Nudes (интимни фотографии / Јавна соба)

Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Ili tie sto se slikale da platat 6 shakali.
Da ideme cekor plus i da ukineme internet.
Plocite na Hamurabi uste stojat u muzej, da se vratime na osnovite, da si izbriseme gz so site tie konvencii i povtorno da si gi kupuvame zenite u zamena so dve losi kozi, da gi oblakame kako da se vo KKK ustvari ne go dovrsuvam postot

Idi masturbiraj, ne si mi neso ok
Не сум сигурен дека ти ја разбрав поентата на постот, ама ќе се правам дека не го препознав сарказмот. Сите акции кои еден човек ги прави во животот имаат последици. Рационалното размислување постои за да можеш да ги предвидиш последиците од своите акции. Ако ставиш голи фотографии од себе на интернет, какви последици можеш да очекуваш? На пример си женско и ставаш фотографија од себе на интернет како си ги држиш цицките со напучена уста. Кои се можните реакции кои ќе ги добиеш?

Под А. Ќе ти се јави ректорот од Харвард и ќе ти понуди место на постдипломски студии.
Под Б. Ќе ти се јават од Мајкрософт и ќе ти понудат работа како CEO.
Под Ц. Ќе завршиш како објект на мастурбација во некоја јавна соба, и ќе те малтретираат морони.

И која е воопшто поентата, која е мотивацијата на ставање на такви фотографии на интернет?
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Да се продаде поскапо, па и ти како да си од вчера.
ОК е, нема проблем. Сериозно, го разбирам концептот. Немам јас никаков проблем со капитализмот, се си има цена и се е на продажба. Ама имам проблем со лицемерието. Ако веќе си се објективизирал самиот себе си, ако си се поставил како парче месо, тогаш зошто кукаш ако те третираат како парче месо?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Затоа што и тоа има влијание на продажбата, ги буташ акциите....

Види, не се криви они за ништо, затоа што никој никого не тера да му биде follower. Се е со согласност и од таму имаат полно право да го прават тоа што го прават.
 
Разбирам де, ама зошто кукаат кога ќе се случи нешто како ова со собата? Не можеа да предвидат таква последица? Па дете од 5-6 години може да им каже дека постоеше голема веројатност ова да се случи, и ќе се случува и понатаму.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Разбирам де, ама зошто кукаат кога ќе се случи нешто како ова со собата? Не можеа да предвидат таква последица? Па дете од 5-6 години може да им каже дека постоеше голема веројатност ова да се случи, и ќе се случува и понатаму.
Мала држава сме, а медиумите сакаат да продадат по некоја приказна повеќе и од таму и ова. Иначе вакви "групи" има со лопата да ги ринеш по нет, каде се продава хардкор детска порнографија како и други гнасни работи и се вртат милиони. Ова е смешка, ама ај да се занимава народ со нешто :D
Може е и подготовка за мењање на закони...кој да знае.
Сега само ќе се сменат методите.....и ќе стане пософистицирано, а ова е реклама. Колку повеќе ќе се фура толку повеќе членови ќе има некоја наредна форма на "јавна соба".
 
Пробемот овде е што се ставени многу работи на купче, па ако не го осудиш настанот во целина тогаш некако оправдуваш детска порнографија. Детската порнографија е една од најгнасните работи кои луѓето ги прават, и сите одговорни треба да бидат драконски казнети. Ама ако некоја жена на 35+ години стави од себе фотографија од на плажа по бикини на инстаграм, треба да биде свесна што може да се случи. Мислам, да не мешаме баби и жаби. 15-16 годишна девојка која ја снимиле како дава орален секс во вецето од гимназијата па ја ставиле на интернет, тоа не е детска порнографија. Тоа е крах на образовниот систем, тотален неуспех на родителите и на девојката и на оној кој ја снимил, но тоа не е детска порнографија.
 
Не знам како функционира една група на телеграм, ама ако нема администратор кој ќе брише тоа е исходот. И овде на кајгана ако нема начин да се контролира што се постира ќе биде бетер.
Тие луѓе таму што биле членови се истите луѓе овде што се членови, на фб или у толпа народ на утакмица.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.636
Поени од реакции
8.215
И овде на кајгана ако нема начин да се контролира што се постира ќе биде бетер.
Па и не би се сложил баш за Кајгана. Има некој самоодржлив систем форумов, не дека не се потребни модератори и админи, но и тие се луѓе и некогаш и ја убиваат смислата на темата со своите интервенции.
Земи пример една тема за греење, таму се е наопачки, па нема ни жртви ни крвој до колена. Едноставно луѓето видоа колку е саат и дискутираат во рамките ( мора да се напомене извитоперени) кои ги дозволува форумов.
Дека и овде би имало проби за такви соби и одаи, не е спорно, ама не верувам дека би имале некаков голем успех!
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Не сум сигурен дека ти ја разбрав поентата на постот, ама ќе се правам дека не го препознав сарказмот. Сите акции кои еден човек ги прави во животот имаат последици. Рационалното размислување постои за да можеш да ги предвидиш последиците од своите акции. Ако ставиш голи фотографии од себе на интернет, какви последици можеш да очекуваш? На пример си женско и ставаш фотографија од себе на интернет како си ги држиш цицките со напучена уста. Кои се можните реакции кои ќе ги добиеш?

