Тоа не значи дека сите адвокати се лоши, ти веројатно си немал среќа да сретнеш коректни адвокати, сепак има луѓе кои не сакаат да платат за дадената правна услуга и нормално дека тогаш адвокатот како и секој друг доверител спрема својот должник преку извршител ќе си го бара тоа што му се должи.Од ова што го пишуваш извлекувам заклучок дека си адвокат или не си имал потреба да користиш услуга од адвокат.
Јас за жал имам лошо искуство со адвокати, а знам дека и други имале проблеми со нив.
Исто станува недоразбирање доколку се загуби спорот па странката не сака да плати за претходно преземените дејствија од страна на адвокатот, значи законски е без разлика дали спорот е добиен или изгубен странката му должи на адвокатот за секое преземено дејствие т.е. за поднесоци, за застапување, одење до институции итн. секој си го цени трудот.
Ако во овој поглед си имал лошо искуство тогаш и тоа не е лошо искуство туку недоразбирање, а ќе се согласам само ако адвокатот однапред не ти кажал за што и колку наплаќа, затоа што адвокатот продава интелектуална правна услуга и треба однапред да ја каже цената, па ако му одговара на клиентот во ред, ако не здравје, без скриени трошоци.
Сепак ако си имал лошо искуство со адвокат кој те саботирал кај спротивната страна, или те измамил на било кој начин, тогаш си во право, но тоа се изолирани случаи, едноставно како што кажав си немал среќа си наишол на лош човек, тоа е тоа, сепак во мк освен добри живеат и лоши луѓе, штета за сите нас како општество е што меѓу нас има многу лоши луѓе, злобни катил луѓе, чурук луѓе и за жал нив можеш да ги сретнеш во секоја една професија, работа...