До и Од модераторот на подфорум Религија

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто одбиваш ти да бидеш модератор????!
Бидејќи премногу ќе банирам и ќе делам казнени. Не трпам офтопици посебно кога двајца тројца започнале било каква дискусија, за која дури и не се сложуваат воопшто истите... и доаѓаат други со навреди, со глупости пишување... за да се чувствуваат интересни и полезни.
Ќе загине подфорумов ако јас управувам со него. :)

Друг, е подобро. Спомна @Dumbledore некои модератори и тие се стварно одлични модератори!
 
Vikash tolku se mokjni telemitite?
Они се само една мала група,на светско ниво.
Можда тука на форумов нешто изиграваат курнази и си имаат врски.
Не им придавај толку големо значење ;)
После ќе ги возвишиш и ќе им се крене его-трипот до архетипска свест.

BTW можеш и да си прегледаш статистики на гугл.

kontam ubavo plakjate?
Ништо не плаќаат,од нив можеш само во минус да влезеш :)
 
Последно уредено:
@Dumbledore , гледаш порелаксирано... веднаш офтопик, како да имаат модул некој вградено.

За тука треба модератор кој што сериозно ќе се заморува на подфорумот Религија. Осетлива тема е тоа... не може да убедиш некој да не се чувствува навреден бидејќи ќе му расправаш за религијата ти како ја гледаш. Но може да му го смениш начинот на размисли и да го поттикнеш да бара ново...
Кога дојдов тука прв пат, освен ислам и христијанството, другото беше секти и зло. Никој не смееше ниту да гукне против христијанство и ислам. Дури и еден модератор ни напиша, ова е македонски форум, христијанството е доминантна религија...
Мхм да, ако се лажеме...
Па како така? :)

Работата е да се поттикне луѓето да сакаат да изучуваат компаративна религија, да знаат дека нештата се достапни за проучување, да се мавнат од секојдневните „верници“ и како тие разбираат или дејствуваат.
Гледај си за себе патот... и учи повеќе и подобро. А ако некому религијата како поим му е одбивност, езотеријата исто - не гледам зошто би се заморувал да споделува размисли со другите, кога за тоа не знае ништо. Тоа е само заради сарказам, офтопик и тролање...

Не е за секој слобода тоа го знаеме од историја :)
Од политика, спорт, здравје, литература, философија па се до религија...сѐ е тоа менување на животни навики, мислења, ставови или практики.

Критичката мисла го движи светот, ако некој се пронаоѓа навреден поради одредена критика, тогаш неговото место не е на тој подфорум. Критиката отвора нови хоризонти односно веќе ја споменав "паричката". Без критиката (позитивна/негативна) ќе живееме во стаклено ѕвоно.

"Цензурата е забранета". :)
 
@Dumbledore, кога ќе научат дека за критика треба знаење, учење итн итн, а не просто инаетење и офтопик - ќе биде работата на подобро. И модераторот ќе нема многу работа секако...
 
Форум е, не очекувај експертизи и елаборации. Прво никој не чита, второ никој нема толку слободно време. Но еден критички осврт на состојбите во светот, поврзани со религијата, секој може да напише.

Мое е само да ставам до знаење (ако читаат админите) дека треба и овој подфорум да има свој активен модератор. :)
 
Мое е само да ставам до знаење (ако читаат админите) дека треба и овој подфорум да има свој активен модератор. :)
Никој неќе да се нафати, а тие што сакаат веројатно (со право) им личат на неподобни за тоа.
 
Нема многу сообраќај на овој подфорум, не знам зошто некој не би се нафатил. Проблемот е во тоа што ни јас не би знаел кого да предложам, сем DaedaIus кој не знам дали има волја. exlexmk требаше повторно да биде поставен, но не е најактивен баш. Оние кои висат на овој подфорум не сакаат!

Има админ и нека си одлучи. И тука, и во Политика, и во Дом и семејство фали модератор.
 
Муабетов започна со доза сарказам :) , со несериозност, попат дотрчаа ко глутница уште неколкумина со офтопици и „досетки“ на кои местото не им е за тука/форум... и кога 2-3ца почнаа сериозни муабети за темата, за модератор, за правила, за подфорумот - тие луѓе се повлекоа. Сигурно размислуваат на други теми сега :)

Едноставно некои членови не се за овој подфорум. Нема што да кажат ако во нивните муабети не е поврзан некој член на форумов... што ќе ти е тема, тоа е непотребно! :cautious:
Затоа има различни теми, форум голем колку цела Македонија сосе сите делови - оди живеј туркај си раатот :)
 
Јас те уништив само тебе на форумов, затоа сега за се сум ти јас крив, бидејќи не може да ја тргнеш таа пајажина од пред очите... си го затру умот премногу.... и тоа по твоја волја, не по моја. ;)
А зошто? Бидејќи не можеш(е) да прифатиш дека нешто не знаеш или си згрешил во некоја размисла...
 
Нека ја прочита дискусијата @Bitcoin на последните 2-3 страни и нека си донесе решение. Ниту еден подфорум не треба да биде "кој стигне брани" како во маалски фудбал.

Читам незадоволство и меѓу широкото членство за потребата од поставување на модератори и на празните подфоруми. Лично дигнав раце од предложување модератори ама, ете, од мене 2 предлога во коментарот погоре. :)
 
Форумот не е голем колку цела РСМ(Македонија).
А телемистиве на светско ниво немаат бројност,барем,ниту како една од двете поголеми политички партии.
Од каде целата таа прашина?
Гледам многу фаци на форумов што си ја ишкаат мувата од капата,поарно нека се декларираат како понизници на Кроули,како што тоа го прават достојно Хептата и Ипсата,
да кажуваш постојано дека "не си телемит" е тешко лицемерие.
 
Форумов е поголем од Македонија, огромен процент од членовите ни доаѓаат од страна. :)

Лично немам ништо против сарказмот, и тоа е начин на искажување на работите. Ако се прашувам јас, сакам само посветен модератор затоа што оние од страна реагираат само на пријави и кога пријавите ќе зачестат го банираат членот од темата.

Можеш и директно да ме нападнеш, ама веќе, искрено, немам намера да трошам време на темава. Моето си го кажав. ;)
 
Форумов е поголем од Македонија, огромен процент од членовите ни доаѓаат од страна. :)

Лично немам ништо против сарказмот, и тоа е начин на искажување на работите. Ако се прашувам јас, сакам само посветен модератор затоа што оние од страна реагираат само на пријави и кога пријавите ќе зачестат го банираат членот од темата.

Можеш и директно да ме нападнеш, ама веќе, искрено, немам намера да трошам време на темава. Моето си го кажав. ;)
Боље ќе беше да си молчеше:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom