Правење сопствено пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
значи сигурно проверено кај нас нема ништо од потребните состојки?
тие работи не се одгледуваат или прават кај нас?

да не се ни обидуваме тогаш да правиме сами пиво
Нема продавница за beercraft oвде, на жалост.

Инаку кога се има желба и воља, се е можно. Хмељ лесно се сади, и еден или неколку корени се повеќе од доволно за цела година (зависи од користењето). Слад е можно да се направи од јачмен, но бара голема мајсторија. Посебно за тие „специјалните“ сладови што се додаваат на основниот слад (од јачмен), за добивање на посебни вкусови. На пример за темни пива требаат солидно испечени (ама не и изгорени) зрна слад. Има кристален слад. Има слад од жито (веисбиер), слад од пченка (за пиво од кое се дестилира бурбон виски). Има стотици врсти на слад... Различни рецепти, сите бараат основен слад и неколку специјални видови слад.

Овде на времето Скопска Пивара правела свој слад. Во времето пред Свето да ја купи (и да го усере Скопско во оваа потпросечна бљувотина, која дури и сеуште е од подобрите овде)... Зборуваме за пред транзицијата. Дамнешна историја, на жалост. :(
 
Сега засега ке почекам домашните ке одат за србија па ке видам ако можат они да ми најдат таму, ке постувам ако успеам да направам и набавам нешто.
 
Не знам само дали разбираш дека ти требаат цели вреќи слад за редовно да си правиш пиво... :)
Освен ако не сакаш само еднаш за кеиф да се обидеш да направиш.
 
најдов рецепт на интернет за 5 литра за проба, иначе состојки може да се порача од www.mojepivo.com исто така и секаква опрема за homebrewing позз.
 
Знае некој каде во Скопје или Македонија има да се купи професионална точилица за пиво како оние од пиво фест?
 
Почитувани членови и љубители на домашно пиво.
Сакам да ве известам дека во Скопје веќе може да се снабдите со потребните состојки за правење на домашно пиво. Оние кои веќе ја поседуваат потребната опрема. Моментално продавницата ги има само сојстојките(слад, хмељ и квасец) за правење на пиво, а наскоро ќе ја има и потребната опрема(канти за ферментација, сифони за преточување, врењачи, вреќи за слад, хидрометри, перачи за флаши, млинови за слад и друга неопходна орпема).

Локацијата на продавницата е во населба Аеродром, на бул.АСНОМ бр.74 локал 5. Телефони за контакт: 078/254-349(Иван) и 075/221-947(Предраг)
Работно време е пон-пет од 09-16 часот.

Поздрав!
 
Нема продавница за beercraft oвде, на жалост.

Инаку кога се има желба и воља, се е можно. Хмељ лесно се сади, и еден или неколку корени се повеќе од доволно за цела година (зависи од користењето). Слад е можно да се направи од јачмен, но бара голема мајсторија. Посебно за тие „специјалните“ сладови што се додаваат на основниот слад (од јачмен), за добивање на посебни вкусови. На пример за темни пива требаат солидно испечени (ама не и изгорени) зрна слад. Има кристален слад. Има слад од жито (веисбиер), слад од пченка (за пиво од кое се дестилира бурбон виски). Има стотици врсти на слад... Различни рецепти, сите бараат основен слад и неколку специјални видови слад.

Овде на времето Скопска Пивара правела свој слад. Во времето пред Свето да ја купи (и да го усере Скопско во оваа потпросечна бљувотина, која дури и сеуште е од подобрите овде)... Зборуваме за пред транзицијата. Дамнешна историја, на жалост. :(

За среќа веќе постои продавница каде што може да ги набавите потребните состојки за да си направите пиво! Поздрав
 
Да се пофалам со новото хоби.

Првенче :jeeee: :pijani:
IMG_20210110_223907.jpgIMG_20210110_224621.jpg

9 литри barley wine. Темно, киселесто вискоалкохолно пиво со вкус на карамела.
Купив целосен комплетен кит со одбран јачмен, хмељ и квасец.
Јачменот требаше да го измелам, сварам и исфилтрирам.
Ова е сликано по 10 дена првична ферментација (колку што е по рецепт), за жал не ја постигнав посакуваната густина па ќе го оставам уште 3-4 дена.
Мислам дека го заебав првите два дена од ферментацијата кога малце ја зголемив собната температура од 22 на 25 степени па квасецот наеднаш збувна за потоа да намали интензитет.
Требаше да има околу 9% алкохол на крај, ама по се изгледа дека ако остани вака ќе има околу 6~7%
Фак ит, да го завршам ова и се пробувам на ИПА.

Некој на форумов друг да си прај пиво?
 
Да се пофалам со новото хоби.

Првенче :jeeee: :pijani:
Прегледај го приврзокот 280640Прегледај го приврзокот 280639

9 литри barley wine. Темно, киселесто вискоалкохолно пиво со вкус на карамела.
Купив целосен комплетен кит со одбран јачмен, хмељ и квасец.
Јачменот требаше да го измелам, сварам и исфилтрирам.
Ова е сликано по 10 дена првична ферментација (колку што е по рецепт), за жал не ја постигнав посакуваната густина па ќе го оставам уште 3-4 дена.
Мислам дека го заебав првите два дена од ферментацијата кога малце ја зголемив собната температура од 22 на 25 степени па квасецот наеднаш збувна за потоа да намали интензитет.
Требаше да има околу 9% алкохол на крај, ама по се изгледа дека ако остани вака ќе има околу 6~7%
Фак ит, да го завршам ова и се пробувам на ИПА.

Некој на форумов друг да си прај пиво?

Наздравје! Еве го моето, ферментира, темен stout (~6% алкохол):

IMG_20191130_152304.jpg
 
Наздравје! Еве го моето, ферментира, темен stout (~6% алкохол):

Прегледај го приврзокот 280662
Фала и на тебе. Ме бендисува дисплејчето, внатре е сензорот во пивото или однадвор?
Ќе го флашираш или во буренце?
Јас иам само од оние шишињата со тапа што виси, па во нив планирам да ставам, иако се премислувам за малите буренца од по 5-6 литри има многу добра и евтина апаратура за нив.
 
Имам флаширано и во тие кеговите од 5 литра и во шишиња и би ти препорачал во шише да правиш. Во кегови 2 пати ставав по 5 литра и 2 пати не ми се газираше пивото. Буквално истата тура ја точам во шишиња и во кег, иста количина на шеќер ставам (пропорционално) и после месец дена шишињата одлични, кегот благо, 0 газираност. Уште не открив искрено во што е проблемот, претпоставувам дека кегот од некаде испушта притисок, иако се затвора со цврста гумица.

Тие шишињата со тапи што висат се одлични. Јас на почеток купив 2 најлони нови шишиња од по 0.33л (140 шишиња), со класична тапа, после почнав да собирам кај и да одам такви со тапи што висат. Едниот најлон со 70 шишиња ми стои неотпакуван, ако сакаш ќе ти го шитнам :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Дај кога ќе ти биде готово да размениме по едно шише пиво и искуство :pijani:
 
А баш се надевав на кегчиња, имам 2 мали од 5 литри без апаратура, па се токмев да си порачам од оние апаратите за точење со капсули со јаглерод. Иначе иам и шишиња од тие со висечки тапи барем за 25 литри.
Го претурив темново во шишиња од 0.5 + стаив 7г/литар за втората ферментација и го очекувам негде за 8-10 недели да биде готово, пошо овие црниве им треба време да си создреат.

Исто време и напрајв 13 литри ИПА пак исто со целосен рецепт и одма од почеток имав гравитација под таа на рецептот, па му достаив шеќер малце, дефинитивно одма ја подобри гравитацијата ама незнам колку ќе влијае врз вкусот пошто ова е обичен домашен шеќер.
Се сомневам во тоа да не него цедам јачменот доволно после варењето. Имаш некоја финта за ова пошто гледав на јутуб некои го преваруваат јачменот по втор пат па го додаваат вортот.
Имаш некое искуство со поправање на гравитација ако не е како по рецептот?

Иначе за сретнување добредојден си во Хаг, Холандија. Кај си ти?
 
Пробај да го вариш во помалку вода, па да додаваш вода по потреба ако гравитацијата ти е поголема од рецептот.

Инаку, Скопје, не бива средба тогаш :)
 
Здраво. Гледам низ интернетов слабо може да се најдат состојки во Македонија. Да дадете совет од каде може да се најдат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom