Луѓето се такви какви што се, исто и гетата. Јас не носам етички судови, јас ја критикувам глупоста кај точките 1 и 2, и лицемерието кај точката 3.
И тие што праќаат слики се такви какви што се, но тоа не те спречува да ги критикуваш. Од перспектива на Хјум, ние зборуваме какви треба да бидат работите, а не какви се. Ти носиш етички суд, кажуваш дека тие кои праќаат слики
не треба да го прават тоа, односно ја сведуваш критиката на етика, осудувајќи го тој чин. Невозможно е да критикуваш, а да не носиш етички суд.
Да го срочиме вака... Прашањето е: Луѓето се такви какви што се, но какви треба да бидат и што треба да прават?
1. Ти велиш: „За да се намали болката луѓето треба":
Да не праќаат фотографии на партнерите, да немаат киберсекс и да не носат сукњи у гето. Тоа го намалува страдањето во некоја мера.
Тоа се случува на сметка на намалување некои слободи, а самото тоа го зголемува страдањето и негира некои емотивни и социјални потреби. Ти мислиш дека тие потреби се занемарливи и утилитаристичкото нето е во плус. Но ако тргнеш со тој пристап секаде, ти не го решаваш изворот на страдањето и стигаш до примерите „reductio ad absurdum" кои ги дадов. Дискутабилно е дали на крајот, сето тоа ќе го намали страдањето.
2. Јас велам дека луѓето треба да внимаваат за да се заштитат, но критиката треба да биде насочена кон елиминирање на причините што произведуваат силувачи, говнари и др. Акцентот е на социјалното влијание, а можеби и менување на природата на човекот у далечната иднина. Според мене, мојот пристап повеќе го намалува страдањето од твојот. Ако сакаш, ќе ти ги изложам моите причини.
Не дека твојата критика не се базира на релативно точни искази, ама е пристрасна. Зошто? Бидејќи во ваква тема, ти мислиш дека е поприоритетно да се осврнеш на глупоста и непретпазливоста на тие што му пратиле слика на партнерот од тоа да се осврнеш на етичкото поведение на тој што ја објавил сликата. Не оти не смееш да го правиш тоа (да не ме сфатиш погрешно), ама твојот пристап не доведува до толкаво намалување на страдањето колку мојот. Решението што го нудиш е климаво: „Да не правиме било што што може да нѐ изложи на опасност".
Секако, нема зошто да не го критикуваш тоа што сакаш да го критикуваш; ниту треба да ти биде забрането.