Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.322
Зашто нема грип? Оо па зашто има мерки маски се носат не се собираат.
Зашто има корона.Оо па зашто нема мерки маски не се носат се собираат.
Уште споредби со грип се прават? Среќа што грипот е многи потешко пренеслив а тоа дека годинава нема е поради мерките. 2 од последните 5 години пред Корона имаше потешки бранови грип и тука имаше зголемен број жртви а знам луѓе во 20тите кои 4 недели лежеа во кревет и уште долго почуствуваа последици. Грип, не грипален инфект. Коронава е поголемо срање секако, среќа што сепак мал број умираат иначе ќе наебевме скроз.
Автоматски споено мислење:

Нормално дека не се веродостојни. Параноици и хипохондрици до максимум, али неможеш да ги окривуваш бидејки денешниот модерен западен свет се нема соочено со ваква ситуација од толкави размери.

Еден мал милион војни и вонредни ситуации многу посериозни од оваа се дешавале низ светот, траеле со години, па сеа единствени податоци за нив може да се најдат во учебниците по историја.

Замисли како им било на тие шо ја проживеале WW2 цели 6 години, а не биле на фронт. Рестрикции со основни намирници до максимум, беда и очај на секое ќоше, страв по својот живот секојдневно, а на тоа додај ја и глувата доба каде информацијата стигала дури после неколку недели па и месеци. Од самата помисла ми се одзимаат нозете, камоли да преживееш вакво нешто.
Вака да ти кажам. Да, луѓево на запад не сакаат големи ризици во животот. Сакаат 100% сигурност, безбедност, не прифаќаат 1:100.000 ризик од тромбоза. Декаденција до некаде. Збеснати ако сакаш така. Од друга страна па ја лично имам еден живот, исто и моите. Затоа сакам заштита. Секој со своја среќа ама ако можам да се заштитам ќе го направам тоа. Што фајде од тоа да изигравам храбар или јунак, кој го ебе вирусот. Болеста го кутина и најјакиот човек нема тука лажна храброст. За тебе тоа е параноја или хипохондра, искрено ми е гајле. Си го гледам здравјето.

Спредбата со војната не ти е на место. Од многу причини. Ќе ти кажам ама од друг агол. Порано владителите ги учеа луѓето дека нема поголемо дело од жртвување на својот живот во војна за татковината (=владителите). Храбро гинеа, дадоа све за ништо. Фала Богу во најголем дел денес го надминавме тоа, гледаме за себе. Не знам искрено што сакаш да кажеш со муабетот. Дали треба како солидарен акт на предците и ние да поминеме таква криза? Или подобро би било што побрзо да ја надминеме, со помалце жртви, со помалце негативни последици? Ако одговорот е да - зошто не го правиме тоа кога све што треба ни е на маса?
Автоматски споено мислење:

...да, во ред нека боцкаат, ама со што, вакцина против сезонски грип за наредна сезона ќе одберат 3,4 вируси доминантни и ќе направат вакцина од тие соеви, затоа што вирусот мутира на две три години, а овде мутира месечно со толку појавени соеви и истите моментално присутни и измешани низ цел свет, колку вакцини треба во една една година? десет ли ?
Иако не сум ризичен 5 години по ред примам вакцина против грип. Без нус ефекти, без грип иако во тесен круг имав луѓе кои го имаа и беа 4 недели вкревет. Што е проблемот не сфаќам? Одземаш 5 минути примаш вакцина и си заштитен. Што е проблемот? Не стварно. Ти имаш пациенти, знаеш дека некои од нив земаат по 5, по 10 лекови на ден со тешки нус ефекти. Тоа е подобриот пат?
Автоматски споено мислење:

која будала народ сме, не гледаме дека вакцините сеуште се во експериментална фаза, односно се прати и евидентира и допрва ќе се знае колку и какви нуспојави како и последици ќе има по здравјето на луѓето , битна била вакцинацијата.........па кога не можете да почитувате протоколи како да се избегне вирусот, кога не сте одговорни и сакате гужви по маркети, кафичи, казина,јавен превоз, кога не барате од шефовите и колегите да се држат по протокол итн итн, нас ни вакцина не не спасува........се докажа уште еднаш дека народот е обична стока и може да се прави со него што се сака и како се сака,само да потсетам дека милијардерите само го зголемија богатството за време на пландемијава , а нас не убија медиумите со негативни вести
Значи сме негде пола милијарда луѓе во светот со примена вакцина. Кои последици ги очекуваш? Почнаа држави да се враќаат во нормала благодарение на вакцините. Знам, во денешно време докажување отпор е одбивање на вакцина и обвинување дека другите се овци, само ние другите сме паметните.
Автоматски споено мислење:

...ако споредувате епидемии и пандемии од пред 100 години и сега, со ова денешна нова нанотехнологија и напредок во медицината за разлика од тогаш, тогаш џабе муабет и споредба,
отидоа на Марс да пуштат дрон, толку пари потрошени за заебанции на Марс, а овде еден вирус не ебава веќе 15 години, не му најдоа решение, единствено ако не е намерно, друг логичен одговор немам!
Ама споредбата. И медицински одеа на Марс. За нецела година имаш 5 разни вакцини со разни технологии, ефикасни и безбедни. Па ти прва мрчеше дека се брзо направени. А сега не ти чини.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.391
Поени од реакции
24.096
Да се имаме начекано.
Да не бевме во економска дупка ја би никогаш да не ги отворат кафаните тука :) Граници нека отворат море хеј какви кафани :)
Se nadevam ne kaj Zinur :cautious:.
Sojma vrska kafani so granici zatvoreni. Neka gi otvorat i tie i tie pa koj kaj ljubi tamu neka odi.
P. S more prepeka za Malta ili Svedska. Mladosta ti pomina vo cekanje :(.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
295
Поени од реакции
266
Година дена после пандемијата уште се дискутира кој е точниот начин на пренесување, но тоа не ги спречува владите да играат еци пец кој дел од економијата или од животот ќе го сјебат поради некаква заштита. Вчера читав некоја статија, шансите да се заразиш од површина биле минимални, као еден у 10 000 случаи. Замисли се ебаваме една година со средства за дезинфекција, се караат луѓево кој миел кој не миел раце и шетал по паркови, а се игнорира фактот дека грото од луѓето се заразија во затворен простор, најчесто на работа или по дома.
Уште од почеток на пандемија се знаеше дека се пренесува преку капљици. Тоа ти што не си разбрал за тема за која што се збореше 24/7 не значи дека други не разбрале или не знаеле. Исто така од почеток на пандемијата се знаеше дека затворени простори носат најголем ризик. 13 месеци ти требаше за да научиш?

Не гледам да се игнорира дека грото се заразени во затворен простор. Што помалце контакт во затворени простори е подобро. Немај да проектираш своја неинформираност кон светот.

Е премногу просто:

1) Се пренесува преку капљици (маски дефинитивно помагаат)
2) Контакт во затворен простор е најголем ризик
3) Подолг контакт(разговор) носи поголем ризик од пократок контакт

Проблемот е што обичниот граѓанин индиректно ќе убие колку и да треба само за да одбегне минимална неудобност за носење маска и негрупирање па после на крај тешења од видот не знаеа, уште се дискутира, конфликтни вести од авторитети ово оно. Ако не ти се носи маска, а притоа не живееш во држава што има капацитет да те примора да носиш не носи но немој да се објаснуваш со глупи изговори.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.374
Поени од реакции
18.504

Ја не сум епидемиолог ама можам да кажам за тоа што сум го видел. 20 души да зарази еден човек во погон може само ако вирусов се шири преку воздух или некој ако плука во 30 метра радиус. На почеток демек по површини се пренесуваше па битно беше да се мијат раце и дезинфицира, па испадна било каква маска е доволно. Сеа голем дел од земјите бараат н95 респиратор да носиш, сосема логично за вирус што се пренесува преку капљици :D Убаво пишаа, следно очекувам на една нога да пробате да стоите. Ја знам доста луѓе што ги почитуваа меркиве се испозаразија, дури и тој што ги предлага кај нас се зарази. Нормален човек ќе се запраша да не утнале нешто. Или коа веќе не знаат, нека не не масираат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Добронамерен совет: Не троши толку време за мене троши си го за други работи, занимација, прошетка друго нешто. Не знам колку време листаше ама не доволно да видиш дека месец дена сум вакциниран со АЗ а дискусијата бепе за втората, како што ти пиша @Dumbledore . Некој ден после првата доза ја сменија препораката да се дава АЗ само за постари од 60 години а во тоа време не се знаеше со која ќе биде втората доза. Ете тоа прашање се реши: ќе примиме некоја од мРНА вакцините.
Кажи сега колку те плаќаат? Мора да те плаќаат. Би работел за 1/2 од тоа! :D

Не сакам да ја напаѓам Бијонс. Не за друго, цел форум ја ремети. Плус ти си тука власт (мнозинството членови размислуваат како тебе), а јас опозиција. Мое е да ги напаѓам твоите ставови, но да бидам искрен немам веќе волја за ништо такво. Сега патролирам за да видам дали на некој му пукнал филмот и бара задолжителна имунизација, карантини и кратење на права па да го тормозам дополнително.

Ете, сега нека биде опозиционер некој друг, моето помина. :coffee:
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Проблемот е што опозицијата, иако малубројна, е многу погласна од позицијата. Површно гледано, тие се мнозинство.

Јас прв би бил за задолжителна имунизација доколку би била трајна. Или барем 5-10 години да делува. Вака ни тоа не помага.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Проблемот е што опозицијата, иако малубројна, е многу погласна од позицијата. Површно гледано, тие се мнозинство.

Јас прв би бил за задолжителна имунизација доколку би била трајна. Или барем 5-10 години да делува. Вака ни тоа не помага.
Гледано подлабоко, никој не ви е крив што не се јавувате за збор. Ете јас се повлекувам, се надевам дека ќе просперирате.

Лично не се интересирам веќе. 3.000 луѓе ни умираат поради загадувањето, проблем посериозен од Ковид кризата. Секојдневно голтаме кило прашина и после сите се на вентилатори. Никој не се заинтересира да го реши тој проблем. Бев на протести со тие јадни 100тина душички.

Се релативизираат и други проблеми кои резултираат со гаснење на животи, како на пример имавме медал (не знам дали сребрен или бронзен) по стапка на смртност на бебиња во Европа! Никој со прст не мрдна.
Се релативизира проблемот со абортусот. Грдата Рада го продолжи до шестиот месец! И тука дополнително се гаснат животи.

Од мене се бара да се борам и против пандемијата. Искрено не ме интересира. Мојот живот не е во ризик и наредна недела старите ќе се имунизираат. За останатите воопшто не ми е грижа. Донација по донација и акција по акција. На крајот на денот некој ни фала не ти кажува! Заеби солидарност и хуманост. :D

Сега стигнавме до точката на кулминација. Како сакате справете се со кризава. Да беше мојот живот во некаква опасност, секако дека ќе се вакцинирав. Но не е. :coffee:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Гледано подлабоко, никој не ви е крив што не се јавувате за збор. Ете јас се повлекувам, се надевам дека ќе просперирате.
Зошто да се јавуваме за збор?
Антиваксерската и антиковид багра (тебе не те вбројувам тука, се трудиш аргументирано и пристојно да дискутираш) наместо аргументи користи навреди. „Ако сте будали седете дома“, „само идиотите веруваат во ова“... Недостатокот на аргументи и интелигенција го пополнуваат со навреди. Само тие се паметни, останатите се глупави. Затоа мораме да им одбиваме на глупости и да ги прескокнуваме.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Зошто да се јавуваме за збор?
Антиваксерската и антиковид багра (тебе не те вбројувам тука, се трудиш аргументирано и пристојно да дискутираш) наместо аргументи користи навреди. „Ако сте будали седете дома“, „само идиотите веруваат во ова“... Недостатокот на аргументи и интелигенција го пополнуваат со навреди. Само тие се паметни, останатите се глупави. Затоа мораме да им одбиваме на глупости и да ги прескокнуваме.
Добро, има(ше) и принципиелна опозиција. Сепак секој може да го избере соговорникот.

Наративот оди нагоре кога се зголемува бројот на заразени и починати и опаѓа кога и тие опаѓаат! Мора да се биде доследен, но и мора да се почитуваат мерките. Надвор од тие мерки јас немам никакви обврски. Ниту правни, ниту морални.

Ако се држиш за сидрото ќе се удавиш. Некогаш мора да се пуштиш. Затоа барајте си адекватни соговорници. Соговорници кои ќе можат да ви ги побијат тезите со одредени аргументи (секоја дебата е здрава за општеството) и соговорници кои ќе ве натераат да размислувате подлабоко од голиот факт кој ви е сервиран од медиумите или научната фела. Така и самите ќе имате подобри аргументи.

Поради таквиот став и резон можам да парирам иако има голема разлика во години меѓу мене и тој форумски просек. Генерацискиот јаз не е пречка за воспоставување комуникација. ;)
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.571
Поени од реакции
3.366
Зошто да се јавуваме за збор?
Антиваксерската и антиковид багра (тебе не те вбројувам тука, се трудиш аргументирано и пристојно да дискутираш) наместо аргументи користи навреди. „Ако сте будали седете дома“, „само идиотите веруваат во ова“... Недостатокот на аргументи и интелигенција го пополнуваат со навреди. Само тие се паметни, останатите се глупави. Затоа мораме да им одбиваме на глупости и да ги прескокнуваме.
Дали дома седиш со маска?Чисто информативно прашувам да го видам нивото на страв кој ти влегол у коските...
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Добро, има(ше) и принципиелна опозиција. Сепак секој може да го избере соговорникот.
........
Поради таквиот став и резон можам да парирам иако има голема разлика во години меѓу мене и тој форумски просек. Генерацискиот јаз не е пречка за воспоставување комуникација. ;)
Изборот за принципиелна опозиција е многу мал. Тешко се наоѓаат соговорници...

За мене генерацискиот јаз е уште поголем...
Дали дома седиш со маска?Чисто информативно прашувам да го видам нивото на страв кој ти влегол у коските...
Ова твое прашање е чисто провокативно.
Јас два пати бев пред вратите на рајот (среќа не беше пред пеколот, па не ме примија) па стравот одамна исчезна.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
За мене ова се изговори за бегање од дебата. Прво го напаѓаш квалитетот, а потоа и квантитетот. Ама ете скоро една година сум на темава, независно во која група и да не сместувате, не бегав од прозивка или дебата.

Не е мое да ја распалувам дебатата и да им креирам главоболки на модераторите. Но и не е мое да се грижам за некој старец кој сака да листа билтени по кладилниците, а не сака да се вакцинира. Секој треба да појде од самиот себе.

10% се пријавени за вакцинација. И тоа е релевантен факт и аргумент. На дел ќе им помине редот. Ете во одредени градови се вакцинираат лицата од 75-80, во Скопје 73-74...зошто бројката не е поголема?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.332
Поени од реакции
26.285
Извини, заборавив дека постарите не се луѓе.
Ти избра да квантифицираш, со споредбата. И кога квантифицираш, животите имаат вредност. Прашај во осигурителна агенција, банка, доктори во тријажни центри, пожарникари, спасувачи. Сите се тренирани да квантифицираат животи.

Ако сакаш да продолжиме со споредбата ВСВ-Ковид пандемија, единствен начин да се продолжи е тој. Ако сакаш патетика, има доволно луѓе на темава и за тоа. Ама секако дека ќе бидете смешни.
Очигледно дека вие немате деца, немате никој сакан кој би сакале да го заштитите. Наместо да џафкате и да се жалите како е се затворено, бидете мажи и допринесете со нешто за да се среди побрзо ситуацијава.
Единствен начин побрзо да се среди ситуацијата е побрзо повеќе луѓе да стекнат имунитет. Во таа насока, затворањата не помагаат за побрзо средување, туку напротив.
 
F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
862
Поени од реакции
1.370
Утре се очекуваат 10 илјади дози од „Фајзер“, до крајот на април и 200 илјади кинески вакцини

Не ја разбирам потребата од набавување на вакцината со најниска ефективност, ама че го видиме крајнио резултат шо че покажи. Поубо нешто отколку ништо.

Граѓаните сакаат да се вакцинираат со Спутник или Фајзер

Добро е шо резултатите покажуваат дека народо сепак знај со која вкацина сака да се вакцинира, а проблемо е стално до телетабисите на власта, за нивната неспособност да набават Спутник или Фајзер вакцини. Можеби и зато шо Спутник и Фајзер „не соработуваат со народ под 2 милиони жители“.

ИПИС: Граѓаните незадоволни од справувањето на власта со коронавирусот

Нормално никој не е задоволен кога од почетоко на пандемијата ги шлакаат истите закони и рестриктивни мерки шо се во западните земји, а кај нас то не успева.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom