Дали би стапиле во брак со партнер кој има вонбрачно дете?

Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Секоја чест за храброста, љубовта, не го може секој тоа.

Инаку, мислам дека малата лесно веќе ќе го соџвака тоа. На 4 години веќе се обидуваат да го испроцесуираат, и до некаде им успева, но не целосно. На 8 години мислам дека не би требало да има забуни. Многу зависи колку ја гледал тато овие 4 години и каков однос имаат( не се сомневам дека им е најдобар). Најлоши години за развод ти се овие, кога детето сеуште се формира психички. Мора упорно да му се раскажува и објаснува, доколку прашува, баш како со возразен човек, барем јас така разговарам, со сите факти, кои мора да бидат неутрални. Мора да се внимава дека на детето и мама и тато му се подеднакво важни, но многу е битно и другата страна да е ок и кооперативна, а не некоја вртимушка, која несвесно ќе праи штета на своето дете сакајќи да те повреди со некоја глупа ефтина малодушна и малоумна манипулација. Мора детето да има до знаење дека е сакано, и крај. Штетата не може да се избегне несомнено, но може да се ублажи, и мора. Мојата имаше 2 стреса, првиот беше разводот, кога одеднаш тате престана да биде дел од нејзиното секојдневие, второто беше кога се преселив, и нејзиниот стан веќе го немаше ( станот кај што живееше до 3 ипол години, така си го викаше, станот, и уште ме прашува и бара да одиме во станот). Но гледам дека лека полека прифаќа, и јасно и е отприлика како стојат работите, секако, соодветно на нејзината возраст и можност да ја разбере ситуацијата.

Искрено ви посакувам убави работи и успеси, тежок е патот ваш, но ако има љубов има све.
Живееме заедно веќе 3 месеци, мајка и заради доедукација мораше да замине а со бабата имаат проблем, па си ја земавме кај нас. Сега веќе сме во куќа и чекаме бебиња да ни се родат и супер комуникација имаме. Некаде пред Нова година имавме мала криза, долго ја немаше слушнато мајка си и мислеше дека е напуштена, ама се среди со разговор. Ние одиме 1 месечно кај детски психолог на разговор, уште од пред да живее со нас се консултиравме и искрено вложуваме многу во нашиот однос. За Нова година бидејќи ситуацијата беше каква што беше мајка и дојде изненадно а ние бевме веќе со планови и спакувани што се вика, па ја викнавме мајка и нејзиното семејство со нас и беше малку чудно, ама имавме навистина убава вечер. Не можеш да не дадеш ништо а да сакаш се, ние имаме уште 3 ипол години заедно да живееме (мада кога ќе се вратат тие можеби ќе сака да остане пак со нас девојчето) и не планирам да стварам тврдини од мојот живот и да ја одбивам малата. Сопругот во ниеден момент не нема поделено, јас учествувам во нивниот живот од сам почеток, а таа во нашиот. Искрено страв ми е како ќе биде со бебињата, сепак ќе бидат 3, да не се почувствува сама, ама мислам дека псхилогот ќе и објасни убаво кога ќе дојде редот и дека ќе успееме да ја исхендламе ситуацијата.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Крава, теле, кокошка, пет'л како да сам улегнал на фарму, а не у овуј тему. Или у кокошарник кој знае. :confused:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Никој по дефиниција не сака врска која во самиот почеток има „некаков товар“ колку и да звучи грубо нарочито ако деца се во прашање. Ама... Ако веќе наоѓаш некој што ти одговара и имаш убави чувства, детето лесно може да се надмине како пречка.
И тоа дете секогаш може да ве направи подобра и поплеменита особа. Со дете во близина прво што се губи е себичноста.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934

И нервите, слободното време, спиењето, пријателите, парите, сексот, смиреноста итн
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.923

Ние сме конзервативно општество, и повеќето не би сакале туѓ товар да преземаат ( намерно го пишувам товар, бидејќи грдо звучи, и сите така се изјаснуваат). Но, тој што има дете/деца, знае што е тоа, и колку љубов има во едно дете, која е единствена чиста, искрена, неискварена. Јас годинаипол живеев со тоа што сам се осудив дека веќе имам расчистено со жените - во смисла на било што сериозно, но веројатно толку време и требаше за да се залечат работите и да се прифатат. Во љубовта нема планирање, толку бев сигурен во тој мој став, ама како и секогаш, животот секогаш те искушува за нешто во кое си најсигурен и го повтараш милион пати. Крај краева, зар животот завршил поради една пропадната љубов,само официјализирана на хартија, и зар едно дете, кое е нешто најпрекрасно во животот што може да се случи, зар тие две работи треба да те осудат и да не бараш повеќе љубов?
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Ние сме конзервативно општество, и повеќето не би сакале туѓ товар да преземаат ( намерно го пишувам товар, бидејќи грдо звучи, и сите така се изјаснуваат). Но, тој што има дете/деца, знае што е тоа, и колку љубов има во едно дете, која е единствена чиста, искрена, неискварена. Јас годинаипол живеев со тоа што сам се осудив дека веќе имам расчистено со жените - во смисла на било што сериозно, но веројатно толку време и требаше за да се залечат работите и да се прифатат. Во љубовта нема планирање, толку бев сигурен во тој мој став, ама како и секогаш, животот секогаш те искушува за нешто во кое си најсигурен и го повтараш милион пати. Крај краева, зар животот завршил поради една пропадната љубов,само официјалнизирана на хартија, и зар едно дете, кое е нешто најпрекрасно во животот што може да се случи, зар тие две работи треба да те осудат и да не бараш повеќе љубов?
Ма како да не, животот е прекрасен и поради еден неуспех не завршува. Порасната сум сама па верувам во љубовта и семејството слепо. И покрај пропаднат брак после долга врска јас верувам дека сега сопругот ми е се на светот и дека сме среќни заедно со неговата прекрасна ќерка. Она е ангел, недолжна, зошто да страда. Нит мојот нит неговиот живот не се завршени поради неуспешен брак, имаме нова шанса да створиме семејство.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.923
Ма како да не, животот е прекрасен и поради еден неуспех не завршува. Порасната сум сама па верувам во љубовта и семејството слепо. И покрај пропаднат брак после долга врска јас верувам дека сега сопругот ми е се на светот и дека сме среќни заедно со неговата прекрасна ќерка. Она е ангел, недолжна, зошто да страда. Нит мојот нит неговиот живот не се завршени поради неуспешен брак, имаме нова шанса да створиме семејство.
Да, ама да имаше темава гласање, јас сум сигурен дека повеќе од две третини би се изјасниле дека се против таков брак, и дека не би стапиле во брак со личност која е разведена и има деца од бракот. Имам некој впечаток, дека тој став е доминантно присутен повеќе кај машките, отколку кај жените, зашто жените имаат повеќе смисла и разбирање за емоциите и љубовта.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И нервите, слободното време, спиењето, пријателите, парите, сексот, смиреноста итн
Ние што имаме деца немаме нерви, слободно време, пријатели, пари, секс, смиреност само вие што сте сами имате.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.680
... каде се тие бракови кои се случиле токму поради тоа невино „вонбрачно“ дете, само колку ги има такви запознавање и создавање на врска меѓу возрасните токму како заслуга од тоа „вонбрачно дете“ на едниот партнер, ама некако никој не сака тоа да го признае дека се случило, секогаш за нив љубовта се случила со директно запознавање на возрасните, а причината првенствена била токму тоа дете што од обично познавање на двата партнера и дружба се претворила во љубов и брак!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ма како да не, животот е прекрасен и поради еден неуспех не завршува. Порасната сум сама па верувам во љубовта и семејството слепо. И покрај пропаднат брак после долга врска јас верувам дека сега сопругот ми е се на светот и дека сме среќни заедно со неговата прекрасна ќерка. Она е ангел, недолжна, зошто да страда. Нит мојот нит неговиот живот не се завршени поради неуспешен брак, имаме нова шанса да створиме семејство.
Само што сите не размислуваат вака. Баш ми е мило што сте среќни.

Знам мајка кој се омажи за друг и детето го напушти, зошто новиот маж од старт не го прифати.
Двете живеат на оддалеченост од 300 метри и не сака да го види, а детето ја бара и дома пред врата и има отидено.

Тој новиот маж така да го кажам ако сака жена без дете ене му еден куп, а не да уништува нечиј живот.
 
C

CoolIris

Гостин
Да пишував порано на темава, ќе кажев цврсто и категорично НЕ. Но, од денешна перспектива полиберте гледам на нештата. Звучи клише, ама не секогаш нештата се одвиваат како што сме си замислиле. Само треба да прифатиме дека сите овие работи се составен дел од животот. Секој човек зад себе може да има неуспешна врска, неуспешен брак, дете...и тоа не го дефинира како лош партнер. Сите носиме нешто со себе, сите имаме свој "багаж".

Маж со вонбрачно дете не е мој идеален избор, ама водејќи се според паролата "никогаш не вели никогаш", ако некогаш се случи да се вљубам во таков човек, би го прифатила таквиот живот под услов да бидам сигурна дека е добар човек, добар татко и е свесен дека крајот на неуспешната врска/брак, не е крај на неговото бивање родител.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom