Немам ништо против тутунарите или било кој вид на земјоделие бидејќи тие си знаат како си минуваат од утро до мрак по тоа нивите, особено тие што се посиромашни и немаат доволно механизација па едвај врзуваат крај со крај.
Исто, НЕМАМ НАМЕРА И НЕ САКАМ да ја бранам власта НО:
Од државата им викаат садете оваа година X количина на тутун, толку ќе ви откупиме.
Е овие пичовите мајчини навистина засадиле X количина тутун АМА помножена пута ДЕСЕТ.
И после плачки како тоа не го откупуваат тутунот.
КАДЕЕЕЕ БЕЕЕЕЕЕ?
Каде во нормален свет државата ти е должна да ти откупи било што?
Ако ти е кадерен газот оди најди си откуп, организирај се и заработи трикратно и десеткратно.
Овие сакаат ем „да ја заебат државата“ ем кукаат потоа како не им го откупуваат тутунот. ЛАКОМ ГАЗ, ништо повеќе.
Тоа за оној дел од тутунарите кои се баш вакви, останатите кои едвај врзуваат крај со крај и чиј тутун го потценуваат во класите па не можат да истераат година дена со трошоците навистина ги сожалувам.
Не се баш работите така црно-бели, како и за се останато во вилаетов така и проблемот околу тутунот и земјоделието е малку покомлексен, позамрсен.
За количествата на тутун кои што треба да ги произведат, тутунарите секоја година склучуваат договори со откупните компании на определена количина. Значи државата не го откупува тутунот, туку приватни откупни компании. Државата (треба да) служи само како медијатор помеѓу откупувачите и производителите, со цел да се запазат и почитуваат законските прописи при производството и откупот на тутун.
Во интерес на државата е да се произведува и откупува што повеќе тутун, затоа што тоа значи повеќе пари слеани внатре во економијата. Според некои податоци производството на тутун носи над 100 мил. евра приливи во државата секоја година, што го прави тутунопроизводството најдоходовна земјоделска гранка, а со тоа и стратешка извозна култура. Така да би било апсурдно во интерес на државата да биде помало производство, уште повеќе затоа што државата директно го субвенционира производството, нели, со намера истото да се унапреди а количините произведен тутун да се зголемат.
Изминатите години откупните претпријатија без проблем ги откупуваа договорените количини, па и вишокот на тутун. Не се будали кога за врвен квалитет, за малку пари добиваат многу повеќе.
Пред околу две години владата на СДС изгласа измени во законот за тутун кои што предвидуваа да им се овозможи на откупните компании да увезуваат тутун од надвор. Уште во моментот кога се донесе законот имаше гласини дека се увезол тутун од Албанија по пониска цена, па така во втората половина од откупната година цената на овдешниот тутун значително се намали, вештачки се урна, што пак на некој начин беше предвесник за проблемите кои што следеа во откупната 2020/21.
Од кога се воведоа измените во законот за тутун, откупните претпријатија ги намалија количините за откуп на тутун во договорите. Па така ако на четири члено семејство пред измените им се правело договор пример на 2000 кг. после измените таа количина компаниите им ја редуцираа на половина или помалку.
Тутунарите се изгореа оти веројатно помислија дека како и во предходните години вишокот ќе им биде откупен без проблем, што не беше така оваа откупна сезона. Затоа и вишокот тутун им остана неоткупен. Компаниите во спрега со државата (читај: СДС и Заев) им ја урнаа просечната цена од 220 за кг. на 165 ден. оваа година. Загубите од оваа реколта се проценуваат на околу 30 милиони евра.
Но тоа не е се! Државата сега изигрува добар самарјанин, демек им излегува во пресрет на тутунарите дека вишокот тутун ќе им биде откупен, па во собраниска процедура направи измени во законот за тутун и го продолжи рокот за откуп чинам до 31 март.
Веројатноста е дека овој вишок ќе биде откупен за багатела - земи или остави цена.
Плус, згора на тоа во последниот пакет ковид економски мерки за помош на тутунарите владата издвои 5 мил. евра.
За субвенции се издвојуваат секоја година околу 30 мил. евра, чинам. Оваа година заради пониските класи по кои што се откупуваше тутунот државата ќе исплати помалку субвенции. Така, од предвидените 30 милиони државата по некоја груба проценка ќе исплати околу 25 милиони за субвенции, со што остануваат околу 5 милиони неискористени пари кои што владата им ги враќа назад на тутунарите како наводна помош (нивните пари) и сери по медиуми како владата на Заев помага, а уствари претура од шупливо во празно цело време и брца во џебовите на ниските општествени слоеви, како што се тутунарите.
Фан факт: Регионот во Пелагонија кој што произведува најголеми количества на тутун, а воедно и каде што се направија вишоците е долненскиот регион. Прашање е каде беше ДУИ и целиот албански блок партии да им излезе во пресрет на нивните гласачи во општина Долнени, особено ако се земе предвид фактот што министер за земјоделие е албанец, мислам дека кадар на БЕСА.