Скутерчиња: Се за и околу нив

  • Креатор на темата Креатор на темата _FireFox_
  • Време на започнување Време на започнување
Ја иначе имам Бенели Нејкед 50 кубика,шо у брзо време ќе го мењам за априлиа 125ка или нешо од це бе ер серијата..едноставно неможам више на скутеров ме нервира .. Иначе и ја пред некој ден јадев 40 евра за погрешно паркирање со кола .. :(
 
Џиш напиша:
1. Препорачливо е акумулаторот да се извади и да се стави на некое место каде што ке биде на топло. Доколку му фали течност во келиите треба да се дотури.
Дополнувањето на Џиш за скутерите...
прашањето ми е: дали МОРА да се вади акумулаторчето од моторот? јове од априлиа сервисот ми кажа дека немора, и вака и така ќе се испразни преку зима.
јас моето го гаражирав, го палам 1-2 пати неделно, па и го развозувам. акумулаторот имам намера да му го оставам. што викате вие?
 
не мора да се вади, јас на мојот никогаш не сум го вадел...
иначе имам Gilera Runner 50 кубици, многу ми е добар
брз е, удобен е...
 
Епа тоа зависи од тебе... Ако моторот пали без акумулатор т.е. на курбла без помош од батерија (ако нема електроснки срања може да пали) пожелно е да го извадите акумулаторот. Ако е исправен и го чувате на собна температура (јас во дневна под кревет го чувам пошо мојот мотор пали без акумулатор) гарант нема да се изпразни цела зима и на пролет ке биде спремен за старт на сезоната без проблем.

Не велам дека мора да се извади... Но на ладно и полни-празни (запали го еднаш на 2 недели) му се намалува животниот век.
 
абе и мојот пали на курбла и без акумулатор си брмчи. ај, оваа зима ќе го оставам, па ако е празен на пролет, за до догодина ќе знам да го вадам -))
 
mene od prva od ftora zavisi koga kako :D
inaku so skuterce imas ?
Имам SYM JET SPORT X.
Mене ме заебаваше со палењето ама откога бев на сервис кај јове ми го наштелуваа карбураторот и сега е топ.
Инаку деновиве треба да го гаражирам моторот, па читам сега во врска со акумулаторот, мојот е од затворен тип има нешто врска? Да го вадам или не?
 
Ако не го ваѓаш стави го некаде на топло...и на 3-4 дена пали го моторот (на отворено да не се загушиш :) ) нека поработи 5 минути и пак пикни го на топло. Немаш гајле така...само земи си каничка со бензин од 10л за цела зима ќе ти трај. Место да даваш пари за нов акумулатор напролет, поарно 600 денари бензин отколку 1000-2000 (минимум) денари акумулатор...
 
Денеска ќе го ставам во гаража кај баба ми и ќе го напунам со бензин до крај, да ми биде мирна главата цела зима. Толку за оваа сезона :helou:
 
Вчера на моторот ставив ауспух (Giannelli):). Да ви кажам право многу подобри перформанси имам. Стартот е одличен (влече мноооогу подобро отколку со стариот ауспух), а и забрзувањето. Крајната брзина незнам за колку е зголемена, не пробав зошто ладно беше. Ама ако порано идеше 67-70 сега без проблем стигнав до 71-72, но можеше уште. Звукот е ненормално добар:vozbud:.
 
колку те кошташе ауспухот? само ауспух зема или полукит? кај го монтираше и од кого го зема...?

е сега, следна рунда прашања... дали се исплати да даваш над 100еур, за малце побрз старт и 5км крајна брзина и поголема потрошња на бензин?
 
Го купив од Грција за 100 евра. Го монтирав кај Јове во Априлиа за 400 денари. Според мене стартот не е малку побрз туку многу побрз, барем за мојот мотор зборам, многу голема разлика има. Еден од членовите што е на форумов порано имал SYM од постарите. Он имаше ваков ауспух и ми кажа дека потрошувачката му останала иста. Околу 3.5 литри на 100 км.
Едноставно и задоволството е големо.
 
Јас вака ке ви речам. Ако не го стегаш “до даска“ баш обратна е работата со потрошувачката, т.е. оди повеќе со помалку гориво. На крај потрошувачката е сепак според тоа колку си тежок на гаста нели?
 
според гореискажаното, вреди а?
а се намалува трајноста и сл? мора нешто да се губи... мора да има некоја негативна особина освен шо мава по џеб.
 
според гореискажаното, вреди а?
а се намалува трајноста и сл? мора нешто да се губи... мора да има некоја негативна особина освен шо мава по џеб.
Ти треба да одлучиш дали вреди или не!
Трајноста да, се намалува. Ако моторот би ти траел 30.000 со ауспух би траел 25.000. Ова пример ти кажувам. Што повеќе му правиш tuning му се намалува векот на траење. Ако му ставиш кит од 70цц многу помалку ќе ти трае.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom