- Член од
- 25 декември 2019
- Мислења
- 1.953
- Поени од реакции
- 3.019
- Возраст
- 28
Ke vidime dali ke go pustat niz voda gradonacalnikot na Kumanovo.Го бришел во меџувреме цел интернет....со све снимки....
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ke vidime dali ke go pustat niz voda gradonacalnikot na Kumanovo.Го бришел во меџувреме цел интернет....со све снимки....
Нема лабаво во надворешната политика и со дипломатите што се овде во ФИРОМ. Мора да знаат што е ред.Веста на Баздикин му ја пренел официјален претставник на Министерството за надворешни работи, во согласност со дипломатскиот протокол. Како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.
Образложението, како што пренесува „Алмакос“, е дека Владата на Северна Македонија покажува будност во зачувувањето на својот суверенитет од руското однесување.
Паднаа во вода надежите на помалите партии дека наскоро во Македонија избори, наместо во шест, ќе има во една изборна единица. Владата даде негативно мислење за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик поднесен од: пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, на ДС, Павле Трајанов, ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, на ВМРО-НП, Љупчо Балкоски и на пратеникот од Коалицијата предводена од СДСМ, Панчо Минов.
Во него пишува дека во рамките на Министерството за правда веќе е формирана интердисциплинарна работна група составена од релевантни државни органи, претставници на науката, на ДИК, ДКСК, ДЗР, АВМУ, бројни претставници на НВО и претставници на неколку парламентарни политички партии која работи врз изработката на целосно нов Изборен законик.
Според текстот на мислењето доставено и потпишано од вицепремиерот Артан Груби, работата на работната група е поддржана и постојано набљудувана од страна на меѓународните организации кои активно го следат изборниот процес во државата изминатите дваесетина години (ИФЕС, ОБСЕ/ОДИХР, НДИ, ЕУ).
– Како процесот на усвојување на Изборниот законик, неминовно ја наметнува потребата од консензус на сите политички партии, по дефинирање на решенијата по однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, планирана е поширока дебата на работната група со исти парламентарни политички партии, на која ќе се разгледа и предлогот за промена на изборниот модел, пишува во мислењето на Владата за Предлог-законот за една изборна едница.
Поради сето ова, Владата не дава позитивно мислење за предложениот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик поднесен од група пратеници и му предлага на Собранието да не го донесе законот.
– Истовремено, Владата смета дека е упатно доставениот предлог да биде разгледан од работната група за изработка на Изборниот законик, со цел истиот да биде предмет на поширока дискусија помеѓу струката и политиката, а конечниот предлог за измени на Изборниот законик, да биде резултат на сеопфатен инклузивен и консултативен процес, со цел гарантирање на правната сигурност, стои во мислењето.
Помалите партии предлагаат целата државна територија да се облекувала во една изборна единица со отсуство на изборен праг.
– Со тоа ќе им се овозможи и на помалите политички партии, како и на партиите на помалите етнички заедници, да го остварат своето право на претставување. Во актуелната поставеност на системот, нивните гласови се поделени во шест изборни единици и во ниту една од нив, тие не успеваат да соберат доволно за да добијат пратеник, пишува во Предлог-законот за една изборна единица.
СДСМ дава поддршка, ама ДУИ не.Раката на срце....што да се очекува поинаку...
Прегледај го приврзокот 295588
Прегледај го приврзокот 295589
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), доби близнак од Бугарија – универзитет со ист назив, кој доби одобрение од Владата да врши високообразовна дејност во Република Северна Македонија.
Одлуката која е донесена, во член 1 гласи: „Со оваа одлука на странската високообразовна установа Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, со седиште на ул. „Теодосиј Терновски 2“ 5003 Велико Трново, Република Бугарија, акредитирана за вршење на високообразовна дејност од страна на Националната агенција за оценување и акредитација на Република Бугарија, се дава одобрение за вршење на високообразовна дејност на територијата на Република Северна Македонија“.
СВЕТИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Креативни сe обачињата од истокот со имињата
Целото име е : ВЕЛИКОТРНОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „Свети Свети Кирил и Методиј“.
Секако ќе биде подобар од оние автохтони универзитети на Мерко и други научници ко него.Uste eden stranski, Bulgarski univerzitet e toa sto i treba na drzavata.