- Член од
- 7 февруари 2019
- Мислења
- 28
- Поени од реакции
- 10
Почитувани. Се работи за имотоправна постапка, расправа за оставнина. Нотарот ме натера да одстапам и да го повлечам барањето доставено до судот со образложение дека било доставено погрешно. Во канцеларијата со мене се однесуваа не коректно, со висок тон и нетрпение. Кога отидов во судот повторно да поднесам барање за оставнинска расправа и побарав друг нотар да ја води постапката, ми рекоа дека неможело така. Можеле само да ја активираат старата постапка со истиот нотар. Ниту во судот не можеа да разберат што е грешката со првата постапка. Може ли некој да ме упати како да постапам? Има ли некоја регулатива или барање да доставам до некој орган, да отвотам постапка со друг нотар?