ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 39 18,8%
  • Не

    Гласови: 140 67,3%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 29 13,9%

  • Вкупно гласачи
    208
Има некаква информација околу здравствената состојба на Мицкоски? Гледам 2-3 дена нема ништо споделено по медиуми за него, ниту пишал фб-статус. А нели на последниот пиша дека бил во болница.
 
Има некаква информација околу здравствената состојба на Мицкоски? Гледам 2-3 дена нема ништо споделено по медиуми за него, ниту пишал фб-статус. А нели на последниот пиша дека бил во болница.
Пред неколку саати пиша статус, штотие!?
1615384103020.png
 
Каракачанов објави листа на Македонци со бугарски пасоши, ВМРО-ДПМНЕ му стегна демант

Меѓу случајните имиња на кои наидов се, на пример: Александар Николоски – заведен во областа Средец – Софија, Антонио Милошоски – заведен во областа Вазараждане – Софија, Никола Мицевски – во Ќустендил, Стефан Андоновски – во Ќустендил, Марија Андоновска – Благоевград, Љупчо Димовски – Ќустендил, Бојан Стојановски – Благоевград, Иван Јорданов – Ќустендил, Игор Здравковски – Ќустендил, Марија Петрушевска – Средец, Дајанчо Ефтимов – Благоевград, Здравко Трајанов – Благоевград, Александар Пандов – Средец, Петар Богојески – Обориште, Филип Петровски – Средец, Стевица Јанева – Петрич и Тало Груевски – Благоевград. Има многу други, но секој што сака може да провери за себе и за кое било друго лице, без оглед дали е од Македонија или не. Секој може сам да провери кои се лицата за кои станува збор“, додаде Каракачанов.

С`што :pos:
 
За ниеден не е вистина, за што и оставил простор самиот Красимир кога пишал дека може да е коинциденција. Едноставно не се толку глупи, а и БГ пасош е за луѓе во зорт, каков што не е никој од наведеноте.

Сепак убав гест со овој дефокус да се припомогне на братот Зоран во овие тешки мигови кога пак го тресе скандал. Неблагодарниците комуњарски треба да размислат наредниот пат кога ќе добијат инструкции да пљукаат по него.
 
Последно уредено:
Пандов и неговиот патриотски институт ги прогласуем за умрено. :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Не знам што се вознемирува Каракачанов тогаш. Тие со Бугарите од Македонија не можат да изградат заеднички став по однос на личности од македонска историја, не па ќе изграделе со Македонците...
 
За ниеден не е вистина, за што и оставил простор самиот Красимир кога пишал дека може да е коинциденција. Едноставно не се толку глупи, а и БГ пасош е за луѓе во зорт, каков што не е никој од наведеноте.

Сепак убав гест со овој дефокус да се припомогне на братот Зоран во овие тешки мигови кога пак го тресе скандал. Неблагодарниците комуњарски треба да размислат наредниот пат кога ќе добијат инструкции да пљукаат по него.
:pos::pos::pos::вонзем::pos:
Ei-WO8sr-Xs-AEizjz.jpg
 
И кај нас е сиромашната политичката сцена моментално нема политичари со висок рејтинг ама што да каѓеме за Бугарите поголема држава а ја водат трупци како Бојко и Каракачанов.Такви примитивци во политиката кај нас реално немало.
 
Заев мислам дека многу брзо ќе го спакуваат зошто неговите позитивни особини за нив, неговата подготвеност да прифати секаков договор и без никакво размислување да влезе во каква било игра веќе стануваат доста опасни и ризикуваат да им го срушат целиот систем. Овој како што тргнал, како иде надоле полека почнува да повлекува се со себе.

Целиот систем им зависи од тој дуалитет СДС-ДПНЕ. СДС нема како да се врати назад, нема поткуп кој ќе им ја задржи апсолутната власт по општините на следните избори, а без истата он има 0% шанса да има доволно пратеници на парламентарни за да оформи влада.

И во целата своја лудост, Муртинецот пробува и ДПНЕ да го повлече доле во дупката и да го распадне комплетно мислејќи дека така ќе си го спаси газот а всушност си го копа гробот. Ако ДПНЕ има доволно пратеници да оформи влада со само ДУИ или АА, тогаш шансите дека Заев нема да одговара за ништо се 99%. Но ако целата политичка сцена се фрагментира, и ДПНЕ и СДС отидат надоле заедно е тогаш шансите дека Заев ќе одговара за нешто драстично се зголемуваат. А ако стигнал он да одговара, тоа ќе значи дека и многу многу други ќе одговараат. Затоа не верувам дека уште долго ќе трае.
 
Јас мислев Ред Бул му дал крилја на Пандов, тоа б`лгарскиот пашапорт да ти бил :icon_lol:

Sloboda ili smrt, edin n`rod, dve drzavi :pijani:

До вчера едните плукаа по Каракачанов како ради изборите во бугаристан серел тек па и го рушел овој од Муртино, па имаше тоа руски, европски врски итн, додека овие другите ликуваа на таа тензичност, ете сеа па истиот тој го спасувал тој шо го рушел до пред два дена :facepalm:

Фино, лепо исплукаа се со ред бугаристанците, а локалните политиканти во зависност од ситуацијата викаа врне кај нив, не кај нас. Испадна сите наврнати :pos:
 
Последно уредено:
Ептен интересен е фактот што Каракачанов објавува вакви патки во моментот кога Владата ја тресат скандалот со вакцините и софтверот на рашковски.
 
Абе како ве извежбале во ОК алал да им е. Чим излези некоја вест за ДПМНЕ одма е патка, спин и служи за дефокус...Мхмммм
 
Пишав нешто во една друга тема, па сметав дека е несоодветна, нејсе, небитно.
Тоа дека и во ВМРО и во СДС има високи функционери со бг пасоши не е чудно, повеќе е како јавна тајна.
Тоа дека е информација пуштена за дефокус и спин е исто релевантна констатација, имајќи ги во предвид околностите полни со скандали во кои што се дави владеачкото мнозинство.
Она што е интересно е тоа од каква позиција СДС успева да му зададе удар на ВМРО, и тоа во препони, по „патриотизмот“, и тоа го прават во континуитет веќе четири години, полека им ја сечат гранката врз која што седат.

Значи СДС нема шанси да собере плус гласачи и тоа ним до сега им е јасно. Стратегијата е ни ВМРО да не може да си го разбуди членството, да прибере нови гласачи, ги држат умртвени, ја потхрануваат перцепцијата кај обичниот гласач дека ако тие (СДС) се гомна предавнички, и овие од ВМРО се тука некаде исти како нив, па поарно е да си седи дома и да не гласа за никој, што пак на СДС им оди во прилог.
 
Абе како ве извежбале во ОК алал да им е. Чим излези некоја вест за ДПМНЕ одма е патка, спин и служи за дефокус...Мхмммм
Среќа што Апасиев и Крмов не се ко тебе па незнаат дека треба да се пишува за фејк патриотите од опозиција и таму да е фокусот, а не за договарање вакцини преко фантом фирма за вирус кој изгледа однесе повеќе животи отколку што е објавено и имаме рекорден број на починати во една година од кога се води евиденција, за тендерите на Рашко, за тоа дека лекар извадил три здрави органи од кој едниот е баран на црниот пазар и сето тоа легализирано од лекарска комисија пошто немало неправилност, веќе се планира ново задолжување во наредниот квартал и можеш да претпоставиш за која цел се парите, наместен попис во сред пандемија итн итн. :)
 
A ti navistina veruvas deka deckoto e od levica ? Jas ne bi bil siguren .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom