Помош: Фотоапарати, сервис, општи прашања околу опрема и фотографија

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Каков редуктор имаш? Работата е што не сакам плус срчи, ќе губи на квалитет. Јас последениот елемент го доближив према сензор 1,5мм и со обичен адаптер (метален прстен) добивам слика жилет. Само страв ми е да не допира на огледало, затоа две слики удрив само.

Нема да допира. Идеално е целиот оптички склоп да го доближиш до сензорот околу 1 мм. Верувај ти делува сликата дека оштра со последниот елемент доближан, ама ако доближиш целиот објектив уште пооштра станува.

Јас користам 24 мега пиксели Никон д3200, на моменти имав чуство дека сензорот е тесно грло...хелиосов вадеше толку оштра слика што му треба бар 30 - 40 мп за да дојде до лимит. Нормално ова зборам на бленда ф4 или нагоре. На 2.0 сите хелиоси немаат многу оштрина. На пример имам никон н серија 50 мм...на ф 1.8 е далеку пооштар и вади позаситени бои него хелиосот ама го нема тој карактер на сликата и тоа боке.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797

Го имам истото тело д3200, го најдов за смешни пари (100ЕУР) со испукани 3000 фотографии (не се пропушташе :) ). Човекот го продаваше зошто му се скршил пластичниот бајонет (го извадил објективот и не знаел да го врати па борејќи се го скршил -немам коментари :)) на кит 18-55 објективот, што го средив за 2 долари. Купив нов бајонет од али експрес го сменив за 10 мин. Стакло сочуван е. Инаку исто имам и д5100 па за споредба баш и малку не сум задоволен од д3200 на ниска светлост кога треба да качам ИСО дава поголем шум за разлика од 5100ката. Никонов сензор користи, мислам малку висока пикселажа за него, додека д5100 е со Сони сензор на 16МП и е многу постабилен на високо ИСО. Ти како си задоволен општо од д3200ката? Дај твој плусови и минуси за него. Ептен ми е тазе, уште не сум фатил убаво време за удрам една сесија со него (инаку сликам пејзажи најмногу).
За Хелиосов ако не е тајна те молам кажи што операција му направи, мојов е 44-6 сакам убаво да го средам.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
IMG_20191227_105015.jpg

Еве слика од Хелиосот. Значи одземено е по 0.5 мм и од последната капачка на објективот како и 0.5 мм од самиот адаптер. Инаку кај мене е 44М-4 објективот ама мислам дека се исти со 44-6.

За Никонот апаратот си е супер за парите. Реално на 1600 исо во потемни сцени вади како grain некој ама не е толку забележително. Јас имам сликано спортски натпревари во сала во лошо осветлување, па добри сликите испаднале, само ти треба брз објектив. Бар 2.8 ако не и 2.0 и побрзо.

Не користам воопшто модерни автофокус објективи, нема смисла јас како аматерски фотограф да дадам 500+ евра за некој најнов објектив кој ќе ми затреба еднаш или два пати годишно, ако и толку.

Покрај кит објективот и хелиосов, имам и Никон E series, 50 mm, f1,8 фикс и 70 - 210 мм ф4 зум мануелен. Овој последниов објектив е бомба. Јас го зедов кога не беа толку скапи, за некој смешни 4000 ден . Сега цената е накачена и тешко се најдуваат воопшто. Ако може да најдеш ваков земај без прашување, објективо е лудница, 98% од работите што може да ги правиш со скап 2.8 зум кој кошта 1500 евра нов, може да ги правиш со овој за многу поевтино.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Прегледај го приврзокот 226457

Точно за да се наполнат квалитетно 24МП треба добро добро и брзо стакло. Знаеш што фали на нашиве апарати -мотор за АФ :). Конкретно имам и еден стар Тамрон 710N (F mount) f3.8-5.6 28-200mm (кроп би дошло ~43-306mm) жилет е ама без мотор. Исто имам 18-105 никоновиот солиден е (има мотор :)), а никон фикс 35ката е топ (мн сум задоволен од тоа стакло). Овој што го кажуваш 70-210ката е звер еден другар го има, би сакал да го најдам за приступачна цена :). А инаку д3200ката за парите е екстра, само уште не сум му се израдувал....чекам сончеви денови за во природа. Реално мене зошто 70% ми е пејзаж не ми смета М фокус, на трипод релаксирано, мерак.
Супер си го средил Хелиосов, ми се свиѓа. Треба некој со дребонг да најдам да ми симне по пола мм. На прстен инфинити добиваш баш на симбол или пред тоа? И колку ти наплатија за да стругнат?
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Точно тешко дека ќе се погоди инфинити да биде баш на знакот ама лесно се дотерува ова. Го местиш објективот со live view да биде точно фокусиран на инфинити и послем околу прстенот го преместуваш. Однапред на објективо се одвртува капачката предна и под нејзе има три ептен мали штрафчиња. Овие ги олабавуваш и прстенот за фокус може да го преместиш кај сакаш да биде.

