Текстов го споделија тука кога порталот ретроспективно пак го објави минатава есен, ама за еден случај што не го знам добро, барам мислење од постарите овде...
"
ТОПАЛ, ЏИЏИ И МОСКО
Андреј Филип – Џиџи и Новица Благоевиќ – Моско (22 ноември 2007, Скопје)
Ѓорги Топаловски од Скопје, по куса расправија на булеварот Илинден, кај Зоолошката градина, во Скопје, со по два куршума ги уби Андреј Филип – Џиџи (35) и триесетгодишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, а потоа со својот автомобил ги газеше телат на убиените.
Според полициските информации, Топаловски на 22 ноември 2007 година, ги убил двајцата скопјани бидејќи подолго време им должел 10.000 евра кои му ги дале под лихва, а на убиството му претходела кавга поради тоа што двајцата лихвари дознале за планот на Топаловски дека ќе избега кај жена му во Србија без да им го плати долгот.
Според тогашните информации на МВР, убиените биле усмртени со по два куршуми, во тело и глава, а, според податоците, имало сведочења на очевидци дека по убиството, осомничениот ги прегазил мртвите тела со возилото „Цитроен Ц4“, со кое Топаловски избегал од местото на убиството, ако кое подоцна беше пронајдено од полицијата."
Дали е вистина извештајот што им е даден на медиумите и дали мотивите се точни?! И на крај кои се дечкиве, не можам да се сетам никако ни на убиените ни на убиецов...
Поради начинот и времето во кое беше извршено, убиствоТО на некрунисаниот крал на проституциј
dokazm.mk