Ако е така, се извинувам, но сепак мислам дека си дупли јузер или пак избришан баниран јузер.Prati malo temu pa ces viditi da je to napisao GT1, a ja sam samo kopirao.
Како и да е, повеќето цитирав за да се смират малку страстите на темата.
Доволно е изнапишано во момент на мржња и агонија. Не треба толку голем антагонизам еден кон друг.
Реално, скоро секоја клима ќе те загрее. Некоја помалку некоја повеќе, зависно кој модел од кој производител и колку пари си спремен да потрошиш за таа комоција дома.
Пред тоа треба да ти пресмета некој енергетски загуби на просторот, за да знаеш што да купиш т.е. каква клима ќе те „покрие“.
Пред тоа, ако си финансиски стабилен (ако си не знам што бараш на темата хахаха ама океј) ќе си го изолираш просторот и со тоа ќе допринесиш за твоја поголема комоција.
СИТЕ ови работи беа дискутирани пред да има налети на вообичаеното препукување.
Налети кои не ни требаат на темата.
Налети кои другите членови на форумот (во теми како Драга Кајгана и слични), во обид да испаднат паметни или смешни, ги користат да се ругаат и потсмеваат со вас (нас) заради тоа што споделуваме мерење на потрошувачка, начини на заштеда, споделуваме графици и слики и слични тракатанци.
Во голем дел ја разбирам фрустрацијата на дел од членовите тука.
Во голем дел скоро сите се во право бидејќи секогаш паричката има две страни.
НО и во голем дел знаеме непотребно да западнеме во бескрајни препукувања.
Така,нема да си помогнеме ниту еден на друг. Најмалку ќе му помогнеме на некој кој е нов и треба да се справи со морето на информации, а искуството со климатизација и економично греење му е еднакво на 0 (been there, done that).
Повикувам малку од малку да се потсмирите сите во своите намери да докажете кој е во право.
Ве разбирам, но тоа не води никаде.
Знам дека овој дел од форумот е оставен сам на себе и ретко кога овде застанал мод да контролира што се' се пишува и дали тоа е во ред ОД едноставна причина што понекогаш има премногу мислења кои треба да се бришат и не вреди трудот.
Останува на нас да докажеме дека не сме малициозни и дека можеме подобро.
Секако ако сакаме.

Позз друштво.