Се возев во една прилика со еден Албанец кој имал брат во Холандија, сфатил два и два..., да не должам со детали, беше револтиран од "неговите власти" овде..., но имаше "просветлена поента", да се собереме сите, да ги ишутираме на клоци и нашите и вашите, да не пуштат да живееме...
Кога би се постигнала сериозна критична, народна свест за геополитичките последици што ги "јадеме" со векови, да тргнеме од Балканов каде што тектонски се судираат "Големите", а не малтретираат сите нас, преку нашиве државни власти–марионети, пропратени со нивната клиентела, јасно е дека би било сосема поинаку...
Дотогаш, апсурдно е да ги коментираме овие трагедии што ги живееме, бај д веј лично се знам со луѓе од семејствата на жртвите, децата..., немам сила да коментирам вакви случаи од обратна перспектива, преболно е да се комбинира со апсурд, изразен преку најгрдите општествени ликови што ги креира актуелната геополитика...