За Кејн да си отиде од Тотенхем, треба да му даде до знаење на Леви дека нема намера веќе да продолжува договор. Во таков случај верувам ќе го пушти полесно затоа што е Кејн и затоа што летово со две години на договорот ќе му биде последна прилика да извади 100+ милиони, а знаеме дека Леви не сака да губи пари. Поради тоа мислам дека би го пуштил за 120-140 милиони доколку побара да си оди.
Е за Халанд, имаше последниве недели информации дека клаузулата сепак била околу 100 милиони, а не 75 како што се збореше иницијално. Веќе од Дортмунд пуштија муабет дека би барале 180 милиони летово за да го пуштат, но мислам дека не е реална таа цифра и би било околу 150 милиони. Доколку некој клуб е убеден дека Халанд им е идеалниот играч врз кој ќе се гради тимот, верувам дека ќе даде 150 милиони ова лето наместо да чека следно кога ќе има повеќе конкуренција.
Ова е моето мислење. Кејн моментално е подобар и покомплетен напаѓач, но годините и договорот играат голема улога, плус пандемијата. Од друга страна годините и потенцијалот на Халанд ја бутаат цената нагоре, но летово максимум што би виделе за било кој сметам дека е 150 милиони.