Крвожедноста беше малку пресилен збор па ќе го сменам со гнев али поентата понатаму е иста.
Многу мрзам вакво ревидирање на историјата, се со цел да се претстави Македонскиот народ како неспособен и едноставно беден. Македонскиот народ го бркаше Бучко за да му ја откине главата, ДПНЕ ја менаџираше ситуацијата, Македонскиот народ влезе во Собрание после Арачиново и цел центар на град го држеше, СДС и ДПНЕ се криеја во дупки. Македонскиот народ се имаше собрано во Скопје да му ја земе главата на Бранко за ТАТ, Љупчо бараше да се смири ситуацијата. Шарените протестираа за масовни апсења, СДС си направи зделки со истите.
Немањето на политички претставник е причината зошто тој гнев никогаш не излезе на површина. Приказните како народот се дигна и ги обеси корумпираните се само и тоа приказни за мали деца. Без водачи или организации ( политички, економски, културни, безбедносни, верски) е невозможно толпата да си ги исполни барањата. ДПНЕ и СДС секогаш го менаџираа гневот. Но СДС и ДПНЕ и комплетно ја изгубија ситуацијата од контрола и почнаа да се појавуваат нови водачи и организации кои не се баш ориентирани кон соработка и менаџирање на гнев, и не само тоа туку и ги посочуваат Американците и ЕУ како цели за гневот . Што е комплетно неприфатливо за истите.
Изразување на својот гнев кога во твоите очи нема никој кој истиот би го насочил или искористил не само што е бескорисно туку и ненормално. Али пополека се појавуваат најразлични луѓе и групи кои покажуваат знаци дека ќе го направат тоа и тука им лежи проблемот.
Од тука и на пример произлегува "храброста" на албанците. Нивните претставници ќе се борат за они да не одговараат, макар што и да направат. И во такви случаи е многу лесно да делуваш. Така е многу лесно да натепаш, ограбиш, убиеш некој, да му ја запалиш куќата, да си присвоиш земја. Во минатиот систем ( Југославија) каде што Албанците беа без вистински претставници, они не смееле да писнат зошто знаат дека ако кажат што било ама баш никој нема да му е гајле што Љирим добил 15 години во идризово, они 50 години не ќутеле и јаделе ќотек зошто се "питоми", туку дека немале претставници преку кој би можеле да се борат. Македонецот денеска е во иста ситуацијата како они пред 30 години. Чим имаш твои претставници кој ќе се борат за тебе, тогаш е далеку далеку полесно да го изразуваш гневот да дојде на видик.