Далеку од очи-далеку од срце?

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Velat deka dalechinata go pravela svoeto ama za kogo?Imame razlichni primeri,nekoj veruvale vo ljubov bez sakaniot ili sakanata da ti e ovde a nekoj zaminuvanjeto na svojot sakan ili sakana go iskoristuvaat vednash da najdat neshto drugo a preku net ili telefon zvezdi ke im simnuvaat na svoite sakani.Dokolku nekoj vistinski saka togash i toj ke zamine zaedno so svojot partner,ne li go napravi toa poleka taa vrska se rushi i preminuva vo zaborav so nekoe povremeno sekavanje na ubavite momenti koi ste gi doziveale so svojot partner.Let the feelings talk!
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Љубовта е како супа .... ако не ја подгреваш ќе се олади и не е вкусна, па ќе сакаш нова супа :)

Некој успева и во далечина да ја одржи врската ама тоа се многу ретки случаеви

Good luck на сите кои сте во оваа ситуација затоа што верувајте ќе ви треба :smir:
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Врски од далеку тешко се одржуваат ке дојде време кога или едниот или другиот ќе не можат веќе да издржат и ќе почнат да флертуваат со други. Ако е на пократок период 1 месец 2 би можеле да издржат ама ако е на период од 2 до 3 години многу тешко.
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Многу тешко... речиси невозможно! Во малку случаи успева.
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Другарка ми иде со дечкото 2 години, она е во Лондон он тука!
Се гледаат 2 пати во годината, и она сеуште ме убедува дека врската им е сјајна....ке ми биде и мене да го гледам 2 пати годишно, ај да видиме како ке им биде кога ке бидат секој ден заедно?
Ама неа не и се докажуваат некои работи, а ова е мегу нив.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
шо знам мислам дека е можно ако стварно се сакат. имам неколку другари шо имат таква врска на далечина па досега му оди супер (да не ги почудам). се гледат на секој 2-3 месеци па добро му функционира све барем досега. е сеа многу големо влијание има и шо тип на чоек си , ако ти мрда газето лево десно :) нишо џабе е уште на почеток откажи се, ако си верен и ако си го сакаш партнерот вреди да се проба :helou:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Мислам дека ако се сакаат вистински, би издржале. Ако не е сериозно пропаѓа врската обавезно. Пред се, зависи од карактерот на личностите, ако е дроља таа или тој ку*вар, сигурно нема да издржат некој подолг период без мување со друг/а, а уште помалце без секс. Ретки се случаите каде таквата врска успева...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Брачед ми два месеци од ко ја започна врската со сегашнава сопруга,замина Америка.Беше таму една година,се врати овде 2 месеци,замина пак Америка,после 6 месеци замина и таа,се вратија и се зедоја. Од 2 години шо беа вкупно во врска пред да се венчет,3-4 месеци само се гледаа.Ама се сакет многу и не им пречеше то шо се илјада километри оддалечени и шо се гледет 2 пати годишно. Ако стварно ја сакаш личноста,нема да ја изневериш.На крај краева,ако личноста е таква што не може да издржи во врска,и секој ден да се заедно,пак ќе изневери.Се е до личноста....
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
946
Поени од реакции
21
Ако се сакаат стварно можат да издржат..Ама ако е фалс љубов-ништо..И секако зависи од карактерите :smir:
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Далеку од очите-Далеку од срцето... - јас тврдам дека нема поголема невистина.Кога сме далеку од саканиот,секој случаен минувач не потсеќа на него.:smir:
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Далеку од очите-Далеку од срцето... - јас тврдам дека нема поголема невистина.Кога сме далеку од саканиот,секој случаен минувач не потсеќа на него.:smir:
то е 100% точно...барем мене и мене ми е така...секој пар шо ке помини одма ми текнува на неа..сакам да е тука..ама ја нема...ке се погледнам во моб..пак умот на неа.. и уште еден куп други работи....едноставно ако сакаш некој шо има врска дали е далеку или не...сепак во срцето е...:toe:
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
то е 100% точно...барем мене и мене ми е така...секој пар шо ке помини одма ми текнува на неа..сакам да е тука..ама ја нема...ке се погледнам во моб..пак умот на неа.. и уште еден куп други работи....едноставно ако сакаш некој шо има врска дали е далеку или не...сепак во срцето е...:toe:
Колку време би издржал со тоа чувство? Еве, ако знаеш дека нема да јс видиш година, па и две? Како ќе бидеш сигурен дека на неа и се случува истото кога не можеш да ја видиш и нема кој да ти потврди што таа нависитина прави?
 

cinderella_

In love with you...
Член од
27 јануари 2007
Мислења
852
Поени од реакции
5
dokolku stvarno se sakaat bi mozelo da se izdrzi,iako ja iskreno ne bi mozela taka:toe:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Знам двајца кои се во врска на ептееееееееен огромна далечина - Македонија - Америка...

Се фатија лани летото, па момичево ојде Америка, па мсн, телефон итн,итн па летово пак та дојде па 2 месеци беа заедно па сеа пак та е Америка, тој Македонија...

Колку шо знам верни си се и живеат за тие 2 месеци на лето...
Не сум сигурен дали не се изневеруваат но мислам дека е така...

Тешко им е, ама издржуваат...

Иако ептен е тешко вакво нешто... јас искрено не би можел... еве летово на пример требеше да се фатиме со едно моме од Охрид, ама знаев дека ќе доаѓам Скопје на фах па поради тоа не се фативме... ептен глупо ќе беше така...:toe:
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Jas sepak mislam deka e vistina toa daleku od oci daleku od srce. So tek na vreme se zaborava.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom