Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Get a life, бе.Го знаеш она: "Немој не ме радуј"? Епа тоа ти е друже.
Те молам немој. Немој за бришан простор за сервирање, немој за триуфализам, надменост и искривена перцепција, немој за модераторство и што е дозволено - што не, како и слични ствари пошто сето тоа го имавте на претек. Да, на претек!
Но, тогаш бевте револуционери и рушевте режим пошто Гуки ради одредени причини не ве играл, а сега што сте (откако овие што ги инсталиравте не ве есапат за живи)?
Ти реков и претходно, можеби ќе пројде кај некој што не ве читал но кај дечките погоре тешко. Многу тешко.
И не, да те игнорирам или да реплицираме е потполно исто се' додека сам на себе (не мора јавно на форум) не си признаеш: "Еј, ја усрав. Ја усрав и за себе и за генерации после себе си".
Потоа е полесно, болен процес е но следи каење за стореното па искупување за грешките. На крај, можеби би реагирал така жолчно и на вистинското место, а можеби само на избори би заокружил поинаку отколку претходно - без да реагираш никаде (но и едното и другото е успех).
Во меѓувреме, финти као "Ја ништо не знам, не сум видел, сум бил у подрум" - НЕ проаѓаат.
Со лесно.
Ти се имаш насерено на генерации уназад и унапред и полн си со гордост. Не можеш ни да исперцепираш какви срања си поддржувал и колкав е твојот учинок во трампање на национален интерес за личен интерес, пари и слобода.
Вие го паркиравте автобусот пред провалија. Образ ѓон имате. Уште пишувате у тема што 0,001% нема врска со тоа што си мислите дека сте. Преку ноќе се идентификувате се ликови кои суштински сакаат да ве нема, пошо сте опортунисти, пијавици.
Никот го имаш сменето, што да кажам повеќе. Ти објасни им на другите зошто си го напраил тоа, а освен политика, во ниедна друга тема не сум те видел.
Автоматски споено мислење:
Си ги собра лајковите од штаб со глуп пост, си заврши работа. Ќе си имате многу обврски периодов за да си го обезбедите паразитскиот живот. Глупо е што имате партиска тема, а се бутате кај шо не ви е место. Таму ти имаш бришан простор да докажеш зошто сте спотер на сдс, зошто преспавте по дома историски предавства, не организиравте ниеден протест за ништо, еве и од поново време, тргнавте да собирате пописи против референдум, па забораивте што почнавте да праите и слични големи патриотски достигнувања.Не те цитирам тебе, шушулко, не се секирај. Ова е за помладите.
Феноменов глејте го. Е, и учете (тие помали шо сте на форумов) како не треба. Значи, јас пишувам дека „АБЦ, Братот, Мисирков, па после битушанец, брутус...некои од овие квалитетно бранеа ставови, некои помалку квалитетно“, односно дека првиве тројца солидно, а другиве двајца лошо, со крајна поента дека не го правеле тоа агресивно, макар шо го правеле лошо и не нанесувале штета на партијата. Иде шушулко, чита толку колку шо му е капацитетот, разбира колку шо му е капацитетот... и затоа шо е арогантен у неговата неукост, реагира. Ај шо реагира, па и лаже, вика „си нашол мудрост во битушанец“, а такво нешто ниту е напишано, ниту се подразбира. Ама ако шушулко го пише, со сите негови hehenca добри сто пати, шушулко мисли дека станува реалност.
Му викаат на дотичниот дека, прво не разбрал сирот шо било напишано, а второ, самиот тој припаѓа во групата агресивни токсични ботови и му даваат пример (за тоа дека е бот) од два негови постови, еден у време на Грујо, кога шушулко викал дека Грујо не продал сосе гаќи на „татариштата“ и дека не смееме никако, НИКАКО да имаме контакти со нив, за во време на Заев истиот шушулко, кога стварно не продадоа на бугарите сосе гаќи преку договорот за „добрососедство“, да пишува како тој договор бил „прилично мудар“ и како „не смееме да се караме со соседите“.
Тука веќе шушулко е на автопилот. Се вклучува старата испробана методологија на измислување грбка кај соговорникот, покажување со прст и викање „хаха, Квазимодо“. Па измислува дека сум го бранел паторот, сум немал интегритет, сум имал гангрена, сум крадел овошје од комшијата, не сум рециклирал, ја лично сум ги убедил тие 8 да гласаат за промена на името, сум знаел кај е закопан Џими Хофа, сум го обесил Епстин за да не каже шо сум праел.
Е тоа, драги помлади членови, се вика очај. Не за џабе кажале дека ранетото животно е најопасно. Значи, прво, никако немојте да лажете, да измислувате и да вреѓате соговорник (ако не е тоа реципрочно). Второ, интелектуалната сиромаштија не ја надокнадувајте со ароганција и дисквалификација на поумните. Некогаш скромноста е доблест, сите треба да бидеме свесни колку ни е долга чергата. Трето, според мене најважно, после секоја негативна интеракција, направете интроспекција, да видите каде сте вие и дали сте ја заслужиле таа негативна интеракција, дали може од тоа нешто да научите, да извлечете ука, да станете поарни луѓе. Никако не дозволувајте дифолтот да ви биде напаѓање, врескање и омаловажување на другиот затоа шо, ете, вас ве стаил на тапет. Внесете малце космицизам во вашиот светоглед, спуштете го гардот и прифатете го секој заслужен момент на зреење.
Ова, секако, не важи за шушулко. Он е cautionary tale за останатите.
Не пишувам ни у вашата тема, ни у таа на сдс, нити копам што глупости имате тресено за сеа да глумите големи војводи.
Интелектуална сиромаштија ееее несреќо, ти живееш од ова. Преиспитај си ја целата егзистенција, па после употребувај ги тие тактики, грпки и слични фори шо ги учиш од цел ден гниење на интернет. Пошо и во тек на работно време среќавам ликови со разновидна психопатологија, необразование, ич немам проблем со твоиве "квалификации", мада и форумов и реалниот живот нешто друго кажуваат од тоа шо си го истрескал. Разбирам јас дека е супер лесно, да седнеш со битушанец во тема, па заедно да воспевате низ поезија, како што избираат доживотен претседател во Туркменистан, ама не е така едноставен животов.
Последно уредено: