Ми падна во очи оваа, дали за намените примарно ладење, со догревање во зима ќе заврши работа?
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 5.5 kW, Гаранција: 3 години
klimi.mk
Е ама ја нема на лагер, па дечкото ми предложи вака нешто. Ова е доста ефтино, ама ми е сумњиво дали ќе има капацитет.
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 5.5 kW, Гаранција: 3 години
klimi.mk
Немам Тосот користено и не знам некој што има, но мислам дека на темава има момци кои ја користат таа клима (конкретно за моделот не сум сигурен) и ќе ти посочат предности и маани.
Во однос на Тундрата. Истата ја имам. Членот
@aronmacedon ја има постарата верзија без wifi и јонизатор, а членот
@tzlatko има Тундра од 3.5 kw.
Сите тројца сме задоволни од климите.
Бидејќи не сум продавач и слеп застапник на максимата „секој да го фали својот коњ“ ќе ти пишам набрзина предности и мааани.
Истото можеш да го прочиташ од моите поранешни постови на темата, каде има и пресметки за потрошувачка и слично.
Климата како клима во однос на греење е ТОП.
Доколку би ја користел САМО за да се догреваш мислам дека секоја клима од 5.5kw ќе ти „заврши работа“ доколку очекуваш да ти загрее поростор.
Предности:
1. Тивка внатрешна и надворешна единица.
2. Wifi контрола и јонизатор.
3. Нема мака и при -20 да дува со топол издув. Штета немам соодветна техничка опрема за да мерам, но верувај ми на збор дека не би ја фалел ако претходно сум одвоил од џеб и да не ми задоволува критериуми.
Во мојот неизолиран простор најповеќе повлекла во еден момент 2.4kw/h (овој податок стои на мерач - не во однос на тоа дека со толку работи при греење), a најмалку работела со 600w во Quiet mode, при потопли надворешни температури.
Во ладното, како и секоја друга клима просекот и беше 1.2-1.8 kw/h во зависност од температурни загуби и колку простор загреваш.
Да имав изолиран простор сигурно немаше да повлекува до толку, но сепак ќе трошеше бидејќи секоја клима повлекува над 1.2 кога надвор е над -10 и јаче.
Маани:
1. Само 4 брзини (3 брзини и quiet mode).
Има клими со повеќе брзини, а со тоа и помалиот издув даваат потивка и помирна работа.
Дали тоа пречи, не мене не ми пречи но ако си навикнат да не ти дува климата тогаш оваа ќе ја слушаш.
2. Заради тоа што е моќна клима не знам дали при добро изолиран простор би работела како он-оф или пак би модулирала пониско како што може мицубишито на
@zlatko_ti412
Сума сумарум, за парите вреди!
За греење ќе те згрее.
Потрошувачка НОРМАЛНА.
Едина мана 4 брзини и можноста за on/off работење заради постигнување на температура (што искрено кај мене не се има случено).
Во однос на догреавање и загревање нема да имаш воопшто мака.
Во однос на ладење, не се климите вентилатор па да не те ладат, која и да ја одбериш ќе те лади и повеќе од добро.
Ако ме прашуваш лично т.е. ако јас на твое место би избирал заради цената би одел со ТОСОТ, но не дека ќе направиш грешка ако Тундрата ти е примарен избор.
Барај во search за тосот и спореди кориснички искуства, батали тоа што ќе ти кажуваат прекупци бидејќи и такви ги има и гледаат да го продадат само своето - се' останато не чини според нив.
Вкупните сметки за струја дома (покрај климата искалкулирај тука и др електрични апарати) беа 4400 4800 4800 4100 за последните 4 месеци (ноем, дек, јан, фев).
Климата е поставена во куќа, неизолирани 35 квадрати + отворен простор + внатрешни скали кон втор спрат = енергетски загуби КОЛКУ САКАШ.
И повторно стоплени сме.