Поупатените и постари членови на темата ќе кажат и тие знаат подобро од мене, но колку што јас сум информиран сега не постои дополнително туку вака веднаш паѓаат.
Документите (сите) треба да се достават еднаш на интервју и мислам дека тоа е тоа. Тоа се смени мислам дека пред скоро година дена, а сите кои порано или во тоа време започнаа процедура требаше да достават документи во правосудие уште еднаш - тоа е она што го имаш пропуштено тука да го прочиташ на форум, а кое во секој случај требаше да го знае посредникот ако добро ги прати ситуациите во БГ. Очигледно немаш добро информиран посредник.
Да не ја тагирам, жената премногу даде на темата, сигурно има потреба од слободно време да го користи на друг начин и се надевам веќе е во ЕУ но барај постари постови од Пале Крстич тука на оваа тема и на таа старата и ќе најдеш инфо за твојот проблем (во случај да имам грешно разбрано, за што ако е така унапред ти се извинувам).
Гледај напред. Тоа што беше, беше и помина. Најди добар посредник за процедурата која ви следи со сопругата. Ако сакаш поднеси пак документи за 3 години ќе имаш пасош во рака, ако не сакаш ќе мора да одиш во странство со сопругата но нема да смееш да работиш туку да ги користиш тие 90 дена. Потоа, врз основа на нејзниот пасош ќе смееш да бараш престој во одредена ЕУ земја и така со македонскиот да завршиш работа.
Информирај се точно за регулативата околу ова во земјата во која имате намера да престојувате. Спремајте се со време.
Ти посакувам среќа другар.