Ми стигна информација од дојавувач за партиската тепачка во ресторанот Интернационал во Велес. Како што пишува на онлајн медиумите, бившиот претседател на Совет на Општина Велес - Душко Петров (Дуле, Дучо или „Началниче“ како што сакале да го викаат) и Далибор Коцевски (роднина на градоначалникот Аце Коцевски) се пресметале со извесни високи сопартијци од Скопје па од Мвр не смееле да направат ни запасник а не пак да напишат кривични пријави.
Сега малку за ликовите што им е спомнато името во текстовите.
Душко Петров пред неколку години заедно со Зоран Манасков Скршениот ја отвориле Дискотека Милениум во центарот на градот, ама не им тргнал бизнисот зошто многумина не го сакале Петров па за брзо затвориле, во последно време бил останат без денар и чекал општината да отвори Велес-Паркинг служба зошто му било ветено дека ќе ги обезбедува паркинзите во градот, во сооднос со агенција за обезбедување ВИС (Вице И Скршен) чиј газда бил Зоран Манасков Скршениот, за ова сум пишувал и претходно. Другиот спомнат, Далибор Коцевски бил истакнат партиски член и во последниве години од кога е оваа влада ја држел скоро целата дрога во градот во партнерство со Тоше Кариманчев (бивш дилер од Франкфурт Мафија со кој бил ортак и го држеле Ноќен Клуб Спарта), Ане Костов Тумпето (еден од појаките лихвари во градот) и Роберт Млекото (поранешен јак член во Франкфурт Мафија кои тогаш имал голема група и одлежал многу години затвор во Германија а бил и обезбедување за време на Шарената Револуција), наводно групата растурала Марихуана, Хероин, Кокаин а градот бил преполн дрога како никогаш досега и сите останати помали дилери работеле за нив. Дали и Зоран Манасков Скршениот бил вмешан во шемата за дилање низ градот и дали Далибор Коцевски бил дел од поранешната Франкфурт Мафија не ми прецизираа.
Две групи активисти на СДСМ се тепале во велешки ресторан, полицијата молчи
ЦРНА ХРОНИКА 28.02.2021 / 13:30
Две групи активисти на партијата СДСМ синоќа физички се пресметале во локал во Велес. Според информациите до кои дојде „Република“...
republika.mk