Преземено од фејсбук од Пења Мадридиста де Мацедониа. Интересни прашања за размислување
Прашањата кои постојано се вртат низ медиумите денес се зошто Флорентино Перез се нафаќа на ова ? Зошто ги спасува Барселона, Интер, Милан, Арсенал, кои дојдоа на работ да бидат подзаборавени во Европскиот фудбал ? Кој е бенефитот за Реал Мадрид ? Зошто да се доведуваат во прашање 13-те Европски титули и онаа која е во игра сезонава ? Што е ова толку ургентно за да се случува во време на една светска пандемија и креирање на нов светски поредок ?
Прво, Флорентино Перез знае точно дека доаѓа време кога е практично крајот на спортот и дека фудбалот е веќе парично-базирана индустрија. Тој веќе не може да се натпреварува со лудите цени на трансфер пазарот и платите кои што ги бараат играчите со сегашно поставените услови.
Второ, иако Флорентино нема никаква љубов спрема Барселона или Лапорта спрема Реал Мадрид, кристално им е јасно дека на фудбалските фанови вниманието многу повеќе им го привлекува Ел Класико помеѓу Реал и Барселона, отколку некој натпревар против Леванте или Еибар.
Трето, сите големи Европски клубови ќе имаат бенефит и нема да се гушат поради финансиските проблеми на Милан и Барселона, големата фрекфенција на лигашки натпревари помеѓу овие екипи ќе донесе многу поголем интерес меѓу фановите, многу поголема гледаност и со тоа и профит за сите директно инволвирани во Суперлигата.
Четврто, со ова завршува тоталитаристичкиот пристап на УЕФА и ФИФА со кој тие добиваат 90% од сите пари вложени во големите натпреварувања, а клубовите само преостанатите 10%. Ако еден клуб кој ја освоил Лигата на Шампионите на крајот од сезоната освои 100 милиони евра, можете да замислите колку само пари добива УЕФА за истото натпреварување и прашањето кое се поставува е каде одат сите тие пари ?
УЕФА и ФИФА немаат фонд со кој ги помагаат големите клубови кога ќе западнат во финансиска криза, туку напротив, воведуваат санкции за оние кои нема да ги платат своите кредити во време на криза. Тоа се случи со Милан два пати во изминатиот период и е најавено да се случи со Барселона наредната сезона. Што е бенефитот од Европскиот Комитет ако не може да им помогне на своите учесници кога тие се во криза ?
Најбитното прашање е, зошто Флорентино Перез е подготвен да ги жртвува 13-те Европски титули за ова ново натпреварување ? Едноставно кажано, Флорентино гледа чекор подалеку, понапред, во иднината, наместо да се врзува со минатото и она што некогаш било. Тој радо би го имал својот тим на врвот во наредните 20 години, наместо да освои уште една титула во Лигата на Шампионите и да стравува за неговиот опстанок кога времињата ќе бидат тешки.
Да не заборавиме дека идејата за Суперлигата е долгогодишна идеја, со точно утврден проект и услови, а не е нешто воопшто ново во оваа слика. Блатер и Платини кои се наполнија со нечесни пари беа само "жртвени јагниња", но нееднаквата распределба на средствата продолжи и понатаму. Клубовите се тие кои што постојано трпат. На брутален начин беа земени катарски пари и беше најавена организација на едно Светско Првенство среде сезона во 2022-рата година....кој трпи најмногу од сето тоа ? Нормално клубовите. Дали некој некогаш застана на страна на големите клубови и се запраша што ќе се случи со нивните играчи кои треба да играат во Катар, ако истите се повредат и сезоната е завршена за нив ? Кој го плаќа играчот, клубот, репрезентацијата, ФИФА, УЕФА или можеби Катар ?
Јасно е дека на крајот на денот, се се сведува на парите. Но, истите овие фанови кои што го нарекуваат лицемер или платеник Флорентино Перез, Ањели, Глејзер, забораваат една битна работа....парите се тука. Прашањето е дали ќе ги земаат богатите Европски куќи кои не прават ама баш ништо за напредок на фудбалот или самите клубови кои го креираат шоуто, ги даваат платите на играчите и го привлекуваат навивачите на стадионите на крајот на денот ? Кога УЕФА го собира колачот тогаш е ОК. Дури и кога Ла Лига го собира колачот тогаш е ОК. Но кога клубовите бараат поголем дел за себе, е тогаш не е ОК и тогаш мора да пишуваме глупости од типот "умре фудбалот".
Дали клубовите бараа термини од 12 часот напладне, во услови тешки за игра и на сонце или тоа го правеа фудбалските куќи и унии ? Дали клубовите одредуваат како екипата која ќе испадне од Премиерлигата ќе земе поголем дел од ТВ правата од четвртопласираниот во Шпанија или тоа го прават фудбалските куќи ? Дали клубовите бараат да играат Светско клубско првенство во Јапонија, Катар и Јужна Африка среде декември кога во Европа е ладно а на другиот крај од светот екстремно топло или тоа го налагаат УЕФА и ФИФА ? Дали клубовите бараат да се играат квалификации за Европско и Светско Првенство во ваков систем, со 3 натпревари за 6 дена и половина играчи да се вратат повредени од тие натпревари или фудбалските куќи ? На крајот од денот, пак ќе кажам, платата на играчот ја дава исклучиво само клубот, никогаш УЕФА, ФИФА, Ла Лига или Катар.
Доаѓаме до еден момент во која просечниот навивач е збунет. На него му се креира сторија дека големите клубови се "крадците", дека тие сакаат да креираат своја Суперлига за да ги "осиромашат" повеќе другите, дека играчите кои ќе играат во Суперлигата нема да може да настапуваат во ниедно друго интернационално натпреварување и заради сето тоа клубовите се оние "лошите". Никој не ги коментира сите преочигледни пропусти на другата страна кои се провлекуваат со години наназад и кои се се поголеми и потешки за да се издржат. Никој не ги гледа сите неправди со жешките топчиња, делегирањето на судии, играњето на некој студен терен во Белорусија или Финска среде ноември и милионите кој некој ги зема на грбот на тие клубови, а дава само трошки за возврат.