Русија - смена во надворешната политика?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.636
Поени од реакции
35.496
Зависи од кое гледиште тргнуваш. Ако гледаш од аспект на агенда за создавање на европска федерација, тогаш спомнатите се „неспособни“. Но зошто тие елити би се залагале за цврста федеративна структура каде нивната моќ би се маргинализирала? Нема логика, се разбира дека ќе се противат и колку што можат ќе ставаат сопки. Како што кажа САД се тие на кои им одговара Европа во федеративна структура, ама Европа не премногу јака и доволно слаба за да ја контролираат.

Во меѓувреме, неедитирани снимки без CGI од „замокот на Путин“:

И потсетување на филмот што го продуцираше Холивуд Навални:
Ама јако е она со фотељите окулу јакузито, да може Путин да дрма вотка додека ги гледа еба*иците како се влажнат во припрема за... Играњето на шипка (која искача од подиум како на СФ филм). Забегал сценаристот, дури и нуб не може да не примети колку е сето тоа лажирано за пропаганда. :D

Како го поставија Бајден за потус, веднаш почнаа провокации, внатрешни напади од квинслинзи како Навални, и воени провокации како оваа долу (иронијата е што им доаѓаат до граница ама руската авијација ја обвинуваат за провоцирање):

Некој ден претходно:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Во меѓувреме, неедитирани снимки без CGI од „замокот на Путин
Еве да речеме дека се е така, замокот е на некој руски олигарх, што е спорно дали имал шипка или останати срања за богаташи.

И зошто треба да веруваме на наводното неедитираната снимка од некоја руска новинска агенција (кога е снимена исто е прашање) а не на видеото од Навални, па и обратно може да се постави прашањето.

Муабетот ми е, зошто тоа што ти го постираш го земаш и сметаш дека треба и другите да го прифатат како апсолутна вистина.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.816
Поени од реакции
8.644

На навивач на Арсенал некои работи не можеш да му објасниш :D
Шала настрана, како што нашминкале овие, така вториве можат да најдат градилиште и да им го тутнат како одговор, тоа не е спорно.
Интересно е што целото сценарио е по западен терк, како она името и презимето на руските агенти во пасошите во акционите филмови. Глупо, провидно и тамам за интелектот на просечен хамбургерждерач.
Како на некој од запад ( па и овде на форумов) да му објасниш дека на Путин не му требаат дворци, пари, богатства. Глуп концепт, уште поглупа перцепција.
Дечки, Путин ја има Русија и се што е руско, богатства, фондови, к**ци палци, пи*ке материне .........! Не ви изгледа глупо да си гради дворец или да има фондови на туѓо име во Лондон или ШФицарска?
Се се ова филмчиња за луѓе кои не ја знаат и не ги интересира руската состојба! Борба да се постави свој зајко во Русија:D при што со цел памет!
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
И зошто треба да веруваме на наводното неедитираната снимка од некоја руска новинска агенција (кога е снимена исто е прашање) а не на видеото од Навални, па и обратно може да се постави прашањето.
Ако го погледнеш видеото ќе видеш дека се е снимано од професионалец, со однапред подготвена режија што да фати камерата, гледаш како подиумот чади и се дига тоа одозфола (ваљда шипката), потоа вратата се сама отвара кога се приближува камерата.......

Секој нормален ќе си постави прашањето, дали Путин би го рекламирал својот таен билионски дом, сигурно дека не, ќе се сомневав да имаше неедитирани аматерски снимки од стриптиз барот напревени од некој зли работници, вака професионална режија НАИ.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не викам јас дека е така, ниту пак тврдам дека Навални е некаква реално опозиција, се гледа дека човекот е платеник, вистински опозиционер, макар и во Русија ќе собереше 10 пати повеќе народ од овие што сега се собрале.

И нема ништо страшно тој олигархот да си има приватна стриптиз соба во таква палата, греота е такво куќиште

А дека на Путин не му требало лично богатство, сеа да не го правиме и него светец, Претседателот на Русија поседува се во Русија, а не лицето Путин, кога он нема да биде Претседател, зар нема да сака да има нешто за себе и идните поколенија.

Ќе испадне како Тито, хедоности кој ужива во луксуз, но во суштина ништо не било негово лично.
 
Перцепција на дилер на памперс пелени :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
Не сваќате како функционира Русија, Ок не е грев!
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Перцепција на дилер на памперс пелени :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
Не сваќате како функционира Русија, Ок не е грев!
Не кажа ништо погрешно. Зар мислиш дека Путин нема некоја солена пара на страна? Тоа како прво му треба чисто за да не биде уценет од олигарсите. А дека можел да има многу повеќе пари и да стане олигарх ако сакал, сигурно дека да. Во суштина, во високата политика во сериозните држави ретко кој влегува за пари, туку за моќ. Премиерување/претседателствување со мотив богатење е резервирано за Африканци, Балканци, Јужноамериканци и останата ситна боранија.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.816
Поени од реакции
8.644
Не кажа ништо погрешно. Зар мислиш дека Путин нема некоја солена пара на страна? Тоа како прво му треба чисто за да не биде уценет од олигарсите. А дека можел да има многу повеќе пари и да стане олигарх ако сакал, сигурно дека да. Во суштина, во високата политика во сериозните држави ретко кој влегува за пари, туку за моќ. Премиерување/претседателствување со мотив богатење е резервирано за Африканци, Балканци, Јужноамериканци и останата ситна боранија.
Друже, кога си претседател на Русија да речеме, тоа е форма на владеење приближна на владеењето на Папата и Англиската кралица. Разликата е што овие последниве својот апсолутизам го имаат доведено на ниво на религија и не се доведува под знак прашање, додека Путин е на пат тоа да го направи.Како таков ти не крадеш, не правиш црни фондови на Кајмански острови, не правиш резерви да не те уценуваат олигарсите, ти си управител на СЕ! Ти ги имаш олигарсите во џеб, кое уценување? Нека проба Абрамович да излезе од кругот, макар што Роман е поситна риба. Тука како што рече се работи за моќ, ама не за моќ од типот на американската да ги имаш сите тендери со УСА Арми, договори со Нато и протежирање на својот и бизнисот на твоите подржувачи. Овде се работи за апсолутна моќ, или си на врв или те нема. Може Путин да има фонд од рецимо 3000 милијарди, ако го тргнат ќе има за живот, нема да ги види тие пари и нема да раководи со нив, никад, оти следниот управител ќе биде владетел на се, па и на тој фонд!
 
Далеку од тоа дека Путин е владетел на све. Путин е повеќе посредник помеѓу црвените, белите и монархистите, како и клучката помеѓу народот и олигархијата. Апсолутизмот е прилично ретка појава во големите империи, а и не е таа поентата на владетелот. Сталин го имал тоа во Руската историја и мислам дека е единствениот од поновата историја. Останатите балансираат, кој помалку, кој повеќе успешно. Иако, ако не е апсолутист не значи дека не му е стабилна позицијата. Сепак далеку е ситуацијата од некаков преврат.
И не мислев на таков баснословен фонд, туку на многу помала сума.
 
Стилот на комуникација ти е како кај еден мој ептен близок роднина, кој муабетот го почнува со: Не ама, после пак може да се сложи со твоето мислење, ама негацијата му е почеток како оченаш :D
Па ни Папата ни Кралицата не се апсолутисти, убаво ти пишав управител на СЕ. Избран човек, кој ќе ги покрива и црвените и монархистите( нема такви) и белите(исто нема такви). На место на монархисти и белите, се има издвоено една каста која би играла на некоја друга карта, проблем е што нит имаат сила нит муда да го пробаат тоа. Тоа ти се само такозвани нецрвени. Хинт Батурин и Батурина.
Околу сумите! Кога Абрамович се разведе, жена му доби 50 милиони (евра, фунти, не знам точно), како половина од имотот на Абрамович. А тој се проценува на теешки милијарди! Чии се останатите пари? Сигурно не негови, него едноставно он е менаџер на тој фонд. Слично функционира и Путин и тие околу него, со таа разлика што на Путек фондот се вика Раша:toe:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.636
Поени од реакции
35.496
А дека на Путин не му требало лично богатство, сеа да не го правиме и него светец, Претседателот на Русија поседува се во Русија, а не лицето Путин, кога он нема да биде Претседател, зар нема да сака да има нешто за себе и идните поколенија.
Ќе испадне како Тито, хедоности кој ужива во луксуз, но во суштина ништо не било негово лично.
Никој овде Путин не го прави „светец“. Светец сигурно не е, и повеќе од веројатно има лапнато некаков економски бенефит кој законски не му следува - без да навлегуваме во детали кои не можеме да ги знаеме... Но една работа со која секој објективен мора да се согласи, е дека Путин не е глуп. Или барем не е толку глуп за да прави замоци и онакви забегувања, за да им даде изговор на американскиот дип стејт да му направат обоена револуција и да им олесни во напорите да го заменат со марионети како Навални.

Еве да речеме дека се е така, замокот е на некој руски олигарх, што е спорно дали имал шипка или останати срања за богаташи.
И зошто треба да веруваме на наводното неедитираната снимка од некоја руска новинска агенција (кога е снимена исто е прашање) а не на видеото од Навални, па и обратно може да се постави прашањето.
Муабетот ми е, зошто тоа што ти го постираш го земаш и сметаш дека треба и другите да го прифатат како апсолутна вистина.
Само глуп човек прифаќа било што - без размислување и проверување - како апсолутна вистина.
Јас не велам дека било што треба да се прифати како апсолутна вистина.

Само посочувам дека: Прво, она во видеото на Навални се CGI ефекти кои треба да си ретардиран па да мислиш дека се реални снимки. Второ, снимките од градилиштето теоретски може да се лажираат - сѐ може да се лажира - но фактите како сопствеништво, имотни листови, итн... Тоа лесно се проверува. Русија е држава, не е како Зимбаве или Македонија, па од служби како државен катастар да не може да се добијат јавни податоци. И ако навистина постоеше нешто, ракувачите на Навални досега ќе ги извадеа таквите докази. Ама никакви докази не се покажани, пошто не постојат... Е сега што е тоа што Путин го поседува, ама нема докази, сигурно лузер како Навални нема да дознае. Ниту па е битно во големата слика на работите, за Русија и за Русите.

Околу сумите! Кога Абрамович се разведе, жена му доби 50 милиони (евра, фунти, не знам точно), како половина од имотот на Абрамович. А тој се проценува на теешки милијарди! Чии се останатите пари? Сигурно не негови, него едноставно он е менаџер на тој фонд. Слично функционира и Путин и тие околу него, со таа разлика што на Путек фондот се вика Раша:toe:
Земи ги за пример Клинтонови и нивната нво „фондација“. Невладини не плаќаат даноци во САД, плус и не се регулирани цврсто, целиот систем е направен за малверзации и корупција... И потоа ќе прават филмови за лидер на држава кој очигледно работи за доброто на нацијата и државата. Кога тој услов е обезбеден, било какви економски бенефити на спомнатата индивидуата се неважни и незначајни. На страна што не е ретардиран за да го направи тоа на начин кој е оволку лесен, дури навредливо лесен, за откривање и „разобличување“.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Симињање капа со сите салтанати.

MOSCOW—Russia’s homegrown Sputnik V vaccine showed high levels of efficacy and safety in a peer-reviewed study, handing Moscow a geopolitical coup and a potential slice of the multibillion-dollar vaccine market as it seeks to promote the Covid-19 shot abroad and curb the pandemic at home.

Tuesday’s findings, from a preliminary analysis of a large-scale clinical trial published in the British medical journal the Lancet, demonstrated that the two-shot vaccine was 91.6% effective in preventing symptomatic Covid-19 and offered complete protection against severe cases. There were no serious side effects, the paper said. The vaccine was also found to be similarly safe and effective in elderly people.

The endorsement of Sputnik V presents a significant victory for Russian President Vladimir Putin in the global vaccination race, providing a vote of confidence in the capability of Russian science and medicine and helping to deflect some of the criticism Moscow encountered for its fast-tracked development of the vaccine and lack of published trial data.

The Russian shot’s efficacy rate is almost equal to vaccines developed by Moderna Inc. and Pfizer Inc. and its German partner BioNTech SE, which are around 95% effective, and outshines the vaccine produced by the British-Swedish multinational pharmaceutical company AstraZeneca PLC, which has published efficacy rates at between 62% to 90% in late clinical trials, with most trial results in the lower end of that range.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
Симињање капа со сите салтанати.
Не е тоа од сега. Уште тогаш кога излезе руската вакцина, одма добиваше признанија од релевантни научни медиуми на запад. Цело време такви се реакцииите на Лансет (или како и да се викаше) и други.
Секако тоа беше недоволно за строгите кртериуми на нашето здравство, па ги игнорираа руските понуди.
Автоматски споено мислење:

Сакам да кажам, во времето кога разни западни политичари изразуваа скепса за брзо-развиената вакцина, нивните научници, по научните списанија ги демантираа. Само што нивниот глас помалку се слуша во јавноста, од гласот на некој службеник во Брисел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom