ај да напишам и јас нешто,
прво ќе кажам околу претходните коментари околу членот
@Govinda под претпоставка за учество во „Јавна соба“,
...иако со Говинда овде на форумов имав лично помалку и повеќе непријатни ситуации и конфронтации, сепак ќе кажам дека дури и во смисла на забава и хумор кажано од некои членови тука, дека можеби тој бил админ на ,,Јавна соба,, не е баш вкусно, членот е долго време на форумов и треба да му го знаете неговиот хумор, отварањето на чакри, медитација и малку повеќе заебанции, но ваква споредба апосолутно Говинда не ја заслужува,
... Говинда членот колку непријатен и несакан, толку обожаван и симпатичен токму поради неговата отвореност и директност, без разлика дали некогаш малку повеќе претерувал, знаел кога да се повлече од женската особа токму на време, а не пак споредба дека имал врска со малолетните девојчиња во „Јавна соба“, тоа ниту на шала не смее да се спомне, затоа што некој може да прочита и токму како кажувате тука по барање на ИТ адресата да „го побараат“ поради вакво пишување тука, па да има непријатности од чиста мира,
... инаку, ова е време на Нет, ајфони и селфие и камери и нормално да има вакви проблеми во пубертетот, доволно е една малолетничка да го стори тоа и како домино сите ќе ја следат, а сето тоа ќе го злоупотребуваат токму тие кои имаат психолошки проблеми и хиперсексуални нагони и фетиши на војаерство, следење, заканување,
... и не само кај малолетничките туку кај сите жени тоа се случува без разлика на годините сакале признале сакале не, како што и мушките добиваат нагон да си ги покажат своите атрибути, тоа е тоа, нема тука што може да се направи се додека постои интернет и социјални мрежи и смарт телефони, не постои особа која не сака внимание, било женска било машка, само тоа некој претерано ја нагласува јавно, а некој ја преќутува, но сепак ја посакува и кај да е ќе се придружи,
... јас не гледам решение на ваква појава, затоа што таков е векот сега, а ниту полицијата не е на терен на секоја улица присутна дење и ноќе да патролира при вакви девијантни појави на напад на малолетнички, па и жени,
... единствено машките се попаметни од жените во тие експлицитни слики и испраќањето, што не си го покажуваат својот лик, туку само експлицитниот дел (половиот орган), додека жените сите експлицитни слики се попратени со својот лик целосно отркивајќи го својот визуелен личен идентитет,
... и околу свиркањето, довикувањето, погледнување и вртење на поглед од мушка страна кон жената, доколку тоа го прават здрави мушки индивидуи (а не со проблем во психолошкиот развој) го гледам како репер дека женската особа се потрудила да се дотера, се потрудила да ја одржи кондицијата, виталноста, елегантноста што го привлекува вниманието на спротивниот пол, а богами и од истиот пол, лично секогаш се загледувам не само во добар дисциплиниран телесно мушкарац, туку и во добра елегантно дотерана жена,
... така да јас барем лично, ако никој не реагира на мене кога идам на пат, тогаш тоа го гледам како нешто негативно, значи нешто не е во ред со мене, а не да ми пречи што некој ќе се сврти или свирне од спротивниот пол!