Не се разбирам многу во крипто валутите, ама ова што дечкото го објаснува е едно од основите на тргување на берза
Во случајов со биткоинот како најпопуларен сега се погодил моментот да се совпадне ова, ама тоа не значи дека кај сите останати валути е исто. А ако ја погледнеш состојбата на пазарот во моментов скоро се (ако не и се од крипто) оди надоле
Колку сакаш барај за другите валути вакво сценарио нема да најдеш зашто скоро се останато беше во акумулациона фаза
Точно е дека тие со пари го контролираат пазарот, ама крипто е сеуште лабилен пазар еден твит од некој како Маск и оде воз у кукуруз
Тоа е она што го зборувам дека нема шанса предвидеш што ќе се случува.
Не секогаш подобра технологија расте повеќе од послабите технологии, ниту пак тие со ограничени количини.
Едноставно со еден твит на Илон и слични како него може да отиде и по 30-40% нагоре/надоле.
Да не правиме муабет што јавна тајна е дека се користат на големо за перење на пари и финансирање на терористички организации/криминални организации. Еден ваков скандал да пукне и да згрмат забрани во земји како САД/Кина ќе отиде цел маркет во три лепе.
Инаку имаше скандали каде на телеграм во приватни групи се собираа бандитоси кои тежат по неколку милиони и правеа претумбации со алткоините. Особено на нови алтови во рок од недела дена им пумпаа по 20-30 милиони за да направат хајп и да се истрча народ да инвестира, и кога ќе се соберат овци продаваат се додека трепнеш.