Последен пат пишувам на темава, се до завршното судење, иако за жал и тогаш знам дека ќе нема што да напишам.
Убивање на млади христијани Македонци на голем христијански празник. Убијците се Албанци муслимани и се тие кои беа осудени на доживотна робија. Дали било терористички напад, одмазда за друго убиство каде загинале Албанци муслимани или пак нарачано од некоја западна служба за икс нивни причини, како што се и понатамошна поделба на население, создавање конфликти како во 2001, рушење на влада, манипулирање со овај чин со години, тоа јас не го знам. Ако ме прашуваш мене, ќе кажам ова последново, зошто мислам така не е важно. Важното е дека страдаа 5 луѓе, 5 Македонци, убијците иако се знаат ќе бидат ослободени, иако сите Албанци го знаат тоа сепак се заштитени секогаш од нивните, додека семејствата на загинатите се оставени сами, немале никогаш поддршка од нас како Македонци, со ниту еден протест за барање на правда(освен оној ден по убиството) Важно е што сегашниот премиер(читај резервниот премиер Заев) ги излажа родителите и инидрекно станува еден од монструмите ако не и поголем. Важно е што со години се продава на македонскиот народ приказни како да децата се криви што се убиени, која ќе е следна теорија, дека рибарот ги убил па се самоубил, дека уствари се удавиле па после се пукале сами?
Наместо да побаравме правда за нашите браќа, нас полесно ни е да веруваме во вакви гнасни лаги, наместо да сме храбри и единствени во вакви ситуации ние сме уплашени и седиме на страна. Го гледав вчера интервјуто со Ефтов, луѓето умираат секојдневно, како да не е доволно тоа што ги загубија најмилите па уште и ги убиваме со вакви теории.
Нема што повеќе да кажам на темава, се разочарав длабоко во мојот народ неколку пати, се разочарувам од ден на ден се повеќе од секој Македонец кој не го познавам аи од оние кои ги познаавм.
Вечна им слава на луѓето, барем нека ги остават да почиваат во мир, кога веќе нема судска правда за нив во нивната татковина.