Ајдее конечно со малце слободно време па одиме втора тура.
Останатите не се срамете, пишете нешо
1.The Ordinary Niacinamida 10% + Zinc
Не гледав никакви промени а сите ми викаа упорно да продолжам да го користам, као покасно се гледале бенефитите. Скоро цела година го користев а нишо не ми подобри, може и тоа шо јас барав да се подобри/смени не е во рангот на овој серум. Конкретно сакав за намалување на видливоста на порите, ама трт. После 3тото паковање престанав да го користам. Не ми штетеше ама не ни гледав некое подобрување.
2. The Ordinary Azelaic Acid suspension
Иам ненормално црвени образи и сензитивна кожа, и барав нешто што ќе ми помогне со тоа. Мислам дека потрошив две паковања од овој серум ваљда? ама ништо. Си останав со црвени образи. Има некако многу чудна текстура, како силикони не знам како да ја опишам. Не ми се свиѓаше како се нанесува. И овој со цената беше прифатлив така да неам regrets во тој дел
3. Purito pure vitamin C
Уште едно разочарување, али ова беше едно од поскапите разочарувања. Додуша и јас малце купувам во хајп, али ај као витамин ц помагал со црвенило на лицето. Хинт, не помага. Го чував во фрижидер и пазев да не оксидира, ама реално паковањето е големо и нема шанси да се потроши цело пред да оксидира, освен не знам, ако не се шлапате три пати дневно. Јас го користев само сабајле и после обавезно спф. Имаше малце чуден мирис и мислам дека ми предизвика дополнителни проблеми што ги немав пред него.
4. COSRX - Advanced Snail 92 All In One Cream
Го купив специјално за зимава, бидејќи зимите тука се долги и ладни. Мака мачам коа ќе излезам надвор на ладново, мислам дека ме пече лицето од студен ветер. Џабе маџкај се премачкувај се коа дуваат мразулци. И сеа пишува и на самово паковање дека помага за добивање таков здрав сјај на кожата ( пошо иам сува кожа ај си реков, не може да штети ). Лицето ми свети, ама само првите 5 мин после нанесување на кремов. Крајно разочарана, посебно пошо се изначитав на редит рецензии за овој мукус од полжав, као добар бил за кожата. Моментално го нанесувам после чистење на лицето колку да го потрошам и после обавезно ставам хидратантна крема. Не би го купила пак.
5. The Ordinary Lactic Acid
Го користам ова за ексфолијација еднаш неделно. Другата киселина ( АНА-ВНА ) ми е мене многу јака, спомнав дека имам сензитивна кожа. Ова е поблага и искрено сум задоволна. Мене еднаш неделно ми е доволно, се повеќе од тоа и ми се лупи кожата.
6. Purito Centella Green Level Unscented Sun
Уште еден хајп кој морав да го пробам, ама од овој сум многу задоволна. Во суштина спф почнав да користам во секојдневната рутина пред околу една година, ама проблем ми беше да најдам спф крема која нема да ме прави бела како дух и која нема да е тешка за носење. Е тука влезе ова клизечи и сум многу благодарна. Имате опција со и без мирис, јас земав без. Кремава ја користев преку цело лето, секојдневно и немав никакви проблеми со лицето. Ниту ми се појави некое мозолче, ниту црвенило, ниту иритација. Прелесна е, немате чувство како да ве поти кожата како со останати спф. Со оглед дека оваа е со заштитен фактор 50ка, а овде од ноември некаде нема ни сунца ни месеца, до мај ќе ја паузирам и во меѓувреме ја користам онаа на CeraVe, од која исто сум многу задоволна. Мислам дека едно вакво паковање кошта околу 30 ЕУР, ама може да се искористи две сезони така да мислам дека е добра инвестиција.
7.LANEIGE - Lip Sleeping Mask
ОВА Е ПОБЕДНИКОТ во ова второ коло
Прва зима а да немам проблем со испукани усни. П Р Е Д О Б Р О. Паковањето е мало ама е сосем доволно за цела зима. Го редам пред спиење и преку ден коа ќе ми текне. Плус стои ко сјајче ама не се лепи. И мириса многу убаво. Најтопло го препорачувам.
8.Carmex лабело
Знам дека звучи ко паштета, а изгледа ко отров за глувци ама ова лабело е исто така спасител. Го користам кога излегувам, и во комбинација со продуктот горе, мислам дека се заслужни шо прва година имам нормални, а не испукани усни. Го има во милион паковања, од лабело, до сјај, во кутивче, има различни вкусови, и сите се супер!
Освен последново лабело, за останатите работи сум сигурна дека може да се нарачаат и во МК.
Следна тура одиме со производи за тело.