Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
ЕЦБ ја дигна ли забраната за исплати на дивиденда и ако тоа го направила кога и со кој документ е тоа направено. Ако некој знае и ако може нека подели некоја покорисна информација.
 
Со користење на постојниот образец Извештај за промена во главнината за банките, кај кој постои една колона за Задржана заработувачка и две потколони Расположива за распределба на акционерите и Ограничена за распределба на акционерите, каде и да се прикаже добивката за финансиската година (2020), постои потенцијална опасност од недоразбирања, односно ‘‘погрешно наведување на сите заинтересирани страни‘‘. Така, ако се прикаже добивката за финасиската година 2020 во Расположива за распределба на акционерите, а на идното Собрание на акционери се одлучи делумно или целосно да биде Ограничена за распределба на акционерите, тогаш се доведени во заблуда заинтересираните страни. Обратно, ако се прикаже во потколоната Ограничена за распределба на акционерите, а на Собранието на акционери се донесе одлука за делумно или целосно исплаќање како дивиденда, повторно погрешно се информирани заинтересираните страни.

Проблемот произлегува од мешањето ‘‘баби и жаби‘‘. Всушност станува збор за Задржани добивки од различен квалитет: онаа за 2019 година е врз основа на Одлука за распоредување на добивката донесена на Собранието на акционери одржано во 2020 година, а за судбината на добивката за 2020 година, допрва ќе се одлучува на Собранието на акционери кое ќе се одржи во тековната 2021 година. Во основа, според постојниот образец прикажувањето на добивката за 2020 година во која и да е од двете потколони нема никаква информативна вредност, бидејќи не прејудицира ништо, ниту пак, го обврзува Собранието да ја распореди согласно нејзината привремена локација во Извештајот за промена на главнината.

За да се избегнат потенцијални недоразбирања и ‘‘наведувања‘‘ во Извештајот за промена на главнината треба при дното под **) со болдиран текст да се даде појаснување дека за судбината на добивката за 2020 година допрва ќе се одлучува на Собрание на акционери, дека од технички причини таа е прикажана како задржана добивка во една од двете потколони и дека тоа не треба да се сфаќа како предлог-одлука за следното Собрание на акционери.

Во нормална држава, кога ќе се открие ваква фалинка во образецот, некое Здружение на сметководители или ревизори ќе иницира и експресно ќе изврши негова измена со додавање на дополнителна колона или на друг начин со што ќе ја реши недоследноста. Овдека со години се вршеле ревизии на банки и надзори од НБРМ и никој такво нешто не забележал ни покренал, а би си терале така уште со векови, оставајќи распоредувањето на добивката да се толкува двосмислено и манипулативно. Затоа во примената на акционерските права сме буквално векови зад развиените држави, а корумпираните неспособни регулатори не мрдаат со мало прсте тоа да се подобри.
 
ЕЦБ ја дигна ли забраната за исплати на дивиденда и ако тоа го направила кога и со кој документ е тоа направено. Ако некој знае и ако може нека подели некоја покорисна информација.

Не. Засега останува до крајот на 2021 година, ако не се промени нешто во меѓувреме.
 
Има некој логично објаснување какво е ова претурање од шупло во празно со МТУР денес??? Идентични количини по иста цена се тргуваат во иста секунда... Целта е да се креира лажна ликвидност на акцијата???
 
ЗПКО да не најдоа злато во нивите
Има нешто што не го знаеме. Едно време @bosko007 имаше акции и цврсто веруваше дека оваа акција вреди многу повеќе од 2000-2500 што се тргуваше тогаш мислам. Но мислам дека излезе од таму....добар познавач беше за ова компанија, па можеби знае нешто повеќе
Автоматски споено мислење:

„...користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата“ - замалку не повратив кога прочитав! :pos:

И досега повратите на инвестициските фондови беа катастрофални, а практиките за прибирање средства манипулативни накај криминални, ама со новиве измени тоа уште повеќе ќе се засили: „се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува“.

Сега и Курто и Мурто ќе може да отвара фондови без никаков капитал и отчетност, такашто на невидено би се обложил дека у следните пет години ќе има барем 2-3 милионски скандали поврзани со инвестицискиве фондови.

Мене не ми е јасно зошто на пример Македонија турист вложуваат огромни средства во удели на инвестициски фондови наместо тие да си регистрираат нивни. Од 2018 до 2019 мислам дека имаа скоро 400М денари зголемување на вложувањата во инвестициски фондови или скоро 9М евра во удели
 
Има нешто што не го знаеме. Едно време @bosko007 имаше акции и цврсто веруваше дека оваа акција вреди многу повеќе од 2000-2500 што се тргуваше тогаш мислам. Но мислам дека излезе од таму....добар познавач беше за ова компанија, па можеби знае нешто повеќе
ima pretumbacii cel holding kaj orce, objavija zalozuvanja,prodazbi na akcii i drugi stvari...
mislam deka im treba povekje da im vredat akciite :)
 
Има некој логично објаснување какво е ова претурање од шупло во празно со МТУР денес??? Идентични количини по иста цена се тргуваат во иста секунда... Целта е да се креира лажна ликвидност на акцијата???
Само една мала констатација, доколку немаат промени во количината на акции кои ги поседуваат врз основа на ревидираниот извештај од 2019 година со сегашните цени на акциите имаат некое нето зголемување од над 800К евра.
Претпоставувам дека имаат плус зголемување во уделите кои ги поседуваат во инвестициските фондови, но за ова точно не може да се знае
 
Има некој логично објаснување какво е ова претурање од шупло во празно со МТУР денес??? Идентични количини по иста цена се тргуваат во иста секунда... Целта е да се креира лажна ликвидност на акцијата???

Така е поставен продажниот налог.

Нели се продаде Пелагонија Енерџи, зошто сега пак се спомнува овде

Не се продаде. Се предомислија.
Изгледа ќе се продаде комплексот Александрија и Скопско поле.
 
Така е поставен продажниот налог.



Не се продаде. Се предомислија.
Изгледа ќе се продаде комплексот Александрија и Скопско поле.
Вкупна количина на истргувани акции е 1.000 во 15 трансакции.Ако погледнеш подетално ќе видиш дека станува збор за 200 акции коишто од субјект А преминале на субјект Б и обратно 5 пати.
 
Вкупна количина на истргувани акции е 1.000 во 15 трансакции.Ако погледнеш подетално ќе видиш дека станува збор за 200 акции коишто од субјект А преминале на субјект Б и обратно 5 пати.
Не можи тоа така, за да ти бидат достапни акциите кои си ги купил, треба да поминат 2 дена за да можеш да ги продадеш.

Овде има налог со скриена количина, и некој точно вака ги има поставено куповните или продажните налози.
 
Така е поставен продажниот налог.



Не се продаде. Се предомислија.
Изгледа ќе се продаде комплексот Александрија и Скопско поле.
Пак сами на себе ќе ги продаваат како што прочитав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom