Добиле и сега помош секако од кога покажаа, дека имаат сериозен кандидат за вакцина. Државната помош придонела да се убрза сета работа ама не било како поради државни пари се измислиле овие вакцини.

Ај ќе ги одземеме патентите, и после? Не кажа како со тоа ќе добиеме барем една вакцина плус. Нема производителни капацитети, треба know how, треба суровини итн.

Друго: Нормално дека луѓе и компании треба да имаат мотив да истражуваат и да бидат иновативни. Некој поединец работи за слава, за жал фирми не може да си дозволат тоа, значи мотивот е и заработка. Ако им одземеш патенти даваш лош сигнал и ја убиваш мотивацијата за идни истражувања. Далеку сум од бранење капитализам ама имавме прилика да споредиме од 1945 - 1990 пазарни економии и плански економии. Мислам не морам да спомнам која беше поиновативна и покорисна за луѓето. На страна поединечни примери прајме муабет за општеството во тие држави.

Common good е добра илузија ама нема такво нешто. Ни храна не добиваш без пари, ни стан ни вода ни струја. Достапноста е клучна. Вакцините ги нема во доволна количина ама има избор и гледам дека и посиромашни и помали и понемоќни држави можат да обезбедат ако работата добро. Кога ќе има доволно количини овој проблем автоматски ќе се реши.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.548
Поени од реакции
2.691
Ај ќе ги одземеме патентите, и после? Не кажа како со тоа ќе добиеме барем една вакцина плус. Нема производителни капацитети, треба know how, треба суровини итн.
После просто и едноставно секој што има можност ќе ги прозиведува, тој што нема можност нема да произведува.

Далеку сум од бранење капитализам ама имавме прилика да споредиме од 1945 - 1990 пазарни економии и плански економии. Мислам не морам да спомнам која беше поиновативна и покорисна за луѓето. На страна поединечни примери прајме муабет за општеството во тие држави.
Ах да, типичното ad-hominem, планска економија, Сталин или Тито, Патот кон Кметството или Комунистички Манифест, забеганите комунисти и радикалната левица, муабети кои што никаде не ги споменав ни пак имам некои тенденции кон нив ама океј. :tapp:

По муабетиве ФДА ги направивте најголеми комунисти и фанови на планска економија со тоа што направиле патентите да истекуваат на лековите :pos: :pos: :pos: :pos:

Common good е добра илузија ама нема такво нешто. Ни храна не добиваш без пари, ни стан ни вода ни струја. Достапноста е клучна. Вакцините ги нема во доволна количина ама има избор и гледам дека и посиромашни и помали и понемоќни држави можат да обезбедат ако работата добро. Кога ќе има доволно количини овој проблем автоматски ќе се реши.
Јас пак ќе ја залепам клучната поента на постот бидејќи некако не ја видовте или ја одбегнавте ни ти ни Dumbledore во целата дискусија. А вие пак со муабетите за храната, за облеката, за мебелот или деловите за компјутери, работи кои што немаат никаква врска со муабетов.

Реков јас сум презадоволен, нека излезат уште 10 мутации дур средат со продукцијата господата, па боцкајте се секоја година како што посакуваат. :ROFLMAO:
Не е научна фантастика муабетов за вакциниве имаш пример на ова во лековите кои после 10 години го губат патентот и секој може да ги произведува, замисли сега ти во време каде што срцеви болести има огромен дел од населението, народ да зависеше од тоа колку Аспирин произвел Bayer и колку им дупнало нив на курот да ја качат цената? Ама океј.. популизам било :)
Да си ебат мајката тие комунисти што го направиле ова, требаше сега да чекаме на Bayer за Аспирин, за Сумамед од Плива и Лизиноприл од АЗ/Мерк.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Храната, електричната енергија и водата се исто јавни добра. И пак, да, мал процент од населението може да ги произведува или најде во природата. Некои сметаат дека водата не смее да се флашира и продава, други дека електричната енергија треба да биде бесплатна т.е. да плаќаме само дистрибуција. Тука ми беа поентите. :)

И не реков дека си комунист, туку дека тоа е комунистичка мерка. Како тебе размислува современата либерална младина и ти ја разбирам логиката. Само не се согласувам. Може да се прави профит и во услови на пандемија. Битен е соодносот и тука во игра влегуваат регулаторните тела.

Дури ти ја сфатив и поентата со Стар Трек, иако немам гледано ниту една епизода. Не е Си-Фи, туку теоретска мисла.

Инаку, ќе има сезонско боцкање против Ковид. Ако бидеме сведени на ова секоја година или секоја втора година, ќе биде весело. :)
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
106
Поени од реакции
261
Зошто сѐ се врти околу вакцините? Никој ли не коментира за сеуште високата стапка на смртност? Веќе две недели како имаме под 100 новозаболени дневно, а бројот на починати речиси секој ден е над 10. Ова не ви алудира на негрижа во болниците? Сега веќе не се ни толку полни и можат доста повеќе време да му посветат на секој пациент.
 
Види многу од работите се јавни добра, дури и пристапот до интернетот и пристап до компјутер е јавно добро. Тоа незначи дека треба да бидат бесплатни, проблемот со патентите како што кажав погоре е во тоа што работата е дојдена нож до коска, а со другиве случаи како храна , електрична енергија и вода генерално не е, пазарот си функционира супер таму си има производство, понуда и побарувачка и сите други марифети.

А за тоа што викате дека ништо не е бесплатно, јас би рекол дека генерално ништо не е бесплатно, ама има бесплатни работи, тоа е тема за друго време.

Работата е да има вакцини за сите и цените да се пристапни за сите, пр како што е пример со аспиринот. Проблем е тука што сме кратки на време, тоа е цела поента.

Знам дека немаше ад-хоминем од твоја страна, затоа нему му посочив за тоа, се разбираме со тебе во дискусиите уживај :D. Јас немам проблем со Фајзер, проблем имам со регулаторните тела што го дозволиле истото.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.240
Поени од реакции
42.990

зошто тие биле хоспитализирани од претходно, упали малце логика
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.713
Поени од реакции
37.692
...зависноста, немање избор и контрола врз животно значајни ,,лекови,, се фактори кои ќе ја диктираат иднината на човештвото,

... пандемија прогласена декември 2019, сега сме мај 2021 и се уште луѓето се редат, плаќајќи високи суми за тестирање со тестови КОВИД 19, до сега тие тестови требаше да се продаваат како гума за жвакање, со цена сигурно поевтина од тестовите за докажување на бременост, ама мора да се држи под контрола пандемијава топло -ладно по потреба,

... дали сме размислиле, зошто не би се продавале вакцините, па и инсулинот како сите други лекови? зашто би зависиле од ,,некои,, што би ни одредил со која вакцина, конкретно зборувам за К19 и инсулин да се прими под државна контрола? зашто луѓето да бидат вратени од вакцинација и од земање инсулинска терапија, компјутерски систем паднал, серверот имал проблеми, па се измешале и термини за вакцинација и можност за внес на инсулински податоци ...WTF ??

... дали некој одговара? - Не! дали тоа ќе се случи во иднина ? - Да!
кога нема одговорност, совесност и казни, човекот како пациент се држи под контрола зашто животот му зависи, нема од каде да ја купи ниту вакцината, ниту инсулинот!
... е тоа е контрола на пазарот, а богами и на пациентите да се зависи од некој ИТ дркаџија што дента му се измешале лонците и од некој таму Х по ред министер за здравство што имал ќеф или немал да ги купи вакцините и инсулините под сомнителни околности!

...додека е политиката во здравство ќе има пари, ама ќе нема здравје!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Види многу од работите се јавни добра, дури и пристапот до интернетот и пристап до компјутер е јавно добро. Тоа незначи дека треба да бидат бесплатни, проблемот со патентите како што кажав погоре е во тоа што работата е дојдена нож до коска, а со другиве случаи како храна , електрична енергија и вода генерално не е, пазарот си функционира супер таму си има производство, понуда и побарувачка и сите други марифети.

А за тоа што викате дека ништо не е бесплатно, јас би рекол дека генерално ништо не е бесплатно, ама има бесплатни работи, тоа е тема за друго време.

Работата е да има вакцини за сите и цените да се пристапни за сите, пр како што е пример со аспиринот. Проблем е тука што сме кратки на време, тоа е цела поента.

Знам дека немаше ад-хоминем од твоја страна, затоа нему му посочив за тоа, се разбираме со тебе во дискусиите уживај :D. Јас немам проблем со Фајзер, проблем имам со регулаторните тела што го дозволиле истото.
Не си во право за првиот параграф. Не е само пазарот за електрична енергија. Тој функционира ужасно лошо. Под притисок се качува цената, а регулаторните тела молчат. Чекаме либерализација, но никако да дојде, а сеуште не сме во состојба, како поединци, да посегаме по алтернативи. Тука е употребата на природните богатства и увозот.

За водата. Само мал процент е пивка вода. Пазарот тука функционира подобро, ама поентата е за реткостa на ресурсот и флаширањето.
Замисли, и кислородот може да се продава! :D

Сантели ќе ме тепа, назад на темата.
И 20 долари е пристапна цена дури и за нас. Ако дотераме до 600.000 имунизирани (х2 дози) ќе дојдеме до 1.2 мил. вакцини. Тешко е да се направи математика затоа што вакцинираме со 4-5 вакцини. Можеме да имаме само рамка (најмногу потрошени (сите со Фајзер) и најмалку (сите со АЗ)). Не знам дали ми ја сфаќаш логиката. :D

Кои регулаторни тела дозволиле што за вакцината? Сите договори се тајни, ние имаме некој ценовник и тоа е сѐ.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
"Според ова истражување спроведено пред пролетниот пик, дури 73% од граѓаните немаат прележано ковид а секој десетти анкетиран денеска година и половина по првиот случај смета дека корона вирусот не постои."

ова не ми се верува дека е точно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom