Ако Левица освои 15 пратеника, а ниту една од СДС/ДПНЕ не е распадната во тој момент за другава да им ги земе клиентелистичките гласачи и да стигне до 50 пратеника барем тогаш единствена можна влада без нив би била СДС - ДПНЕ - ДУИ. Таква шизофрена влада нема 2 години да издржи, а од ДПНЕ нема да остане камен врз камен по штабовите. А во СДС и ДУИ ќе се убијат за пари по внатре зошто ќе им биде намален делот од пленот за крадење.
Картата СДС - ДПНЕ - ДУИ калето ќе може да ја изигра само едни избори и тоа е тоа, и после тоа нека си стават крст во системот кој 30 години го градат тука.
Друга работа е што ова е само почетокот на распадот на СДС - ДПНЕ монолитот. Чим се покажа дека некој од страна може на одржлив начин да ја отвори вратата и да ја држи отворена за до државниот апарат, сега ќе почнат од сите страни да влетуваат и да пробаат и они да ја искористат можноста. Воопшто не е ни за потценување фактот дека за првпат и од следните избори ќе има и не-СДС/ДПНЕ набљудувачи за да се спречи масовното поништување и крадење на гласови од другите партии. Веќе од следните локални избори очекувам советите комплетно да фрагментираат. А општинските совети се една од поголемите институции за вработување на партиски стаорци.