Под А. Ќе ти се јави ректорот од Харвард и ќе ти понуди место на постдипломски студии.
Под Б. Ќе ти се јават од Мајкрософт и ќе ти понудат работа како CEO.
Под Ц. Ќе завршиш како објект на мастурбација во некоја јавна соба, и ќе те малтретираат морони.

И која е воопшто поентата, која е мотивацијата на ставање на такви фотографии на интернет?
Но и тука има градации.
1. Му праќаш интимна слика на твојот партнер бидејќи му веруваш. Причините се секакви: сакате да имате киберсекс, сакаш да му ја покажеш твојата нова тетоважа на цицка и др. Партнерот, и покрај вашиот договор за интимност и необјавување на тие фотографии, решава да ги објави вашите слики во „Јавна Соба".
2. Партнерот/пријателот ти ги краде сликите (ова, помниш, се има случено) од компјутер, сликите си ги сликала за да се гледаш самата себеси. Ги објавува на интернет.
3. Јавно објавуваш слика на која си гола. Модел си, порно актерка, сакаш внимание и сл. Сликите ти ги објавуваат во „Јавна Соба".

Спорни се точките 1. и 2. Точката 3. не е толку спорна.
 
ОК, пак ќе кажам, постои едноставно решение. Не се сликаш гола, ни за себе, ни за партнерот. Без кибер секс дефинитивно се живее а новата тетоважа на цицката ќе му ја покажеш во живо. Ако на вага ги ставиш од една страна малата возбуда од кибер сексот, а од друга страна веројатноста да станеш популарна во јавна соба, па не е толку тешка пресметката.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
Ако му го береме гајлето на секој што се слика и објавува на цел свет слики кај завршиле тие слики или видеа поретардирани сме од тие што се сликаат.
Се освен нелегално снимање и без дозвола пуштање во промет на тоа е гола вода.

Имаше еден пранк на MTV пред 15 години каде што шофер ја вози Carmen Electra и пред камери јавно пранкот иде како што ја вози и праи муабет дека мастурбирал на нејзините слики од Playboy и точно и и кажа каде и на која слика завршил на списанието.

Во светот така е Индустријата ќе ти мава шамари јавно пред цел свет и не ќе можеш ништо да сториш освен да се носиш со тоа зашто имаш бенефит од тоа ќе третираат како сакаат.

Нашиве мислеле само медот ќе го собираат со ефтини слики а кога ќе дојде цехот да се плати ќе глумиме жртви.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Па и не би се сложил баш за Кајгана. Има некој самоодржлив систем форумов, не дека не се потребни модератори и админи, но и тие се луѓе и некогаш и ја убиваат смислата на темата со своите интервенции.
Земи пример една тема за греење, таму се е наопачки, па нема ни жртви ни крвој до колена. Едноставно луѓето видоа колку е саат и дискутираат во рамките ( мора да се напомене извитоперени) кои ги дозволува форумов.
Дека и овде би имало проби за такви соби и одаи, не е спорно, ама не верувам дека би имале некаков голем успех!
За да се обезбеди каква таква сигурност, системот ги казнува секогаш организаторите. Појди од јавни протести па заврши до јавни соби.
Во случај кога тоа ќе биде нарушено, нема контрола.....овде може се заебале со тоа што мислеле дека нема да можат да им ги пронајдат телефонските броеви. Ама сега ќе најдат друг начин, на нет со ВПН заштита....кај и да е и тоа ќе излезе. Тогаш едиснтвен спас ќе биде сами да си водиме ред што чуваме у телефон, и што праќаме. Како и тоа што го објавуваме на нет.
Лошо е што се ствара тренд некој, и со целава фама само се рекламираат вакви девијации.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
ОК, пак ќе кажам, постои едноставно решение. Не се сликаш гола, ни за себе, ни за партнерот. Без кибер секс дефинитивно се живее а новата тетоважа на цицката ќе му ја покажеш во живо. Ако на вага ги ставиш од една страна малата возбуда од кибер сексот, а од друга страна веројатноста да станеш популарна во јавна соба, па не е толку тешка пресметката.
Да, таа постапка ќе те заштити со сигурност. Исто како што неносењето минич ќе ѝ ја намали шансата да биде силувана, а и носењето бурка во Саудиска Арабија. Како што ставањето дупла врата ќе ја намали шансата да бидеме ограбени; како што непротестирањето за правата на жените во Саудиска Арабија ќе ја намали шансата некоја од протестантките да биде силувана и каменувана од фундаменталистички животињи и др. Ова што го правам е reductio ad absurdum за да ја покажам апсурдноста на твојот пристап.
Комплетната претпазливост не го решава проблемот.

Живееме во општество каде луѓето не се целосно доблесни поради разни причини. Прашањето е каде треба да се стави акцентот на критиката. На концептот за киберсексот или на тие што не постапуваат етички и го кршат договорот за интима? Може да се сложиме дека ако не им се доверам со тајни на пријателите, тајните ќе останат тајни. Но ако имам близок пријател на кој сум му се доверил, а тој решил да ме издаде, тој носи поголема морална одговорност од мене. Јас не сум му го проценил моралниот карактер, тука ми е грешката, но јас не сум сезнаен. Дали тоа значи дека никогаш не треба да се доверам со ниту една тајна? Таквиот пристап доведува до емоционални и општествени проблеми кои не се здрави. Ние сме општествени битија и полезно е да имаме некаква меѓусебна доверба. Само зашто луѓето не може да проценат и предвидат сѐ, тоа не значи дека треба да ги отстранат сите постапки кои може да ги изложат на потенцијална опасност и компромитирање.

Јас не гледам толкав проблем во киберсексот кога е консензуален чин, луѓето имаат разни потреби и инклинации. Поголемиот проблем е во изневерувањето на договорот на чување тајни и интимни работи. Наравоучението е дека луѓето треба да внимаваат кому му даваат слики; а тој што ветил дека нема да ги објави, но ги објавил; е гомнар.
Од законска перспектива, има разлика помеѓу јавно објавени фотографии, со волја и желба на комуникаторот да ги сподели; и неконсензуално објавени интимни фотографии. Јас имам право да си го сликам за да си го гледам, ти немаш право да ми го земеш телефонот и да ми ја украдеш сликата без моја согласност.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Да, таа постапка ќе те заштити со сигурност. Исто како што неносењето минич ќе ѝ ја намали шансата да биде силувана, а и носењето бурка во Саудиска Арабија. Како што ставањето дупла врата ќе ја намали шансата да бидеме ограбени; како што непротестирањето за правата на жените во Саудиска Арабија ќе ја намали шансата некоја од протестантките да биде силувана и каменувана од фундаменталистички животињи и др. Ова што го правам е reductio ad absurdum за да ја покажам апсурдноста на твојот пристап.
Комплетната претпазливост не го решава проблемот.
Мислам дека е паметно човек во животот да биде внимателен. Ако женска стави мини сукња и оди во муслиманско гето автоматски ја зголемува шансата да биде силувана. Зошто би го направила тоа? Исто е и со фотографиите онлајн. Интернетот е сив зона, која тешко се регулира со закон и казни.

Сака малку мислење во животот, не живееме во идеален свет и не можеш со главата во зид.
Автоматски споено мислење:

Живееме во општество каде луѓето не се целосно доблесни поради разни причини. Прашањето е каде треба да се стави акцентот на критиката. На концептот за киберсексот или на тие што не постапуваат етички и го кршат договорот за интима? Може да се сложиме дека ако не им се доверам со тајни на пријателите, тајните ќе останат тајни. Но ако имам близок пријател на кој сум му се доверил, а тој решил да ме издаде, тој носи поголема морална одговорност од мене. Јас не сум му го проценил моралниот карактер, тука ми е грешката, но јас не сум сезнаен. Дали тоа значи дека никогаш не треба да се доверам со ниту една тајна? Таквиот пристап доведува до емоционални и општествени проблеми кои не се здрави. Ние сме општествени битија и полезно е да имаме некаква меѓусебна доверба. Само зашто луѓето не може да проценат и предвидат сѐ, тоа не значи дека треба да ги отстранат сите постапки кои може да ги изложат на потенцијална опасност и компромитирање.
Потполно се согласувам, НО правење голи фотографии од себе и нивно споделување не е нешто без кое не се може во животот. Нема апсолутно никаква потреба од ризик, без ралика колку му веруваш на партнерот. Сум слушнал за врски кои се распаднале затоа што женското не сакало да има орален секс, ама не сум слушнал за врска која се распаднала затоа што женското не сакала да испраќа голи фотографии од себе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom