Како да си направите вебстрана?

shadows & smile

just a lost boy
Член од
10 февруари 2008
Мислења
291
Поени од реакции
7
Морам да прокоментирам дека одличен е туториалов!
Едноставно бравос deXterche :zver: јас сум почетник во овие работи и сакам да продолжиш со прекрасните часови...
А ние смртниците ке продолжиме да учиме :nesum:
Поздрав...
 
А

Ајсшутер

Гостин
Најдобро според мене научете го ова што deXterche го напиша и креирајте си свој www.blogger.com односно блог менувајте ги HTML кодовите и гледајте како ќе ви испадне гледајте разлики јас направив колку да видам како работат кодовиве и слично и засега оди добро потоа ќе го избришам кога ќе мислам дека ги знам.
 

StaneMk

The Rival
Член од
27 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
0
Да се надополнам со Декстерче.

Што е тоа <div> и за што се користи :

<div> е таг за описниот јазик хтмл,кој што е кратенка од Divide=( Дели,групира) ,и служи за делење на страната на делови,за подоцна да можеме полесно да ја дизајнираме.Како и повеќето тагови и тагот <div> има завршен таг </div> кој што служи за затварање на тагот,односно за затварање на поделениот дел.За да се разликуваат дивови-те треба да им дадеме име за идентификација ,а тоа се прави на следниов начин,до почетниот таг на дивот се додава id="името на дивот" и во заграда се става името на дивот,име ставаме за да може подоцна наведеме кој див да го дизајнираме,а исто така и за да се разликува од другите,сето тоа во едно изгледа вака :

<div id="logo">
Тагови во дивот
</div>

Забелешка : Името за идентификација на дивот,треба да биде слично со намената на дивот,на пр. не може на див за лого да му ставиме име (куќа).

Внимание : Секој див треба да има различно име од другите,значи не смее да има повеќе дивови со едно исто име.Ке дознаете зошто доколку учите CSS.

Еве од прилика како изгледа делењето на веб страната :

 

The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
dexterce ај ако сакаш продолжи со туториалот за dreamwaver-от баш сакам да го поднаучам.Инаку супер ти е темава само не знам зошто запра?
Има дечки што сакаат да научат затоа продолжи со туториалот :)
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
dexterce ај ако сакаш продолжи со туториалот за dreamwaver-от баш сакам да го поднаучам.Инаку супер ти е темава само не знам зошто запра?
Има дечки што сакаат да научат затоа продолжи со туториалот :)
Мислиш туториал за HTML ? :)

Иначе Декстерче престана со предавањата поради тоа што премал е бројот на заинтересирани. Доаѓаат сеирџии кои едвај инсталирале Dreamweaver и коментираат глупости... демек.. Ејјј шо има да го учам ова, не за џабе иам Dreamweaver. :tapp:

Пробај да го научиш тоа што го има постирано Декстерче, а за понатака... не ветувам ништо, али ќе се потрудам да постирам некој корисен HTML туторијал како продолжение на тоа што го има започнато Декстерче.
 

StaneMk

The Rival
Член од
27 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
0
dexterce ај ако сакаш продолжи со туториалот за dreamwaver-от баш сакам да го поднаучам.Инаку супер ти е темава само не знам зошто запра?
Има дечки што сакаат да научат затоа продолжи со туториалот :)
Кажи,што не ти е јасно,што сакаш да научиш,ке ти помогнам :)
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
i jas bi se nadovrzal kako poddrska, mislam deka konecno go nauciv html kodot dosta dobro, a i dream weaver :)
inace html pocnav da go ucam bas so tutorialite na dexterce... me ima negde nanazad vo temite so nekoi bedni prasanja :) :) :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Мислам дека материјалот е сосема доволен (за HTML), се понатака е комбинација на наредбите. Добро би било да се навлезе подлабоко во веб програмирањето, да почнеме користење на скриптирачки јазици, CSS па да стигнеме до градба на динамични страни.

Незнам што би се пишело за Dreamweaver, мене ми е како страшно добар WYSIWYG едитор и ништо повеќе.

А зошто престанав, па неам војла да седнам да пишувам туториал за кој ќе изгубам 2-3 сати а ќе го прочитаат 2-3 членови, од кои пола нема ни првите 10 реченици да ги дочитаат а ќе искоментираат во стил "абе што се мачите, во фронтпејџ ова е готово за 2 мин" и слични нуб коментари. Темава постои 2 години, кога би ги тргнал туториалите нема да се соберат ни 5 страни квалитетна дискусија
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Џабе ќе се мачи он. Малку го читаат. А тие што стварно сакаат да научат, можат потполно сами на

http://www.w3schools.com/html/default.asp

HTML е во глобала ептен лесен. Само треба да се има "око" за успешен веб дизајнер. :helou:
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
да ми даде некоја ако има готов HTML за да ти покажува у колку има посетители на форумо?:smir:
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
спак мислам дека прашањево не ти е готов хтмл.
хтмл нема бројач. прашањето ти бега накај програмски јазици.....
 

Tanes

Ништо Море!
Член од
23 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
6
Како да напрам динамична веб страна пример аку некој имат 15 инчен монитор да не му се појавевт лизгачи... зш ак ја напрам странава за 17 инчен на 15 инчен ќе имат лизгач
 

The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
OK Dexterce vo pravo si deka mn ima so ne se ni macat da ja citaat temava ali ima i takvi kako mene koi sto naucija nesto od nesto za html pa bi ti bil zadovoloen ako moze da prodolzis so tutorijali za css odnapred fala!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom