Инвестициони фондови

Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Може ли да напишете нешто за матичната компанија ВФП од Австрија затоа што на интернет нема никакви податоци за неа? И какви резултати во инвестирањето имале вашите инвестициски професионалци во своите кариери? Колкав годишен поврат ќе имам во следните години ако вложам пари кај вас?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
E Bilbo beee


Предноста на инвестициски фонд е што фондот има вработено луѓе чија што работа е да го зголемуваат капиталот на фондот (луѓето кои што ги довериле своите пари на чување таму). Покрај ВФП и Џенерали има уште неколку помали инвестициски фондови. Целта на тие луѓе е да направат поголем принос за своите корисници отколку што може да направи конкуренцијата.
Факинг Бил Гејтс чува пари во инвестициски фонд.
Не е толку проблемот дали да се чуваат парите во инвестициски фонд, колку што е прашање зошто би ми требал middle man за да ги ставам парите во фондот.
Ангажирање на консултант не подразбира да ме насочиш само на тој фонд, туку да ми направиш детална анализа како може да извадам максимум од кешот во даден момент со предикција за ризиците за секоја инвестиција.
Ова што ти го нарекуваш консултант, кај нас на село го викаат продавач.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
На следниот линк https://www.wvpfondovi.mk/mk/menadzhment/ има кратки биографии на фиректорот на целата WVP групација како и на директорите на ВФП инвестицискиот фонд во Македонија.

На ОВОЈ ЛИНК ја има кратката броушра од почетокот на минатата година.
Како се снајде фондот за време на криза ќе вметнам цитат.
Ова е од денес. WVP инвест, 33 % раст во изминативе 12 месеци. До пред извесно време беше во минус, сега од скоро време 33 %...
Просечниот годишен принос од формирањето на фондот е 7%
https://www.wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium-invest/ тука ги има сите битни информации за перформансите на фондот.

Не е толку проблемот дали да се чуваат парите во инвестициски фонд, колку што е прашање зошто би ми требал middle man за да ги ставам парите во фондот.
Ангажирање на консултант не подразбира да ме насочиш само на тој фонд, туку да ми направиш детална анализа како може да извадам максимум од кешот во даден момент со предикција за ризиците за секоја инвестиција.
Ова што ти го нарекуваш консултант, кај нас на село го викаат продавач.
Целосно персонализирано портфолио се прави за клиенти кои уплаќаат над 100.000 евра.
Јас бидејќи живеам на село, сум си продавач, и можам да направам анализа и да предложам во кој од четирите фондови (WVP Cash, WVP 100%Bond, WVP Premium и WVP Dividend) по колку пари би било оптимално да ставиш/ставаш во иднина.

Во врска со ризиците можеш да видиш во делот за компаниите дека компании кои постојат пократко од 50 години а ги има во портфолиото се: Старбакс (славеа 50ти роденден пред недела дена), Водафон, Пејпал, Мајкрософт, Фејсбук, Циско, Амазон, Епл и Адоби. Сите останати околу 100 компании постојат многу подолго, така да ризикот е сведен на минимум.
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95
Мене најмногу што ме привлече во инвестициски е тоа “пасивното”. За разлика од “личното” вложување каде што постојано се прати берзата, нервоза секој ден, напнатост...
Инвестициските некако ми се посигурни и без некое замарање...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
На следниот линк https://www.wvpfondovi.mk/mk/menadzhment/ има кратки биографии на фиректорот на целата WVP групација како и на директорите на ВФП инвестицискиот фонд во Македонија.

На ОВОЈ ЛИНК ја има кратката броушра од почетокот на минатата година.
Како се снајде фондот за време на криза ќе вметнам цитат.


Просечниот годишен принос од формирањето на фондот е 7%
https://www.wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium-invest/ тука ги има сите битни информации за перформансите на фондот.



Целосно персонализирано портфолио се прави за клиенти кои уплаќаат над 100.000 евра.
Јас бидејќи живеам на село, сум си продавач, и можам да направам анализа и да предложам во кој од четирите фондови (WVP Cash, WVP 100%Bond, WVP Premium и WVP Dividend) по колку пари би било оптимално да ставиш/ставаш во иднина.

Во врска со ризиците можеш да видиш во делот за компаниите дека компании кои постојат пократко од 50 години а ги има во портфолиото се: Старбакс (славеа 50ти роденден пред недела дена), Водафон, Пејпал, Мајкрософт, Фејсбук, Циско, Амазон, Епл и Адоби. Сите останати околу 100 компании постојат многу подолго, така да ризикот е сведен на минимум.
Значи пак доаѓаме на моето дека човекот на средина не ти треба (т.е „консултантите“).
Тие што инвестираат над 100к во секој случај нема да ги тропнат парите така туку се спремни и да си платат стручно мислење дополнително.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
E Bilbo beee


Предноста на инвестициски фонд е што фондот има вработено луѓе чија што работа е да го зголемуваат капиталот на фондот (луѓето кои што ги довериле своите пари на чување таму). Покрај ВФП и Џенерали има уште неколку помали инвестициски фондови. Целта на тие луѓе е да направат поголем принос за своите корисници отколку што може да направи конкуренцијата.
Факинг Бил Гејтс чува пари во инвестициски фонд.
Ништо лично, убаво дете си, ама се надевам дека си свесен колку пирамидашки звучиш. Од километар се чувствува класичниот sales/MLM шпил на кој одлично ве истренирале. Дополнително на тоа, одбегнуваш да дадеш директен одговор на сите прашања кои ти се поставени. Дај прво појасни ни зошто би ни бил потребен консултант кој нема брокерска лиценца и кој работи на процент од продажба, за да одбереме помеѓу 4 опции кои и средношколец може сам да ги „изанализира“, па после можеме да одиме понатаму.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
Затоа што продажен агент може да ти ги каже сите детали во врска со продуктот кој ти е интересен.
Затоа што продажен агент може за саат/два/три да ти даде информации за која сам треба да потрошиш многу повеќе време гуглајќи.
Затоа што продажен агент може да те информира за сите новости во врска со услугите кои ги или не ги користиш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Продажниот агент секогаш ќе ги штити интересите на фирмата, што значи дека секогаш ќе подзаборави да ми го каже тоа со ситни букви.
10 пати ќе препрочитам на гугл пред да му ја оставам на некој да ми ја менаџира заштедата за која сум одвојувал од устата и сум рмбал како стока.
Ако не е се транспарентно и да може да го најдеш во документацијата на страната од фондот, пиши пропало и бегај подалеку.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
21 век е, добрите вести се шират брзо, лошите уште побрзо.
Ако заебам еден клиент, тоа значи дека губам најмалку 10 потенцијални. Во таков случај поарно да земам моторна пила и да одам во дрвосечачи.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.791
Поени од реакции
1.702
Дали некој може да објасни за hedge fund? Често ги слушаме по медиуми но ретко да ги објасни некој, како функционираат овие фондови и дали се достапни во МК?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
21 век е, добрите вести се шират брзо, лошите уште побрзо.
Ако заебам еден клиент, тоа значи дека губам најмалку 10 потенцијални. Во таков случај поарно да земам моторна пила и да одам во дрвосечачи.
Да, да, затоа Лајонес пропадна уште во 2009 :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Колкави се уствари провизиите кај ВФП, за влез/излез и годишна провизија?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
Колкави се уствари провизиите кај ВФП, за влез/излез и годишна провизија?
wvp vlezna provizija.jpg

На сликата погоре имаш табела за влезната провизија која што се пресметува на целокупниот износ на инвестицискиот план.
Управувачката провизија е 2% годишно.
Излезна провизија - Нема.
Автоматски споено мислење:

Да, да, затоа Лајонес пропадна уште во 2009 :)
Мешаш баби и жаби. Добар трол си.
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
21 век е, добрите вести се шират брзо, лошите уште побрзо.
Ако заебам еден клиент, тоа значи дека губам најмалку 10 потенцијални. Во таков случај поарно да земам моторна пила и да одам во дрвосечачи.
Да прашам , зашто сте застапени како групација само во државите кои се во развој . Пример зашто немате филијала во Португал , Шкотска , Норвешка ?
Знаеш ваљда на карта да гледаш ? И нели австриска компанија као :) :) јас познавам бааги австриски компании и распространети се насекаде во Европа , а не од Украина до Македонија само
Автоматски споено мислење:

А , и гледам вршите сексков вид на осигурувања па да те прашам дали имате продукт лајабилити осиг. Ми треба за медицински помагала Кл.1
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Просечниот годишен принос од формирањето на фондот е 7%
https://www.wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium-invest/ тука ги има сите битни информации за перформансите на фондот.
Тој Австриецот наводно управувал со помалку пари него што овие успеале да соберат во Македонија, а на интернет нема никакви податоци за ВФП во Австрија што би им дале некаков легитимитет.

Лажно рекламирање е дека приносот на ВФП Премиум бил 7%! Да имало нормална КХВ во државата досега ќе го казнела или ќе му забранела активности. Многу лесно математички се проверува дека принос од 32% за 6 години и 3 месеци постоење е 4,5%, а не 7%! За тоа време најголемите светски индекси пораснале за над 100%, па дури и просечниот инвеститор да купувал акции како ќорава кокошка ќе остварил поголем принос од овие „професионалци“.

Дополнително, лани во екот на кризата кога инвестициската единица им паднала на 89, приносот им бил -2% годишно! :popce:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom