Сонови, толкување на сонови

Член од
7 април 2013
Мислења
183
Поени од реакции
325
Соновите во последно време ми се крш. Не знам кое е значењето, но често сонувам како умирам и плачам. Еднаш се удавив во некое езеро, друг пат скокнав пред воз. Најверојатно е некоја трансформација што треба да се случи. Додуше прочитав за плавушата со црвениот кармин, ќе престанам да користам кармин.
 
Член од
17 август 2020
Мислења
2.231
Поени од реакции
1.612
Абе јас ептен немам среќа, таман ќе сонувам нешто убаво и ќе се разбудам одма.;)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.077
Поени од реакции
15.893
Има ли некакво значење што секој, буквално секој сон, било што и каде и да се случува дејството, тоа е ноќно време? Вака е една година.

Синоќа имав убав сон. Се наоѓав во некој друг свет, кој не го сонувам прв пат односно често го сонувам, секогаш е темница таму, боите на градбите се секогаш психоделични но преовладува смарагдна, водата, ако е тоа вода а може и да е нешто радиоактивно, е секогаш дреч зелена и секогаш пазам да не згазам таму. Синоќа се наоѓав меѓу високи градби, имаше и пирамиди, и се искачував по едната, се качив на врв. Во сонот имав друштво од една особа, со која сум расчистил во животот, ми помагаше, и беше со мене на врвот. Валда на некое потсвесно ниво го решавам конфликтот со таа особа, и се ослободувам од теретот на аверзија која ја чувствувам.

Освен тој свет, често сонувам и една палата - смарагдна боја, пак нормално се е темно таму, на многу спратови е, и во средината на секој спрат има коцка, така што од било кој спрат можеш да гледаш нагоре или надоле. Значи сите сонови ми се или во таа палата, или во тој светот со пирамиди и други високи градби.

@thehighpriestess , ако сакаш, фала ти.
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Има ли некакво значење што секој, буквално секој сон, било што и каде и да се случува дејството, тоа е ноќно време? Вака е една година.
Да, клучен е и моментот дека специфично си приметил дека е ноќно време (јас на пример ретко сум обрнала внимание дали сон се случува нешто денски или навечер бидејќи за мене немало некое значење). Треба да видиш што точно ти симболизира тебе, какви асоцијации ти буди, како ја доживуваш дихотомијата ден/ноќ итн. Како неколку архетипни насоки, ноќта кореспондира со било што што е неосознаено, мистериозно, потсвесно, често емоционално, смрт, студенило, одраз (како Месечината), мирување и слично. Воедно, ноќта кореспондира и со женската вулва (дихотомија: машки полови органи се јасно видливи, како ден, женските полови органи се, условно кажано, обвиени со темнина).

Синоќа имав убав сон. Се наоѓав во некој друг свет, кој не го сонувам прв пат односно често го сонувам, секогаш е темница таму, боите на градбите се секогаш психоделични но преовладува смарагдна, водата, ако е тоа вода а може и да е нешто радиоактивно, е секогаш дреч зелена и секогаш пазам да не згазам таму. Синоќа се наоѓав меѓу високи градби, имаше и пирамиди, и се искачував по едната, се качив на врв. Во сонот имав друштво од една особа, со која сум расчистил во животот, ми помагаше, и беше со мене на врвот. Валда на некое потсвесно ниво го решавам конфликтот со таа особа, и се ослободувам од теретот на аверзија која ја чувствувам.
Смарагдната боја генерално е асоцирана со смиреност, но тебе може да ти има поинакво значење, или пак да доживуваш некаква дихотомија, амбивалентност во однос на бојата, односно она што го симболизира (објаснето е со текот на текстот). Колку што читам, ја има во 2 тона - на градбите е смарагдна, а водата е дреч зелена. Водата има неколку слични конотации и со ноќта, како што се емоции, потсвест, интуиција и општа феминина енергија. Повторно имаме поистоветување со вулвата (дихотомија: оган - фалус, продира, проектира; вода - вулва, прима, рецептира, како што водата ја „прима“ светлината и ја одразува).

Високите градби, повторно, имаат фалусна конотација. Воедно тоа кореспондира со свеста, свесноста за нешто. Пирамидата ако ја сведеме на 2D, е триаголник (повторно фалусен знак, знак на свест, симболот за оган - триаголник свртен нагоре).

Тоа се горе долу засебните елементи. Е веќе кога таа особа влегува во миксот, јас да би го имала сонот вака би си го интерпретирала: Мојот ум се труди да ја донесе оваа личност во мојата свесност. Имам емоции за неа, но бегам од нив. Се плашам да се соочам со нив бидејќи се чувствувам дека се радиоактивни, односно токсични. Имам потреба да избегам од емоциите што ги имам, од целиот оној несвесен материјал кој го загадува мојот емоционален живот. Им имам ставено негативна конотација на чувствата кои ги имам кон оваа личност. Со искачувањето на пирамидата, мојот ум ја носи оваа личност во мојата свесност. Ме насочува да ја најдам причината зошто водата е радиоактивна. Односот со оваа личност е премногу сведен на рационализирање и она за кое сме свесни, додека емоциите си остануваат тука и, колку пирамиди и да искачиме заедно, водата нема да се прочисти.

Освен тој свет, често сонувам и една палата - смарагдна боја, пак нормално се е темно таму, на многу спратови е, и во средината на секој спрат има коцка, така што од било кој спрат можеш да гледаш нагоре или надоле. Значи сите сонови ми се или во таа палата, или во тој светот со пирамиди и други високи градби.
Да се надополнам дека зелената боја исто така го симболизира елементот на земја, со тоа има силна поврзаност со мајката (земјата - раѓа; мајката - раѓа). Со оглед на тоа дека куќата, во случајов палата, исто така има силна поврзаност со жената, со симболичко влегување во неа преку вратата. На некој начин, влегувањето во таа палата ми симболизира влегување во мајката, во комфортот на утробата каде што нештата се материјализираат (коцката/квадратот/ромбот е од древните времиња симбол на вулва, материјалното, материјализацијата, матер односно мајка, која култивира во својата утроба нешто што е материјално, кое излегува преку вулвата). На крај може да се сведе на несвесното или емоционалниот живот како психички фактор - машко/женските симболи односно симболите за свесно/несвесно и сите останати кореспонденции кои ги имаат, изгледаат особено значајни од ова што го опиша.

Ова со спратовиве е интересно и ме потсетува на mind palace. Различни аспекти од тебе, различни емоции... не знам што се крие на поединечните спратови, тоа што се се гледа од еден до друг спрат може да симболизира дека со една информација, можеш да ги имаш и другите информации, ми дава до знаење дека кога ќе влезеш во простор каде се чувствуваш на одреден начин, веројатно безбедно (како утробата на мајката, нашиот прв дом), ќе имаш уште појасен увид во тоа што се крие на секој спрат, кои емоции, мисли, шеми доведуваат едно до друго.

Види си, врати се свесно во тој или друг сон и живеј го одново, лоцирај ги мислите кои ти прелетуваат, кои сензации ги добиваш во телото, кои емоции ги чувствуваш. Влези во активна, свесна интеракција со сонот (active imagination). Толкувањето на соништа зависи многу од индивидуалните искуства и симболи, така да ете тоа се некои архетипни симболизации кои се појавуваат кај повеќето од нас луѓето уште од почетоците на времето.
 
Член од
12 април 2018
Мислења
29
Поени од реакции
27
Ја сонувам често баба ми покојна и секогаш се плашам овој пат не ми беше страв и тоа како стоиме у собата на чичко ми како порано шо му беше дневна и удира у таванот она и почнаа да паѓат златници огромни ама не ми даде, кажа стој настрана.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Ми текна на нешто што стално го сањав како мал. Имав доста сонувано како ќе се улетам, затрчам и полетувам. Само пола метро од земја се кревам. Нешто како лебдење, но можам да се движам низ воздухот ептен брзо.
Што би значело тоа? Ме копка сега вака кога ми текнува на тие сонови.
 
Член од
17 ноември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo, sonuvav pred nekoj den bebesko krevetce i na nego stoese tasna crvena. Sto mozi da znaci?
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Не верувам дека соновите имаат значење што може да влијае на реалноста но доста страшно сонувам не знам од каде толку мрачна фантазија имам у потсвест последно што сонував чекав на семафори ноќно време, непознато место и поминува мотоциклист прави собраќајка и му летна главата баш падна пред мои нозе, толку реално изгледаше буквално трауми ми остави, некогаш се случува и убаво да сонувам али почесто кошмари.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Се разбудив со дигнат qr, цело сабајле секс ми се врти у глава и ми исчуре мислам, се мислам со ладна вода да го олабавам Џони малку......и конечно ми текна...
Ночас сам сањао како куров ми е до брада :pos:
Што ли значење има се прашувам.
 

brnjomkd

cobragt
Член од
23 ноември 2017
Мислења
222
Поени од реакции
93
сонував мртва жена ја вадеа од погребална кај баба ми во двор па почна да испушта крици и као еј оваа мрда бе почна да и тече крв низ уста низ нос почна да смрди и се разбудив :oops::oops::oops:
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
0
sonuvav kako kukjata nesto sme ja popravale od nadvor i se pojavila dupka kaj pragot kaj taa dupka imalo isto visocina kolku nasata kukja uste edna dole pa uste edna dole dupka i taka vo nedogled sme sfatile deka kukjata e nad dupka j ako napravime nesto pogresno ke padneme site i sme resile da ja prodavame kukjava ama sme vlegle vnatre u kukjata i od nadvor nesto me otrulo i ke sum umrela ama sum se spasila
 

Mystical

Profoundly Mistical
Член од
26 ноември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
52
Sonovite se produkcija na nasata potvest. Tie ne govorat za nadvorenosta, tuku govorat za samite nas.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
0
Сонував како во мојата куќа доаѓала вештерка за мене јас сум ја бркала и кога ќе сум и рекла вештерко како црна сенка на глава и се појавувала полудувала и не сум можела збор да кажам кога и да сум спомннела на некој од дома дека има вештерка и ни прави магии таа се појавувала
 

Kajgana Shop

На врв Bottom