Поздрав Стрелчо
Слободно направи ја погорната табелка и за ова видео... што константо се праиш дека не си го видел.
Многу нормално дека нема да мрдне, тој термометар како што можат сите да видат е закачен со шајка на надворешен ѕид без изолација а надвор температурата -10С.
Самиот ѕид е како фрижидер и зрачи ладно навнатре накај собата, не па да го допреш...
Небитно, не би се замарал повеќе со тоа да ти објаснувам додека се правиш на трол.
Еве сега ти земи една Амберка од твоите, затворија ја во 22м2 соба, пуштија на 30С и турбо фан од 800м3/ч.
Термо печка немораш да пушти еве....
И да видиме, дали ќе работи 40+ минути без да исклучи или намали температура.... како што работи MitsuLN35 на моите видеа.
На моите 2 видеа:
Едното 42 мин на надворешна -10С -
https://www.youtube.com/watch?v=o3pC4iT8F4Q
Друго 1саат 4 минути на надворешна -7С -
https://www.youtube.com/watch?v=sUp_CJTzEcU
Mitsubishi LN35VG работи на макс-фан 822m3/h на поставена максимална 31С на греење и троши по 1.85kw просек.
Тоа едноставно не е возможно да се случува само во една соба од 22м2 како во мојот случај што сакаш да малверзираш.
И во тоа бабами Трајанка да ја седнам да чита на форумов нема да ја убедиш.
На мнозинството овде не ни треба многу за да приметиме дека често се праиш на удрен во обиди нешто да изманипулираш!
Мислиш не е свесен, па ние треба да му објасниме како се пресметува COP.
Ама кутриот си вика ќе лаже и ќе улови уште некоја риба на мутно...
Нема на што да се запне сеа се запна на температурата за усис на врвот од собата... кај него била 28 кај мене 30...
Па пиле кај тебе Амберката работи 12 минути и гасиш видео оти скркува паѓа напонот, а кај мене цел саат си буфта на максимум. Сакаш да нема разлика?
А уствари "офф-видео" цела вечер си буфташе Мицу-то!
Види друже спредбите за автомобили можеш на соодветната тема да ги продолжиш.
Ако имаш нешто да кажеш што држи вода, кажи... објасни... а не вака кога не знаете што да кажите одма за автомобилите споредбена прикаска пишувате.
Јас не знам еве како дава 7kw, ама ете вечерта кога беше ладното -7 -10... јас сакав да ја тестирам на максимум оптеретување да видам колку ќе постигне.
Ја отворив и вратат кон ладната спална... и откако го снимив она видеото од 1:04:00 минути на -7 надворешна заприметив дека климава почна дополнително да појачува.
До тогаш тргаше 1.85-1.9kw според WattMeter-от и откако ја отворив вратата кон спалната ја забележав дека качи над 2kw.
Моментот ми е убаво обележан на сликата прикачена малку погоре од Grafana која ја следи потрошувачката од климите.
Според она што сум научил на овој форум, и на другиот на it.mk пресметката иди дека со
2.083w потрошувачка во даден момент
29.8С температура на усис
55.4С температура на издув
55.4 - 29.8 = 25.6С разлика на температура од издув и усис
822m3/h проток на воздух со максимална 5та брзина на уредот
1.2 средна вредност за густина на воздухот
25.6 * 822 * 1.2 / 3600 =
7.0144
КЛИМАТА ИСПОРАЧУВАЛА
7KW ТОПЛИНА ВО ТОЈ ДАДЕН МОМЕНТ
ако тоа го поделиме со моменталнта потрошувачка (2.083w) ќе го добиеме и коефициентот на ефикасност COP
7.0144 / 2.083 =
3.367 COP
Истото може да се види на
9:22 на ова видео
Е сега или овој модел на климава иди со поголема резерва и не е ограничена да ја користи....
Или пак ние тука на форумиве погрешно мериме цело ова време па добиваме вака повисоки бројки?!?
Одлучете се што е... ако решите дека грешно мериме.... дај да се информираме како е правилното па од сега натаму правилно да мериме.
Ај да видиме дали уште ќе ви бидат сондите криви и непрецизни... еве и нив ќе ги споредиме една до друга.
Мислам алооо... не мери сондата 150 степени... 55 мери... што е невозможно тука?
Таа е математиката.... проток на воздух 822m3/h фабрички пропишан, разлика на температура меѓу двете сонди 25.6С
Еве сондите исто кажуваат кога се една до друга. Сеа што? Ако не се една до друга може разлика поголема прават меѓусебе?
Ајде од утре временската прогноза грешна ќе ви биди.... може не било никогаш -7 нити -10.