Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Битна ни е оваа утакмица од многу аспекти. Најбитно е да победиме! То е за нас најдобра опција та биле втори или трети.Се друго воопшто не е битно.
Данците со Германците ќе си се спогодат не било првпат. Одиме само на победа! Пелистер си го обели лицето и покажа дека е повеќе од клуб. Штета шо нема баш сега публика....Ќе паднеше салата досега па ќе мораше нова да направат. Слично беше кога ни тргна во 90тите во најголемиот подем стигнаја казни,суспензии, играње во Кавадарци.....Се надевам нема сега пак да е така.
Свртивме нова страница и редно беше!Имаме супер клапа екипа на минимум 2-3 сезони. То ветува. Нека ни е со среќа утакмицава! Само напред!
 
Последно уредено:

Да гледаш да не верваш
 
ete so znaci hendawy vo timo i vegar.. abe edna odbrana nemaja zaedno dvata golmani ako mozi dase narecat golmani.. daj be otkaz dajtesi chanevski i trajkoski boo slabaci..
 
Дали Магдебург или Монпелје исти курац ... Него Танкоски колку е вон форма , најдобро за него е да се префрли во 2 ката или да се позајми негде кај што ќе игра цели утакмици за да проба да се врати .
Наредна година мора едни лево крило , среден за ротација , а можи и пикер оти и Никола Марковски е за во 2-ка.
Како и да е приоритет треба да е домашно првенство и куп ова сезона .
 
Бабиќ ги измеша лончињата. Чаневски го закова на клупа, кога другиот голман ништо не бранеше. Потоа Стјепановиќ исто доби преголема минутажа во моменти кога се имаше резултатски приклучок, а овој очигледно е надвор од ритам и секој втор напад му беше пробивање. Дополнително што Кукоски јадеше оправдан црвен, па отиде возот. Костески исто слабо доби шанса, а чим влезе тој веднаш се размрда играта. Не дека не беа ранливи овие, ама многу без врска ротација имаше на овој меч Бабиќ, што е чудно со оглед на тоа дека на претходните дуели точно знаеше да ги погоди поставите.
 
Бабиќ ги измеша лончињата. Чаневски го закова на клупа, кога другиот голман ништо не бранеше. Потоа Стјепановиќ исто доби преголема минутажа во моменти кога се имаше резултатски приклучок, а овој очигледно е надвор од ритам и секој втор напад му беше пробивање. Дополнително што Кукоски јадеше оправдан црвен, па отиде возот. Костески исто слабо доби шанса, а чим влезе тој веднаш се размрда играта. Не дека не беа ранливи овие, ама многу без врска ротација имаше на овој меч Бабиќ, што е чудно со оглед на тоа дека на претходните дуели точно знаеше да ги погоди поставите.
Vo vtoro pocna so Dzukic na krilo, ovoj mrtviot mu vrati so 2 greski...
 
Танковски не е можно колку е паднат во форма, на ништо не личи
Голманите дупка
Стјепанович врска нема со то шо бил некогаш.
Марковски во напад, прееесллааабб
Премногу играчи фалеа, и реално ја немавме енергијата од претходните утакмици. Радува формата на Граџан. Денес ни стипе ни перич ни мараш не беа то то. Перич 7 даде, ама 4 мислам од пенал.
 
djukic, stjepanovic, ojleski, velkovski, tankoski molimo vas da napustite kucu velikog brata. OUTTTTTT BEEE, GOLMANITE ISTO...
 
djukic, stjepanovic, ojleski, velkovski, tankoski molimo vas da napustite kucu velikog brata. OUTTTTTT BEEE, GOLMANITE ISTO...
Се сложвам.
Од сите овие само за Велковски би рекол дека треба да остани.

Sent from my SM-G970F using Tapatalk
 
Велковски си одигра сосема океј, 2 гола даде, 3 асистенции, а и имаше 2 стативи. Малку да се осмелува повеќе да шутира мислам дека има потенцијал, доста интелигентен играч е и знае да даде топки на пикер и на крило.
 
Бабиќ некогаш изиграва Аљуш, штета шо се продолжи договорот до 2023, мислам многу рано го исфорсираја, мораше првен да се побара цел од него, во ЕЛ да се помини групата (тоа го оствари), СЕХА 1/4 финале и во лигата и купот титула.
Пак ќе кажам целта во ова натпреварување е остварена, макар шо сега во 1/8 финале одиме и на најјакиот противик, ама ротациите бе :pipi:
Без Вегар назад ништо, најдобар дефанзивец, Кукоски сам ништо не можи, а и ризичен играч е во секој момент можи црвен да јади и тоа се случи, не размислува за некој стартови, после без тие два столбови очигледно е дека ќе не бушат од кај ќе стигнат....
Маџовски знај некој кога ќе се врати ? Оваа позиција ни е најболна во моментот, Ојлески до кога ќе промашува чисти позиции за гол, па овај за во РК Астраион е, кој те држи тебе и плаќа во Пелистер куќа му горела....
Мандалиниќ влечи повреда цел живот, Танковски ??? :facepalm::facepalm: Шо е со овој бе, па Јован Талевски од Пелистер 2 е Деан Бомбач, нека го истегнат малку за уши малиот, жмигле едно, плати до небо, залагање 0.
Мараш катастрофа денес, па за со Прешов кој дојде со 6 и пол играчи и јас ќе давав голој, на вакви утакмици се гледа кој колку знај.
Мора, мора повеќе шанса да добива Стјепановиќ, барем има поголемо искуство и од Матео и Мартин, каша попара ги напрај сите 3 бека, заедно сите 3 бека, 3 гола дали имаја...
Цел фрижидер со се комора за замрзнување да фрлеја на гол ќе влезеше, ама Бабиќ го остај Трајковски 55 минути на гол, ееее мој Бабиќу, а со Прешов во Сеха водиме 8-10 разлика цел мел, го остава Хандави цела утакмица, а знај дека нема да добие виза, ни минута шанса не му дава на Чаневски кој ќе му требаше за ова гостување.... Некои мисли има Бабиќ, само за кај Иван Исцелител :pos:
Нешто позитивно од тимот е шо Периќ и Граџан играат одлично и се во форма.....

Нека биди Магдебург пресвртница за понатаму, после Магдебург се надевам ќе свртат нова страница за уште поголем успех во иднина, а прво да го исчистат ѓубрето од тимот....
И нека не лета Бабиќ по многу, дека Магдебург добил тежок противник, лаганица двата меча ги губиме...
 
Мислам дека се тактизираше на утакмицава....Иако требаше и мораше да се оди на победа. Чудно се играше, цело време без Мандалиниќ, Периќ од пенали му беа повеќето голови.Голманот се толерираше да брка комарци и да игра ринге јаја цела утакмица,не дека Чанески истото не ќе го правеше, толку му се чергите и на двата.Се одеше (не)свесно на груби фаули - какви шамари изеде Барток, пола саат лицето жар му беше со шака отисок.....и некако како да се сакаше клучните играчи бар шо ги имавме Битола, Бабиќ да се поштедат. А го изнаизигра Граџан што и му требаше.
И на крај изјавата во чкембарски стил како со то да сакаше да потврди меѓу редови за оваа чудна игра и посакуваниот противник (Магдебург не ти се плашиме).....Да можи германските екипи ни "лежат" повеќе али дефинитивно ќе треба да го докажат то на терен....И ова ќе им биди главниот испит и за со Вардар за борба за титула. Слободно таја со нив меѓу двата дуели со децата да ја играт и око да не му трепни да не се повреди некој оти втората кај швабите ќе е клучна....Не велам дека ќе е лесно но да се игра херојски до крај па и да не се минат швабите, да не види барем Европа во стил како порано....
И на Хендави нека не си играт играчки уште сега нека му ги средват документите за виза оти ако не игра пак џабе е, двата голмани ни 1/4 не бранат колку тој.
Па да видиме, сигурно Магдебург подобро од Монпеље....Дај боже да биди како со Лемго али сега ние да одиме натаму. Некој пат и подобро е да си отпишан предвреме, имаш помал притисок па повеќе ќе си мотивиран за повисок дострел.
Ќе видиме само да не се повреди уште некој. Рачунајте со Кадетен како со 3та постава да изигравме...
 
Вегар ќе се оперирал. Ќе биде аут подолго време, можда и до крајот на сезона. Штета.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom