Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.763
- Поени од реакции
- 52.740
Претпоставувам дека со закана дека ќе им го одземат правото да играат во нивните натпреварувања за својата репрезентација се надеваат дека играчите ќе почнат да се бунат против своите клубови. Не верувам дека ќе се случи тоа и затоа е очаен обид.A, што можат да им направат на играчите? Каква надлежност има УЕФА тука?
Уствари не е само за ова, и за спонзорства и ТВ права буквално за се, ништо нема да знаеме до последен момент. Којзнае какви договори се потпишувани, кој се стои како потписник таму и кои се официјалните институции што можат да направат нешто повеќе од "притисок".
УЕФА и така пак ќе изгуби затоа што ќе пропадне гледаноста на СП и ЕП без играчите на топ клубовите.