Цена не сеќавам точно али беше некој евтини пари не повеќе од 200 - 300 ден. Знам дека одма за пет минути ги стругна двата дела.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Земав тема за гласање да отворам, кога тоа уште еден ден сте имале!!!!
@Петра П. @Acid @bijons @Toto.toto @TrendS @Agda Beata
Верувам во вас:kafence:
Јас добив неверојатна идеја, ама ми фали урбан град. :( Баш во моментов го чепкав апаратот како за промена. Го бива ли, или јас не знам да го работам? :D

(pls префрли ми го прашањево во соодветна тема, не знам каде да го поставам)
 
Attachments

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.047
Поени од реакции
13.539

Исто ми се деси и мене кога си помислив, ај бе доста аутоматик, дај да видам копчињава што се, кога тоа расипан апаратот!!!
Њве сега полњка почека се поправа, секој ден по малку :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Исто ми се деси и мене кога си помислив, ај бе доста аутоматик, дај да видам копчињава што се, кога тоа расипан апаратот!!!
Њве сега полњка почека се поправа, секој ден по малку :)
Овој не е расипан, само што јас врска немам. Кога го прашав мм, ми рече не чепкај тоа, се' ти е автоматски. :LOL:
 
Член од
19 февруари 2018
Мислења
14
Поени од реакции
18
Здраво на сите !
Пред некој ден пишав на форумот ( адаптери за користење на стари објективи) но таму последниот коментар е од 2015 год. овде гледам почесто коментирате , давате совети и тн.
Сакам да поставам едно прашање и се надевам дека некој од вас ке ми одговори.
Имам стар апарат Canon AE - 1 кој го купив како половен пред 15 - ина години и за сето тоа време одлично ме служеше, ми има извадено одлични фотографии се додека не ги снема филмовите за фотографирање во продажба ( инаку апаратот сеуште добро работи ).
Кога го купив апаратот тој го имаше и сеуште го има објективот : МC SOLIGOR C/D ZOOM + MACRO 70 - 210 mm. 1:3.5 ф 62 не е на навој туку на закопчување.
Дали би можел да го користам овој објектив доколку купам исто Canon од поновиве дигитални апарати и како.
Не сум некој експерт за апарати и многу малку се разбирам.
Имам Nikon coolpix L 120 и чувствувам потреба за нешто поголемо и појако но за на пролет, сега пред малку ги гледав Nikon coolpix P900 со фиксен и Canоn EOS 2000D, Canon - от ми се допагја го нудат со 2 објектива.
Работам како уметник - сликар и сакам да извадам убава фотографија било каков совет и препорака за апарат е добредојден, буџетот ми дозволува од 20 до 30 000 ден.
Однапред ви Благодарам !
 
јас лично врска неам ама ќе го прашам другар ми што ми го подари истиот апарат, можда он ќе знае
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
имаш адаптери, за овие мислам дека имаш без стакло и со стакло,
разлика е infinity фокусирање,
и имај во предвид со стакло дека ке е намален квалитетот, се зависи колку квалитетен адаптер имаш

тој апарат навој му е FD, а на поновите EF

јас имам го користам на canon FD 50mm f1.4, и реално убави слики вади. а твојот незнам, може ако си од куманово може да ти го позајмам адаптерот да пробаш ако ти одговара да си нарачаш
 
Член од
11 февруари 2021
Мислења
12
Поени од реакции
3
Здраво, дали знаете сервисер за фотоапарати Canon во Скопје?

Имам canon 600D и последниве неколку дена не сака да фокусира, кога ќе го притиснам копчето за сликање на пола, не фокусира и не сака да слика. Дали му се има на некој случено ова?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Здраво, дали знаете сервисер за фотоапарати Canon во Скопје?

Имам canon 600D и последниве неколку дена не сака да фокусира, кога ќе го притиснам копчето за сликање на пола, не фокусира и не сака да слика. Дали му се има на некој случено ова?
c0b49edfc4774a6c9353006b6eb49452_G0093941.gif

...провери го прекинувачот за режим на фокусирање на објективот, автоматскиот фокус нема да работи ако прекинувачот за режим на фокусирање на објективот е поставен на <MF>, постави го прекинувачот за режим на фокусирање на објективот на <AF>, како на сликата.

bee4e5e5e32648cca4f5dd2728287b30_G0101180.gif

... исчисти ги електричните контакти на објективот и камерата, преносот на информации помеѓу фотоапаратот и објективот се врши преку електричните контакти и на фотоапаратот и на објективот и доколку контактите од страната на објективот или на страната на камерата се извалкаат, нема правилен контакт, а во некои случаи автоматскиот фокус може да не работи правилно и затоа објективот или контактите на фотоапаратот ако се извалкани, исчисти ги многу нежно со чиста, сува крпа, но никако со влажна крпа, нуту со раце тек тогаш ќе се расипе скроз и кога се чистите контактите од страната на објективот се внимава да не се оштети површината на објективот, ако објективот не е безбедно монтиран, може да има случаи кога автоматскиот фокус не работи правилно.

958db5fb341f444ba3e08bc4a1254083_G0101183.gif
...aко автоматскиот фокус не работи кога копчето за бленда е притиснато до половина, поставката за прилагодена функција може да се смени со притискање на копчето за бленда до половина, камерата е поставена да го заклучи AE (се поправа експозицијата),

caf9e9f610704eff91639c36f1b750d9_G0078783.gif

во овој случај, со притискање на копчето за бленда до половина, камерата почнува да мери и се менува вредноста од 1 или 3 (пишува во прирачникот за функција на фотоапаратот).

2cd8ae968d9f4f6eaffa92f5d596a711_G0078784.gif
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Наградно прашање; кој дуќан во Скопје поседува „Фуџи„ машина за печатење дигитални фотографии?...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom