Парно на дрва или пелети?

  • Креатор на темата Креатор на темата corolla
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 август 2020
Мислења
13
Поени од реакции
1
Возраст
34
Zdravo
Sakam da instaliram parno pa seuste se mislam dali kotel na drva ili kotel na peleti
Stanuva zbor za kuka na dva sprata po 65 m2 prostor za greenje
 
@corolla кај пелетите не се замараш, ставаш 2-3 вреќи (во зависност колку собира резервоарот) си подесвиш тм и котелот автоматски се ти прави...
Ок дрво ко дрво малце повисока тем дава ама нема да ти е толку битно со оглед дека ќе заборајш за цепење, дали го собирало, чадело, дали има некој да го таложи итн, дали имаш простор за дрва, итн ...

За цена можи околу 50 тина евра отприлика да се поскапи пелетите спрема дрва, ама вреди пошто не се замараш нон стоп од причините горе што ги набројав..

Најдобра опција во случајов ти е да си земиш комбиниран котел на дрва и пелети што мојш и на едното и на другото да си се грејш...
Или ако одлучиш да се грееш на пелети само прашај го производителот дали на тој котел на дрва може да се стави додаток за пелети за подоцна...
Поз
 
Ако имаш квалитетна изолација греј се на струја (чиста работа), ако немаш изолација ништо нема да те стопли. Јас имам парно на дрва ама изолација скоро никаква и воопшто не е ефикасно не топли.
 
Парно на пелети имам и сам сг за сг задовољан, загревам површина од около 140-150 квадрати со приклучен бојлер и једино смарање ми е вреќите со пелети да ги донесам до пеќката.
Потрошња планирам да потрошам за оваа сезона од 3 до 3ипол палети или около 600-700 евра, со напаомена дека истите ги купив во април кога беа доста евтини.
 
Како оди ова со пелетите колку пати на ден се става од вреќите во печката ? На дрва имам парно и топли се убаво ама многу попрљава работа ќе трчаш да купуваш дрва па да ги исечеш/ицепиш па редење па мкнење секој ден по скали по неколку гајби дрва и на крај секој ден мора да пушташ правосмукалка

Околу 10 кубика дрва трошиме со добра изолација така да во споредба со твојава математика минимално е поскапо греењето на пелети
 
Трошам вреќа до две зависи од времето, кога е ептен ладно као што беше и до минус 10 оди и накај три вреќи, инаку сабајле ставам две вреќи и тоа е тоа отприлика за цел ден, сабајле сл наменски усисувач се усисува отпадот од претходниот ден што трае не цело две минути и тоа е тоа...пуштено е од сабајле 9-10 до вечер 10-11...
 
Ако имаш квалитетна изолација греј се на струја (чиста работа), ако немаш изолација ништо нема да те стопли. Јас имам парно на дрва ама изолација скоро никаква и воопшто не е ефикасно не топли.
И се молиш да не ти се присере зашто гзот ќе ти измрзне.
 
Кој и да го смени насловот, Господ здравје да ти даде, да си дочекаш внуци и мирна пензија.
 
Парно на пелети имам и сам сг за сг задовољан, загревам површина од около 140-150 квадрати со приклучен бојлер и једино смарање ми е вреќите со пелети да ги донесам до пеќката.
Потрошња планирам да потрошам за оваа сезона од 3 до 3ипол палети или около 600-700 евра, со напаомена дека истите ги купив во април кога беа доста евтини.
Sto pecka imas i koj pelwti gi koristis
 
Ако имаш можност за парно на струја нема подобро од тоа. Есента ставивме топлотна пумпа и во просек сметката за струја ни е околу 7-7,5к денари. Грееме куќа од 100 квадрати спрат, долу целиот спрат е затоплен подеднакво со исклучок на ходниците кои се 4-5 степени поладни. Горниот спрат кај што спиеме е со температура приближна на ходниците. Пумпата е вклучена нон стоп не се гаси.

Инаку куќата е изолирана со 10цм стиропол и таванот е исто така изолиран со 15цм стаклена волна. Прозорците се пвц, со трослојно стакло.

Во просек негде околу 4-5к денари трошиме за греење на куќата.
 
Претпоставував и пак е ладно на горниот спрат ако е иста температурата со ходниците.
Горниот спрат се користи само за спиење, така да нема потреба од потопло.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom