Клиничка смрт

  • Креатор на темата Креатор на темата СпаЈдеР
  • Време на започнување Време на започнување
Kако прво доволно сум паметен така да не мислам да пишувам нешто што воопшто не можам да го сватам,како второ срцето престанува да работи а не мозокот бидејќи да престанеше мозокот немаше да го закопаа момичето бидејќи убаво ќе се видеше дека уште е жива,како трето не само другарка ми(вчера кажав другар што беше тотална грешка)епа на другарка ми мајката имала другарка на која ќерка и и умрела,инаку тоа било порано уште кога мајката на другарка ми била 3 година и со оглед на тоа што бев во нејзината куќа(на другарка ми и мајка и) и го почнавме тој муабет и не би рекол дека сака да ме лаже мајка од 36 години.И чим бил гробот од внатре удиран тогаш мислам дека нема шанси да било друго освен повторно оживување со помош на мозокот.Мислам порано даваа серија околу вакви работи ама ја не ја гледав.Мислам доколку мозокот ти работи ти можеш да шеташ и било што да правиш бидејќи сите работи кои сакаш да ги направиш произлегуваат од мозокот а не од срцето

П.С.Ти случајно да не си доктор?:nesvest: ДимитарЦ?
se slozuvam so tebe vo se zatoa sto toa e vistina ijas imam slusano za toa deka eden covek sto go udrilo grom go pogrebale zasto videle i konstatirale smrt no no edna nok dodeka spiel na eden od tie sto bil so nego koga go pogrebuvale rodnina negov mu se javil na son i mu rekol ziv me zakopavte dodeka go pisuvav ova celo telo i se naezi zatoa sto vistina ima vo toa pozdrav do site
 
Клиничка смрт настапува кога срцето ке престане да работи, а мозокот уште ке е активен. Мозочните клетки може да останат без кислород 5-10 минути, зависно од температурата на телото, после тоа готово, крај, какви недела дена...Типичен пример на клиничка смрт е срцев удар. Доколку се реагира на време, може да се изврши реанимација на срцето и да се оживее, но сепак и тогаш може да дојде до трајни повреди на мозокот, т.е. некои делови од него да изумрат.
Клиничка смрт се изведува и во контролирани услови, заради истражување.
 
Стани бе му велиме, а тој не мрда. Ја ставив мојата рака на неговиот врат чекам десетина секунди, пулсот негов не го чувствувам, ме отрезна сериозноста на ситуацијата одма. Легнето го на земја му велам четири или пет интервали на масажа беа потребни за да се покрени со работа неговото срце, ребро ќе му скршев, а па не пак срцето да му проработи. Ги отвори очите и исплука течност од неговите гради на последниот интервал. Потоа зборуваше нешто ама тоа не можам да го пишам затоа што е сериозно и немам дозвола од него.
 
Ај сеа ја да кажам нешто што ми го кажа професорката по психологија..
Овој пример што го кажавте се има навистина случено и тоа не само кај нас туку и во други земји..не се работи за клиничка смрт туку за посебна болест(не знам како се вика кога ќе најдам повеќе информации ќе пишам)..не престанува срцето да работи туку на некој чуден начин тоа не се гледа...навидум целиот организам не функционира..не се забележува работа на срцето и автоматски човекот се прогласува за мртов...а се дознава дека не е мртов кога ќе се разбуди во мртовечницата на болницата...имало и случаи кога луѓето биле закопувани живи(како вашиот пример)..и семејствата откако дознале за оваа состојба не дозволувале да се закопува човекот се додека повторно не се разбуди...
Чудно нели?!
Мислам дека тоа е нарколепсија, кога човек неконтролирано заспива па така и му се намалуваат функциите во организмот (не се случува секој пат кога ќе заспијат).

Epa aj jas ke vi kazam primer za "Klinicka Smrt". Jas ja imam iskuseno i sum bil mrtov poveke od 40 min., srceto prestanalo da raboti a mozokot seuste bil vo funkcija. Fala mu na Boga sto me spasil.

Е како може 40 минути да си бил мртов?! Значи ја колку што прочитав, максимум беше од 5-10 минути, да не си у грешка нешто?
 
Приказнава мислам дека е вистинита затоа што и мене ми ја кажале и тоа се случило на луге во Македонија. Детето било во клиничка смрт и докторите утврдиле дека нема шанси да се разбуди. Го закопале што го закопале... али мајкава цела недела сонувала како детето ја вика и и вика дека е живо.. по една недела нели мајкава побарала да го откопаат.. кога го откопале виделе гребаници на ковчегот. толку.
језиво...
__________________e ova e strasno
 
Мислам дека тоа е нарколепсија, кога човек неконтролирано заспива па така и му се намалуваат функциите во организмот (не се случува секој пат кога ќе заспијат).




Нарколепсија е неконтролирано заспивање, а оваа болест мислам дека почнуваше на буквата К.
Ако некој ја има гледано серијата Раузан со Освалдо Риос т.е. познатиот Луи Давид од Касандра, во таа серија неговиот лик боледува од таа болест и неколку пати го закопуваат жив


Ке потражам на нет, може ке најдам како се викаше...

Едит: Најдов, болеста е Catalepsy, кај нас валда ке се преведе како Каталепсија
Ништо чудно луѓево од овие случки да ја имале токму таа болест...
Друго пологично објаснување... нема
 
Bolesta se vika KATALEPSIJA.Lugeto sto boluvaat od ovaa bolest koga imaat napad na KATALEPSIJA pagaat vo nesvest.Togas nivnoto srce cuka mnogu sporo i neprimetno a muskulite ne rabotaat.Mozokot im rabota i tie se potsvesni za toa sto se slucuva okolu niv no izgledaat kako da se mrtvi.Mozat da bidat vo nesvest nekolku casa,denovi,meseci pa duri i godini.
 
Ај сеа ја да кажам нешто што ми го кажа професорката по психологија..
Овој пример што го кажавте се има навистина случено и тоа не само кај нас туку и во други земји..не се работи за клиничка смрт туку за посебна болест(не знам како се вика кога ќе најдам повеќе информации ќе пишам)..не престанува срцето да работи туку на некој чуден начин тоа не се гледа...навидум целиот организам не функционира..не се забележува работа на срцето и автоматски човекот се прогласува за мртов...а се дознава дека не е мртов кога ќе се разбуди во мртовечницата на болницата...имало и случаи кога луѓето биле закопувани живи(како вашиот пример)..и семејствата откако дознале за оваа состојба не дозволувале да се закопува човекот се додека повторно не се разбуди...
Чудно нели?!


Болеста е Каталепсија. Слично е и со Епилепсија само што епилепсијата мислам дека посленеколку минути или часови се разбудува. Исто така и ја имам еден пример. Комшиката на бабами ми го кажуваше ова. таа имала баба и исто и се случило.. паднала у кома и демек умрела.тоа било мн. одамна и на бдеењето вториот ден таа станала од ковчег. уфф :tapp: сепак не живеела уште долго. мислам дека поживеала уште едно 4-5 години. И раскажувала како коа била умрена демек одела по пат бел со цвекинја нешто..

Да, ама најверојатно колешката на мајка ти била у кома. Зошто клиничка смрт многу кратко може да трае. неколку мин. Не верувам 1 саат. Меѓутоа сум слушал дека имало и подолго...Шо знам...

не мислеше така тој. клиничката смрт мислам дека трае најмногу 24 часа. доколку трае неколку минути тоа е епилепсија мислам.
 
Пред нешто повеќе од 15 години бев на одмор во Струга со моите родитеи. Тогаш бев мал и незнаев а пливам ама ми беше ќеф онака да се праам дека знам и си шлапкав во плиткото. И додека така се глупирав се сопнав од еден камен, ме покри бран и се најдов под вода. Пробував да излезам од под водата ама неможев и убаво се наголтав вода. Потоа станав и тргнав кон брегот ама веќе беше доцна. Имав вода во белите дробови и не можев да дишам. Почна да ми се стемнува пред очи и да ми се врти во глава и некако ми изгледаше природно да се предадам. Чувството не можам да го опишам баш ама беше некако силно.НА почетокот ме опфати паника ама потоа чувствував нешто како блаженство, ми беше убаво. Незнам дали срцето ми работеше или ми беше престанало. Дека не дишав не дишав тоа е јасно. Наредно нешто откако сум паднал во клинична смрт а на што се сеќавам е извор на светлина, кои некој би го нарекол светлина на крајот на тунелот. Незнам дали тоа е мистично доживување блиску до смртта. Често се прашувам. Можеби светлата точка која ја гледав едноставно беше дел од сончевата светлина која пробила преку клепачите. Незнам некако ми е илузивно сета тоа. Инаку братот на една моја другарка исто бил во клинична смрт подолго од половина час. 45 минути ако не се лажам. Сепак го спасиле лекарите. Тоа се случило непосредно откако се родил па тоа е олеснителна околност. Немал никаква срдечна активност, а и не дишел. Сега е здрав и жив.
 
некоја жена на баба ми и раскажувала дека додека била во кома итсо како да била некаде на многу убаво место!се околу неа било многу убаво градини,ливади....мислам дека ја промашив темата малку :toe:
 
И колку најмногу може да трае клиничка смрт? И ако може посигурни информации :smir:
 
И колку најмногу може да трае клиничка смрт? И ако може посигурни информации :smir:
Јас шо имам најмногу слушнато е ~30 минути. На документарец гледав на Discovery за некоја шо се удавила и после 30тина мин ја реанимирале.
 
Јас шо имам најмногу слушнато е ~30 минути. На документарец гледав на Discovery за некоја шо се удавила и после 30тина мин ја реанимирале.


А никако не можам да сфатам оние што пишале за некоја што се разбудила в гроб, ова она. Л'жги со опашки. :nesvest:
 
Пред нешто повеќе од 15 години бев на одмор во Струга со моите родитеи. Тогаш бев мал и незнаев а пливам ама ми беше ќеф онака да се праам дека знам и си шлапкав во плиткото. И додека така се глупирав се сопнав од еден камен, ме покри бран и се најдов под вода. Пробував да излезам од под водата ама неможев и убаво се наголтав вода. Потоа станав и тргнав кон брегот ама веќе беше доцна. Имав вода во белите дробови и не можев да дишам. Почна да ми се стемнува пред очи и да ми се врти во глава и некако ми изгледаше природно да се предадам. Чувството не можам да го опишам баш ама беше некако силно.НА почетокот ме опфати паника ама потоа чувствував нешто како блаженство, ми беше убаво. Незнам дали срцето ми работеше или ми беше престанало. Дека не дишав не дишав тоа е јасно. Наредно нешто откако сум паднал во клинична смрт а на што се сеќавам е извор на светлина, кои некој би го нарекол светлина на крајот на тунелот. Незнам дали тоа е мистично доживување блиску до смртта. Често се прашувам. Можеби светлата точка која ја гледав едноставно беше дел од сончевата светлина која пробила преку клепачите. Незнам некако ми е илузивно сета тоа. Инаку братот на една моја другарка исто бил во клинична смрт подолго од половина час. 45 минути ако не се лажам. Сепак го спасиле лекарите. Тоа се случило непосредно откако се родил па тоа е олеснителна околност. Немал никаква срдечна активност, а и не дишел. Сега е здрав и жив.

Мислам дека не е.. тоа можеби на тој начин ќе го објаснат оние на кои им се нема ништо слично случено.. Беше летото помеѓу 7мо и 8мо одделение (пред 4 години) и паднав од 1 спрат од тераса со главата во земја (среќа што на местото каде што паднав имаше ставено неколку пластични шишиња, па не беше дирекно главата во земја) и не сум бил во никаква смрт, но во моментот кога паднав се сеќавам на една многу силна светлина и јас како да лебдев во лежачка состојба (знам дека не звучи реално, но немама причина да лажам).. и така во таа светлина ми стана убаво и на почетокот сакав да се вратам од каде што дојдов, но после стана многу убаво и се беше тивко.. наеднаш се освестив дома (за тоа време поминале 10 минути) и веднаш ме однесоа на болница..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom