- Член од
- 15 април 2019
- Мислења
- 234
- Поени од реакции
- 812
Би рекла пошто секако создаваме мисловни форми без разлика дали сме свесни за тоа или не, да го правиме тоа свесно и да обрнуваме повеќе внимание на тоа кои мисловни форми влијаат на нас, како и да ги менуваме оние кои се присутни кои не кореспондираат со нашето највишо добро. Мислам дека да ги гледаме како свои битија е солиден начин за концептуализирање на нашите мисли/верувања и интеракција со нив, ги носиме на ниво на антропоморфизација (или и зооморфизација, зошто да не) што ја олеснува интеракцијата со нив и разбирањето за нив, воедно и може да ни помогне да ја зголемиме свесноста за тоа на какви колективни влијанија сме подложени и ние и другите околу нас.Која е практичната примена на сето ова, дали се работи за создавање на нетелесно битие кое сега има своја егзистенција? И што со него и оно со себе?
Благодарам, добар муабет, исто и на тебе секое доброХаха Ти благодарам,во секој случај сакам да продискутирам со интелектуални особи,истражувачи на окултното.
Па никогаш не постои совршенство,секоја теорија може да се побие(имало и научници што си ги побивале сопствените теории).
Колку и да не се познавам со ликовите на форумов,секогаш обожавам добри дискусии на академско ниво
Сѐ најдобро.
А нема поубаво чувство од тоа да си ги побиеш сопствените теории ^_^ ослободувачки е пошто учиш нешто ново, особено во моментите кога ти се рушат, барем делумно, веќе постоечките постулати за реалноста. Не знам каде гледав/читав, одамна беше, се потсетувам како некои будистички школи меѓусебно дебатираат и оној кој според наши стандарди „победува“ е всушност оној кој ја губи дебатата, бидејќи не научил ништо ново (сега не дека баш ништо нема да научиш у дебата ако ја добиеш на аргументациско ниво, but u get my point..).