jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Од книгата„ Скопските Евреи..„Ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 градовите Битола, Штип и Скопје, беа блокирани, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови на 11 март почна собирањето на Евреите. Од куќа до куќа одеа по неколку вооружени полицајци, агенти и војници. На најгруб можен начин ги скорнуваа од креветите жените и децата, болните ги товареа во камиони или шпедитерски коли. Полицајците викаа по нив да си ги земат сите скапоцености и пари, зашто ќе им требаат и дека ќе ги носат во Бугарија. Пљчкосување настана уште на самото место во куќите, при собирањето на Евреите. Тоа натаму продолжи на железничките станици во Битола и Штип, а потоа во држвниот монопол во Скопје. Александар Тодоров, електричар од Скопје, бил ортак со својот колега Арон Бехар. На 10 март Арон разбрал што им се готви па сакал единствено да го згрижи своето тригодишно дете Бети. Го оставил на чување кај својот пријател и ортак А.Тодоров. За сето време на окупацијата, Тодоров ја издржувал малата Бети, криејќи ја од соседите. Таа сега живее во Израел.