Формула 1 - сезона 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 ?


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Дечки каква е ситуацијата со Ф1 во моментот?

Ништо посебно, во 2022 ќе бидат јаките промени.
Од возачите интересно е што Алонсо се враќа, син му на Шумахер дебитира, озогласениот Мазепин да видиме што инциденти ќе направи и тоа е тоа отприлика.
 
Може ли некој накратко да ми објасни како функционира ова Ф1 фантази, сакам и јас да играм сезонава. :D
 
Ништо посебно, во 2022 ќе бидат јаките промени.
Од возачите интересно е што Алонсо се враќа, син му на Шумахер дебитира, озогласениот Мазепин да видиме што инциденти ќе направи и тоа е тоа отприлика.
Да додадам само, и малце поедноставна аеродинамика има за следната година. Поедноставен под, поедноставни друѓи аеро детали и уште нешто можеби. Па и не е толку лошо. Али да, големите промени доаѓаат 2022.
 
Што мислите, ќе смени нешто многу што Мерцедес нема да смеат DAS да користат? Јас се прашувам колкава корист воопшто имаа они од таа финта.
 
Што мислите, ќе смени нешто многу што Мерцедес нема да смеат DAS да користат? Јас се прашувам колкава корист воопшто имаа они од таа финта.

никаква, да би имало би излегле и другите тимови со слични решенија
 
Не би рекол дека е никаква. Да немале ќар од DAS-от немаше да го употребуваат да дигнат/одржуваат температура на пневматиците додека има safety car или се на out lap пред да постават летечки круг на квалификации.

Другите тимови не искочија со решение бидејќи ФИА го банираа DAS, па џабе ќе трошеа време и пари да имплементираат систем што реално нема да ги приближи многу до Мерцедес и нема да можат да го користат од 2021.
 
И тоа што викаш, да не го банираа и другите одма ќе излезеа со слични решенија и ќе се анулираше предноста што Мерцедес би ја имале од DAS. Може ќариле некоја стотинка на одредени стази ама мислам ништо повеќе од тоа.
 
Да, немаше смисла да развиваат таков скап систем само за до крај на сезоната, што пак немаше да биде на ниво на Мерцедес.
 
Сигурно има корист од ДАС системот, ако не давал предност немаше да го забранат.
 
останаа црни овие

racefansdotnet-21-03-02-10-31-09-1.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom