Џ
Џонтра Волта
Гостин
Убав беше текот и приказната на филмот.Ве читам, сите имате напоменато дека е предвидлив, а скоро сите имате високи оценки дадено.
Сакаше набрзинка да не запознае со приказната. Ова мене ми беше тешка сцена, ок не баш како кога се отвори за бебето, од нигде никаде, ама и ова беше доста моќна сцена. Сега можеби уште ми се тазе импресиите од филмов, можеби ќе претерам ама таа сцена ми беше ко да го глеам Ентони Хопкинс ко Ханибал Лектор таму.А да, заборавив да го споменам и интервјуто на почетокот...Зошто ли побогу требаше ова? Како ја спремаа за интервјуто, правеа амбиент за Карл мислиш ќе прават муабет со Менсон или Тед Банти. Ајде и тоа да помине под маса, демек не запозна со кој е и што направил Карл за да дојде до тука, ама според мене многу поубаво ќе беше да дознаевме покасно. На пример ко што му се отвори на Франк за бебето, да имаше некоја таква сцена и да дознаевме зошто бил во болницата. Ќе ми беше многу потрагично така ако дознаев. Воопшто не ме поврза тоа на почетокот.
Сакаше и да не запознае со ликот, дека е ментално болен, дека е убиец и некако да стрепаме цел филм што ќе се деси. Да не заплашува. Кај мене успеа ова.
Тука се согласивме сите дека е малце наивно сето тоа. Ама ко што објасни Злате, реднек америка, можеби и стварно луѓето биле малце наивни и смотани, ај да не употребам погруб збор.После тоа иде малце what the fuck дел. Се запознава со детево, му кажува кој е и што направил и детево е ко...ха види го ти него, ами ај живот иде даље јебига. Па и во рок од 10 минути се всели во гаражата негова.
Осети љубов Карл, прв пат во живот. Осети како е некој да го сака.Не запознаваат со колешката на Воган и Линда, и оваа се затрескува во Били му носи цвеќе и ја снемува од планетава земја...Што се постигна со тоа?
Карл беше повторно жив тука, ја осети сета убавина на детството што никогаш го немаше.Па и со играњето фудбал со Френк. Јас ја осетив хемијата помеѓу Френк и Карл и пред таа сцена, па и пред сцената со цвеќето за малата спонзоруша.
Пичка од карактер беше Дојл, тоа ни стана јасно коа се испичка откако малиов го разнесе со све и свашта од куќава. Лингур и безживотно копиле.Ми беше премногу комично и тоа како го уби. Му вика ќе те убијам, овој ништо не му враќа и прави, само му кажува бројот на полиција и дури му кажува дека ќе треба и амбуланта да викне и Карл станува, замавнува и на овој тогаш му светнува хахаха. Кое човечко битие нема да изреагира соодветно ако некој ментално заболен седи до него со катана и му вика дека ќе го убие?